fbpx
Таг: убиство

таг: убиство

Се шират невистини дека Вања била жртва на трговија со органи

Според официјалните информации добиени од истрагата на МВР и ОЈО и исказите на осомничените во врска со убиството на малолетничката од Скопје, Вања Ѓорчевска била грабната и убиена со огнено оружје, а со цел да се изнудат пари за откуп од член на нејзиното потесно семејство. Нема никаква трговија со органи, ниту пак, некој криел такво нешто, како што...

Стара фотографија на Палевски се споделува како да е нова, во контекст на убиството на Жежовски

Фотографијата која се споделува во овие објави е исечена, а оригиналната е објавена во март годинава, а не во ноември кога беа извршени двете убиства – на Панче Жежовски од Велес и на тинејџерката Вања Ѓорчевска од Скопје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме неколку објави со иста содржина (овде, овде и овде), каде се...

Не е вистина дека полицијата го криела убиството на Вања поради Самитот на ОБСЕ

Тврдењата дека полицијата знаела дека Вања е убиена, но криела поради Самитот на ОБСЕ, се дезинформација и чиста шпекулација. Додека се одржуваше Самитот во Скопје, полицијата формираше специјален штаб кој работеше деноноќно на пронаоѓањето на девојчето. Веднаш по приведувањето на петтемина осомничени и нивното испрашување и по добиените сознанија за убиството на тинејџерката, веста беше споделена со јавноста. Оттука,...

Стефан Димковски, кој го возел Палевски до Турција, доби кривична и 30-дневен притвор

Скопското јавно обвинителство побара 30-дневен притвор за Стефан Димковски по поднесената кривична пријава од МВР, а Кривичниот суд во Скопје го прифати барањето на обвинителството за 30-дневен притвор за лицето кое со возило го превезе Љупчо Палевски-Палчо од Белград до Турција за да избега од прогон за двојното убиство во земјава. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека уште вчера...

Сојуз на средношколци: Периодов да се внимава на менталното здравје на учениците

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани. Нема достојни зборови кои можат да ја опишат нашата тага и потресеност по овие грозоморни настани. Сојузот на средношколци реагира по грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. „Оваа трагедија ќе ни служи како сурова...

Палевски бил уапсен пред да лета за Москва, ама во 2019 година

Во овие објави кои се шират на Фејсбук во време кога Љупчо Палевски беше меѓународно баран како првоосомничен за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се споделува стар текст од 2019 година во кој пишува дека Палевски бил уапсен пред да летне за Москва. Настанот навистина се случил, ама за друго дело и пред 4 години...

Осомничените за убиството на Вања не почнале процедура за барање откуп

Наспроти изнесеното во насловот од текстот, осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска не побарале пари, односно постапката за барање откуп воопшто не почнала. Тоа на прес-конференција го соопшти јавниот обвинител Гаврил Бубевски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис и пишува: Прво ја убиле Вања, па...

Текот на настаните за двојното убиство: подготвено барањето за екстрадиција на Палевски, пријава има и за возачот

Двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, предизвика поплава од шпекулации и дезинформации. За само 12 дена (22 ноември - 3 декември) - период во кој се случија двете убиства и во кој на петмина осомничени им беше определен притвор, се размножија толку верзии за трагичниот настан што можат во сериозна заблуда да ја доведат...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни аршини за дезинформациите околу двојното убиство

Кратка анализа на јавната комуникација на двете главни политички партии од власта и опозицијата околу двојното убиство што ја потресе земјата, покажува разлики меѓу двете партии: СДСМ, сепак, делуваше поодговорно, додека ВМРО-ДПМНЕ – дури и ако се земе предвид легитимитетот на опозицијата да поставува прашања или предизборниот период – ја занемари одговорноста кон јавноста и придонесе наместо за смиреност,...

Уапсен 27-годишен маж за убиство во Крива Паланка

Одделот за криминалистичка полиција-сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово-ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д. (27) од Крива Паланка, кој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д. (76) од Крива Паланка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 21 ноември, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во...

