fbpx
Таг: учество

таг: учество

Ковачевски ja повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во техничката влада

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во техничката влада, која треба да профункционира од 28 јануари 2024 година. Тој ја потсети опозициската партија дека учеството во техничката влада е законска обврска согласно Законот за влада и Изборниот законик и предупреди дека неучеството на опозицијата во техничката влада може да фрли дамка врз изборниот процес. „Од партијата ВМРО-ДПМНЕ треба...

МРТ одлучи „во најдобар интерес на граѓаните“ следната година да не учествува на Евровизија

Македонската радио телевизија (МРТ) денеска соопшти дека идната година нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Обединетото Кралство. Како главни причини за ваквата одлука ги наведе енергетската криза и финансиите. „Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на...

Уметници од земјава со театарски проект ќе се претстават на фестивал во Италија

На театарскиот фестивал „Квартиере дел арте“ во Витербо (Италија) денеска премиерно ќе биде прикажан првиот дел од серијата кратки перформанси во рамките на театарскиот колаж „Амор Вичит“ работен според две микродрами на италијанските автори Фабио Марсон и Рикардо Табилио, информираат од „Перипетија Продукција“. Проектот го обработува животот и делото на италијанскиот барокен сликар Чеко дел Караваџо кој се смета за...

Северна Македонија ќе биде дел од „Евровизија“ и догодина

Северна Македонија е помеѓу 41 земји учеснички кои ќе бидат дел од музичката манифестација „Евросонг 2022“. Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја објави листата на земји кои ќе имаат свои претставници на најголемиот европски музички натпревар што догодина ќе се одржи во Италија. За домаќин на 66. издание на изборот за песна на Евровизија е избран градот Торино. Италија го доби правото...

Средношколци и студенти ќе бидат дел од жирито на детскиот фестивал „Џифони“ во Италија“

Петнаесет македонски средношколци и студенти од вчера па во наредните девет денови ќе бидат дел од меѓународното жири на најголемиот филмски фестивал за деца на светот – „Џифони“ кој се одржува во Италија. Под мотото „Восклик на радоста“, оваа година фестивалот „Џифони“ постепено се враќа во киносалите. Така, на 3.000 учесници во живо ќе им се придружат уште 2.000 учесници...

Македонскиот стрип на балканска смотра во Лесковац, од 25 до 27 јуни

Од 25 до 27 јуни во Лесковац, соседна Србија, ќе се организира традиционалната 23. Балканска смотра на млади стрип автори, една од најреномираните и највлијателни вакви манифестации на Балканот и пошироко. Годинава оваа смотра се одвива во склоп на проектот КАН (Comic alliance Networking) For Balkans - финансиран од страна на програмата Креативна Европа-подпрограма за култура на ЕУ. Носител на...

Премиерот Заев ќе учествува на Самит на Западен Балкан во Виена

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Виена, информираат од Влада, Премиерот Заев, придружуван и од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе има и билатерална средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој е иницијатор и домаќин на Самитот.

Во Виена има 28 соларни електрани во сопственост на граѓаните кои со ваучери учествуваат во финасирање

Во март годинава во виенскиот регион Донауштад во работа е пуштена најголемата соларна електрана во Австрија. Постројката има моќност од 11,45 мегавати и се протега на површина од 12,5 хектари, приближно колку 15 фудбалски игралишта. Годишно ќе произведува над 12 гигавати електрична енергија, а повеќе од 25.000 соларни панели ќе придонесат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во...

Северна Македонија денеска за првпат ќе учествува на Самитот на НАТО како полноправна членка

Денеска во Брисел се одржува Самит на НАТО, на кој за првпат ќе учествува Северна Македонија како полноправна членка на НАТО. Нашата држава ќе ја претставува премиерот Зоран Заев, а во делегацијата се и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. „ Рамо до рамо со нашите сојузници, целосно сме посветени на колективната безбедност. Затоа...

