fbpx
Таг: УБК

таг: УБК

Одобрено обвинението за Мијалков и за Грујевски за „Трезор“

Советот за оценка на обвинителниот акт при Кривичниот суд го одобрил обвинението за случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство. Во случајот обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујевски, поранешниот шеф на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски, и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Сајковиќ. Според СЈО, осомничените преку фирмата „Финзи“, со која во еден период...

Сигналот за прислушување ќе оди во новата агенција (ОТА), а не во УБК

Контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации станува член 60 од новиот Закон за следење на комуникациите, со новите измени што треба да го регулираат прислушувањето и да го заштитат од злоупотреби, во согласност со препораките од извештатите на експертската група на Рајнхард Прибе. Членот 175, кој беше воведен во 2014 година, ги обврза телекомуникациските оператори да ги обезбедат сите неопходни...

Агенцијата за прислушување (ОТА) и законот треба да бидат готови до петок

Новите законите за следење на комуникациите и за Оперативно-техничката агенција (ОТА), која ќе го врши следењето, треба да бидат готови до петок (24 ноември) оваа недела, стои во известувањето за почетокот и рокот за подготовка на законите. Станува збор за сосема нов закон за следење на комуникациите, бидејќи во известувањето не е наведено дека ќе се изменува или дополнува закон, туку...

Копчето за прислушување најдобро е да го притиска ОТЦ, вели шефот на УБК

Системот за следење на комуникациите треба да се дислоцира од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), за да се укине монополот што Управата сега го има во овој процес, рече директорот на УБК, Горан Николовски на научно-стручната дебата „Безбедносни дијалози за процесот на трансформација на УБК и механизми за контрола на следењето на комуникациите“, што денеска се одржа на...

Ристоска побара од судот максимална казна за Грујовски за „Тврдина 2“

Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, денеска побара од судот максимална казна за поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, за случајот „Тврдина 2“, додека за другите шест службенички од УБК, обвинети во случајот, таа му предложи на судот да им одреди алтернативни, односно условни казни. Инаку, Грујовски и службеничките во УБК беа обвинети за уништување на документацијата од...

Кој е Силјан Аврамовски, шефот на работната група за реформи во системот за прислушување

Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), министер за внатрешни работи, заменик-директор во УБК, одговорен за соработка со тајните служби на пријателски земји, во времето на Сашо Мијалков. Ова се највпечатливите функции на Силјан Аврамовски, кој како претставник на МВР е назначен за претседател на работната група, составена од 29 членови, за спроведувањето на реформите во системот за...

Уставниот суд го добил предлогот на Владата за членот 175, но не го става на седница

Уставниот суд за среда следната недела закажа нова седница, на која, како што може да се види од предложениот дневен ред, нема да се разгледува предметот за членот 175 од Законот за електронски комуникации, за кој Владата испрати мислење до судот со предлот-членот да не се укинува. Од Уставниот суд за „Мета“ потврдија дека го добиле мислењето од Владата, кое...

Прислушувањето се врши легално со наредби од судот, велат од МВР

Следењето на комуникациите во Министерството за внатрешни работи се врши во согласност со законските процедури - со наредба од суд преку Јавното обвинителство, велат од МВР за „Нова ТВ“ во врска со обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изнесени во интервјуто во емисијата „Седмица“ на телевизијата „Алфа“, дека стотина членови на раководството на партијата се прислушувани од МВР. „Тоа...

Новиот закон за следење на комуникациите ќе биде готов до Нова година, вели Спасовски

Укинувањето на членот 175 од Законот за електронски комуникации од страна на Уставниот суд во овој момент ќе доведе до вакуум-ситуација, во која целосно ќе биде ускратена можноста да има какво било законско следење на комуникациите што би било во рамките на заштита на уставниот поредок на Македонија и борбата против организираниот криминал и корупција, вели министерот за внатрешни...

Владата вели дека нема незаконско прислушување во тековниот мандат

Владата му предлага, а не му налага на Уставниот суд да ја запре постапката за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, кој ѝ овозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) директно да прислушува преку телекомуникациските оператори, објаснува владиниот портпарол, Миле Бошњаковски. Според него, ваквиот предлог до Уставниот суд е поради тоа што веќе се...

