fbpx
Таг: ученички

таг: ученички

Малолетнички од Скопје не биле „уапсени“, туку повикани на разговор во полициска станица

Од МВР за „Вистиномер“ потврдија дека ученичките биле само повикани на разговор во станица и не биле уапсени. Инаку, и во содржинскиот дел на текстот што се споделува во постот воопшто не се известува за никакво апсење, туку за повикување на разговор во полициска станица. Постои голема разлика меѓу „апсење“ и „повикување на разговор во полициска станица“, пишува „Вистиномер“...

Кристина Тасева и Сара Стефановска освоија бронзени медали на Европската олимпијада по информатика

Бронзени медали на Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД), што годинава прв пат се одржува во Цирих, освоија Кристина Тасева од Скопје, ученичка во трета година, и Сара Стефановска од Крива Паланка, ученичка во деветто одделение, кои се дел од тимот од Здружението на информатичари на Македонија. Поради пандемија, учеството на тимовите беше онлајн, а учесниците од нашиот во...

Инспекторите затвориле два училишни тоалети и две сали поради лоша хигиена

Од 308-те училишта и 114-те детски градинки во кои биле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), дури во 156 биле утврдени различни недостатоци во врска со хигиената на тоалетите и другите простории.  „Мета.мк“ побара информации од ДЗСИ за состојбата со хигиената во училиштата и во градинките, а според она што го добивме како одговор, недостатоците се главно од...

МОН: Омбудсманот погрешно го протолкувал дописот за шамиите во училиштата

Министерство за образование и наука (МОН) вели дека не доставило никаков допис до директорот на Основното училиште „Братство и единство“ во Охрид со кој им се забранува на ученичките да посетуваат настава затоа што носеле шамија на главата, за што денеска народниот правобранител ја осуди оваа постапка на МОН. Од таму сметаат дека нивниот допис е протолкуван погрешно. „До Министерството за образование...

Омбудсманот реагира на забраната ученички со шамии да следат настава

Народниот правобранител денеска соопшти дека ја осудува постапката на Министерството за образование и наука кое, како што се наведува во реакцијата, со допис му овозможило на директорот на Основното училиште „Братство и единство“ во Охрид да им забрани на ученички да посетуваат настава затоа што носеле шамија на главата. Омбудсманот бара веднаш да се повлече ваквата одлука и на ученичките да...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...