ТИР-зоните остануваат носители на извозот со речиси 48 проценти удел

Трендот на зголемени економски активности во Технолошко-индустриските зони продолжува и во вториот месец од годинава, покажува најновата анализа на Дирекцијата за ТИРЗ. „Компаниите активни во зоните учествуваат со 48 проценти од вкупниот извоз во националната економија, што е за три процентни поени повеќе од декември, со тенденција за понатамошен пораст. Истовремено вкупниот извоз од зоните во февруари 2021 е за...

Останаа уште 10 дена за пријавување на обуките за визуелни ефекти, анимација и моделирање

Њуменс Бизнис Акцелераторот и тренинг центарот VFX Nest, во соработка со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и компанијата за филмски визуелни ефекти и 3D моделирање и анимација - Fx3x, го најавуваат стартот на две високо специјализирани обуки кои имаат за цел да оформат високо платени и лесно вработливи кариерни профили во областа на филмската и ТВ...

Македонија во НАТО: Што добиваме, што даваме и како понатаму?

Со истовремено подигање на три македонски знамиња, две во Белгија и едно во САД, НАТО утре (понеделник) во своите редови свечено ќе го вброи својот триесетти сојузник. На свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел во 15 часот по средноевропско време ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич,...

Пендаровски, Димитров и Шекеринска на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе земат учество на Минхенската безбедносна конференција. На една од најголемите глобални конференции од областа на безбедноста и одбраната годинава ќе учествуваат над 500 претседатели, премиери, министри, претставници на бизнис и невладиниот сектор, како и академици. Настанот ќе се одржи од 14 до 16...

Донесен Законот за младинско учество и политики за поголема вклученост на младите во носењето одлуки

Со консензус од партиите на власт и опозицијата, во Собранието се изгласа Законот за младинско учество и младински политики кој треба да донесе поголема вклученост на младите во носењето одлуки преку Национално собрание на млади, локални младински совети и собранија и повеќе сервиси за младите. Целта на законот е да обезбеди креирање и спроведување на политика на млади на сите...

Димитров ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО  

На покана на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, кој претставува последна подготовка за НАТО лидерскиот состанок што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември. Македонија, која во моментов има статус на „поканета” земја за...

Манчевски: Соочени со штетата од лажните вести, потребни се конкретни мерки за регулација

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, зборуваше на панел сесијата на тема: „Политиките и медиумите“, во рамките на најголемата медиумска конференција „Денови на медиумите ЕУ-Западен Балкан“, во Подгорица. Тој се осврна на реформите, на новиот Закон за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, како и на предизвикот во справување со дезинформациите и лажните вести и концептот на саморегулација. „Новинарите се...

Растот на БДП изнесува 3,1 отсто во вториот квартал

Домашниот бруто-производ (БДП) во второто тримесечје од 2019 година е зголемен за 3,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,5 отсто,  земјоделство, шумарство и рибарство од 3,9 и стручни,...

Ангеловска-Бежоска: Долгорочен економски раст преку здрави структурни политики

Гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на панел-дискусијата за улогата на монетарната политика во процесот на реална конвергенција на економиите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) кон оние од еврозоната, која што се одржа во рамки на годинешната Конференција за европска економска интеграција, организирана од Австриската централна банка. Таа истакна дека улогата на монетарната политика, првенствено треба да...

Ангеловска-Бежоска на Конференцијата за европска економска интеграција во Виена

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска ќе учествува на Конференцијата за европска економска интеграција, која што по петнаесетти пат ја организира Австриската централна банка. Оваа конференција важи за еден од најзначајните настани во централнобанкарската заедница на кои што традиционално се дискутира за прашања клучни за европската економија. Годинешново издание на Конференцијата, која денеска и утре се одржува во Виена, е...

Гувернерката на НБРМ учествува на финансискиот форум на „Еурофи“ во Виена

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на Финансискиот форум организиран од меѓународната организација „Еурофи“ во Виена. „Во рамки на Форумот, фокусот е ставен на актуелни прашања поврзани со макроекономските и системските предизвици, можностите кои што произлегуваат од воведувањето нови технологии и развојот на одржливи финансии, дискусии околу развојот на алтернативно финансирање во рамки на ЕУ, и прашања поврзани со...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...