Реформите во УБК биле причината Владата да бара да запре постапката за членот 175 во Уставен

Владата бара Уставниот суд да ја запре постапката за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, бидејќи веќе работи на реформите во безбедносниот систем, а оваа „иницијатива е парцијална и не ѝ приоаѓа на оваа тема сеопфатно, и пресретнува еден процес кој е веќе во одмината постапка“. „Во врска со одлуката на Владата на Република Македонија,...

Владата ќе го разгледува решението на Уставен за прислушувањето преку телеком-операторите

Владата на денешната 31. седница, меѓу другите точки од дневниот ред, ќе го разгледува и решението на Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, донесено на седницата на судот на 21 јуни годинава. Инаку, членот 175 ѝ овозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) директно да прислушува преку телекомуникациските...

Затворено рочиште за „Тврдина 2“ денеска

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна главната расправа за предметот „Тврдина 2“, по обвинението на СЈО, кое ги товари поранешниот началник на петтата управа на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујовски, и шест вработени во Управата за уништување опрема за следење комуникации непосредно откако опозицијата во 2015 година почна да ги објавува „бомбите“. Грујовски е во бегство од 18...

Спасовски: МВР веќе не прислушува нелегално, отворени сме за контрола

„Одговорно тврдам дека веќе не се прислушува нелегално и за тоа може да имаме експертски контроли, собраниски контроли во секое време. Ние стоиме на располагање и сме отворени, врз основа на законските прописи, да се направат такви контроли“, вели вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Тој, исто така, ги отфрла обвинувањата од...

Одлуката за прислушувањето преку телеком-операторите ќе чека Уставен да се екипира

Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука за уставноста и за законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, кој ѝ овозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) директно да прислушува преку телекомуникациските оператори. Како што изјавија за „Мета“ од Уставниот суд, одлучувањето по ова точка е одложено бидејќи судот работи во скратен состав, со осум судии,...

Уставниот суд в среда пресекува дали УБК смее да прислушува преку телеком-операторите

Уставниот суд в среда ќе ја одржи првата седница по летната ферија, на која, според агендата, судиите треба да ја донесат конечната одлука за членот 175 од Законот за електронски комуникации, односно дали Упрвата за безбедност и контраразузнавање смее да прислушува преку телекомуникациските оператори. Овој предмет, заведен под бројот У.бр.29/2015, е прва од петте прифатени иницијативи, за кои уставните судии треба...

Спасовски: Реформата на УБК е во почетна фаза

„Во почетна фаза е реформата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) преку која ќе се гарантира дека Управата ќе го врати својот углед на професионална и реномирана служба. Основни цели на оваа реформа се професионалност, департизација и транспарентност“, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при денешниот отчет за стоте дена на функцијата. Во однос на работата на УБК,...

Спасовски: УБК нема преземено активности против која било држава или амбасада

Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) нема преземено никакви активности што се против која било држава или која било амбасада во Македонија. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неодамнешното повлекување на целиот персонал на Амбасадата на Србија во Скопје и обвинувањата од Белград за „многу офанзивни разузнавачки активности против...

„Прајваси интернешенл“ и „Метаморфозис“ повикуваат на заштита од незаконско прислушување

Добротворната организација со седиште во Лондон, „Прајваси интернешенл“ и Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ денеска до властите во Македонија испратија писмо во кое бараат информации во врска со следењето на комуникациите од страна на надлежните владини институции и гаранции за заштита на приватноста од страна на државните институции. Од „Метаморфозис“ потсетуваат дека Македонија повеќе од две години беше во продолжена...

Грујoвски и Бошковски ги нема, се чека МВР да се изјасни

Од вчеравечер полицијата трага по поранешниот началник на петата управа, Горан Грујовски, и по Никола Бошковски, исто така од тајната полициска служба, откако попладнето Врховен суд ги потврди притворите од 30 дена за двајцата. Досега тие не се пронајдени, иако неколкупати биле барани на нивните домашни адреси и на уште неколку локации каде би можеле да бидат. Засега нема сознанија...

В петок се отвора изложбата „Париски рефлексии III“ во Чифте амам

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, го најавуваат третото продолжение од циклусот изложби, под наслов „Париски рефлексии“. Отворањето ќе се одржи...