Политичка и етничка злоупотреба на трагичната смрт на Вања

Јавноста деновиве беше „бомбардирана“ со дезинформации за случајот со тинејџерката Вања Ѓорчевска, која на 27 ноември беше киднапирана во сред Скопје, во време на главниот сообраќаен шпиц додека одела на училиште, а по една недела беше најдена мртва во атарот на скопското село Бразда. Се ширеа невистини и од етнички и политички побуди, сакајќи некој да профитира и од...

Спасовски: Монструмот е фатен, Љупчо Палевски уапсен во Турција

На 30 ноември, три дена по убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која е грабната од нејзиниот влез кога тргнува на училиште од скопско Дебар Маало и една недела по убиството на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, осомничениот за убиствата, Љупчо Палевски Палчо тргнува за Србија. Го вози неговиот адвокат, на кој Палевски му кажува дека треба да...

Приведено лице под сомнеж дека му помогналo на Палевски да избега од Бугарија во Турција

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил - Помагање, извести обвинителството. Лицето се сомничи дека со автомобил Ланд Ровер му помогнал на Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски да избега од Бугарија во Турција. Сомневањето...

Обдукцијата е завршена, телото на Вања е предадено на семејството

Обдукцијата на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие безживотно тело беше пронајдено во неделата е завршена, потврдија од Јавното обвинителство. Наодите треба да покажат кога настапила смртта кај младото девојче и на кој начин таа била убиена, со оглед на тоа што во јавноста се шират голем број различни информации. Обдукцискиот наод треба да биде доставен до обвинителството, но оттаму нема да...

Случајот со Вања злоупотребен за да се обвини ЕУ за неспособност

Случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје се злоупотребува без никакви аргументи да се нападне ЕУ како немоќна и небезбедна. Исчезнувањето на деца не е поврзано со членство во Унијата, туку е глобален феномен кој буквално го има во сите држави од светот. Станува збор за светска проблематика која не може да се доведе во корелација со дискусија за...

Општина Центар со препорака до јавните и угостителски објекти да ја прилагодат музиката

Општина Центар, по повод трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, ученичка во 9-то одделение во ООУ ,,Јохан Хајнрих – Песталоци“, даде препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката согласно жалниот настан. Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за смртта на 14-годишната Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

Цвет, солзи и пишан збор за збогум: Расплаканите другари се простуваа со нивната другарка Вања

Молк, солзи и траурна атмосфера денеска владееше во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“. Расплакани деца, расплакани наставници и родители, со цветови во рацете и наведнати глави, чекаа во ред да се потпишат во книгата на жалост, која беше отворена утрово за убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска. Голема слика со нејзиниот лик, прекриена со црна лента, беше поставена на катедра пред влезот на...

Првоосомничениот Љ.П. поврзан со убиството на Вања е во бегство, тројца вечерва ќе бидат спроведени во „Шутка“

Во околината на Скопје денеска беше пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска, додека во околината на Велес е пронајдено телото на 74-годишниот Панче Жежовски кој беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. Жежовски беше претседател на Унијата на ветерани на партијата Единствена Македонија. Неодамна излезе на прес-конференција, со поддршка до пензионерите за нивните барања за линеарно зголемување на пензиите....

Американски пензионер уби двајца еко-демонстранти во Панама

Пензиониран американски адвокат застрелал и убил двајца демонстранти кој учествувале во блокада на автопат во Панама. Блокадата е дел од масовните протести во Панама кои се одржуваат изминатите неколку недели против работата на рудник за бакар за која се смета дека би била штетна за животната средина, известува Индипендент. Полицијата сè уште официјално го нема идентификувано осомничениот во убиствата, но...

Синот кој си го уби таткото претходно бил пуштен од болницата во Бардовци, одреден му е притвор

Полицијата во вторникот извести, а Основното јавно обвинителство потврди дека во вторникот 28-годишник го убил својот татко, Б.П (75) во својот семеен дом во скопската населба Драчево. „На 7 ноември, осомничениот го лишил од живот сопствениот татко, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож по телото и главата. Кога оштетениот се обидел да се одбрани, движејќи се кон ходникот, паднал...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...