fbpx
Таг: убиство

таг: убиство

Убиено 14-годишно момче во Прилеп: уапсени се двајца, од кои едниот е малолетник

Четиринаесетгодишното момче, кое што беше убиено синоќа во центарот на Прилеп е од селото Сенокос, а полицијата има осомничен сторител. Синоќа околу 20 часот во Прилеп случајни минувачи на тротоарот на булеварот „Гоце Делчев“ забележале повредено тело на дете. Веднаш повикале итна помош, но лекарите констатирале смрт. МВР соопшти дека денеска во 4 часот изутрина селото Сенокос, општина Долнени, уапсиле малолетник...

Седум жени во Турција биле убиени од сегашни или поранешни сопрузи во еден ден

Седум жени биле убиени од нивните партнери или поранешни партнери низ Турција во вторникот, објави Гардијан, пренесувајќи една локална турска телевизија. „Вкупно седум жени беа дивјачки убиени во Измир, Бурса, Сакарија, Ерзурум, Денизли и Истанбул“, објави Хабертурк, турска телевизиска станица. „Осомничени биле или нивните сегашни сопрузи или партнери од кои биле разделени“, велат од телевизијата и ги наведоа имињата на жртвите...

Пресметка меѓу двете криминални банди Дуќанџик и Барон: Едно лице убиено, подметнат пожар во кафуле

Вчерашното убиство на Зељкиф Туша (56), таткото на Гани Туша, се претпоставува дека е дел од пресметката на двете скопски криминални банди Барон и Дуќанџик. Гани Туша е осомничен дека е убиецот на Орхан Бајрами-Оки, еден од водачите на бандата Дуќанџик, со што во медиумите се шири тезата дека станува збор за пресметка меѓу крилата од двете криминални банди...

Четири жени и девојче убиени во петокот во Виена

Четири жени и една тинејџерка биле убиени во Виена во петокот, соопшти Би-би-си. Телата на три жени, за кои се верува дека се кинески државјани, биле пронајдени во зграда во централниот кварт Бригитенау откако сведок повикал брза помош. Тие биле прободени од маж во петокот во бордел, а осомничениот е уапсен. Осомничениот, кој полицијата го опиша како 27-годишен авганистански државјанин, бил пронајден...

Телото на Навални ќе биде задржано две недели на хемиска анализа, ЕУ бара меѓународна истрага

Телото на Алексеј Навални, критичарот на Путин кој почина во руски затвор, нема да биде вратено на фамилијата во наредните 2 недели, пренесе Би-Би-Си. Наводно, телото ќе биде задржано за хемиска анализа, а од руските власти нема потврда за тоа каде се наоѓа телото. Во видео од понеделникот, Јулија Навалнаја, сопругата на Алексеј, директно го обвини Владимир Путин за убиство на...

Министерството за правда уште во декември испрати барање за екстрадиција на Палeвски

Објава дезинформира дека Министерството за правда не испратило барање за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо од Турција и покрај тоа што самото барање беше испратено експресно во декември и по него веќе се постапува од страна на турските власти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Зошто Министерството за правда...

Смртта на Навални ја потврди портпаролката на опозицискиот лидер

Портпаролката на Алексеј Навални потврди дека рускиот опозициски лидер е мртов, повикувајќи се на официјалното известување врачено на мајката на Навални, Људмила Навалнаја. Изјавата доаѓа откако Навалнаја беше пријавена дека патува во затворот заедно со адвокатот на нејзиниот син во саботата. Пишувајќи на X (поранешен Твитер), портпаролката Кира Јармиш побара телото на Навални веднаш да му биде предадено на неговото семејство. Alexey...

Гани Марку, осомничен за убиствата на Жила и Оки, не е на слобода, туку во ефективен притвор

Не е вистина дека лицето Гани Марку осомничено за убиства е пуштено на слобода, туку се наоѓа во ефективен притвор. Документот во објавата е за постар предмет после кој поминале 6 месеци, ама веднаш е определен нов притвор е определен за понов предмет, така што Марку е во ефективен притвор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Протест пред Аплециониот суд во Белград против пресудата за убиството на новинарот Славко Чурувија

Фондацијата „Славко Чурувија“ денеска повика на протест што ќе се одржи утре во 14 часот пред Аплециониот суд во Белград, како реакција на одлуката на судот да ги ослободи обвинетите за убиството на познатиот српски новинар. „Убиството на новинарот Славко Чурувија, кое беше нарачано и организирано од државата, останува неказнето кривично дело, 25 години откако беше извршено и девет години...

Уапсен маж во САД кој го обезглавил својот татко и тоа го објавил на „Јутјуб“

Џастин Мон (32) од Пенсилванија го обезглавил својот татко и ја покажувал отсечената глава во видео, пренесе Си-Ен-Ен. Мон е обвинет за убиство откако бил уапсен во базата на Националната гарда, според официјалните лица и судските документи. Грозоморното видео кружеше со часови на Јутјуб и „собра“ повеќе од 5.000 прегледи, пред да биде отстрането. Џастин Мон сега е притворен. Таткото, Мајкл...

Судењето на родителите на Коста К. продолжува, двете страни бараат да биде отворено за јавноста

Денес се одржа второто рочиште во Вишиот суд во Белград против родителите на ученикот Коста К. кој во мај минатата година уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Родителите на убиените деца, на кои не им беше дадено да присуствуваат на затвореното рочиште, чекаа пред судницата со фотографии од своите деца. Рочиштето траеше само час...

Убиство во германска гимназија, и жртвата и убиецот се ученици

Средношколка во Св. Леон-Рот, недалеку од Хајделберг во Германија, денеска беше убиена, а полицијата го сомничи нејзиниот дечко со кој наводно била во врска, ученик во истото училиште, пренесе ДПА. Полицијата пристигнала во училиштето откако се вклучил алармот. На терен брзо пристигнале бројни полициски возила, спасувачки служби и хеликоптер. Осомничениот 18-годишник побегнал, но брзо бил уапсен, соопшти полицијата. Обидот за реанимација на...

Затвореник од Алабама ќе биде првиот човек погубен со азотен гас

Кенет Јуџин Смит ќе биде првиот човек кој ќе биде усмртен со азотен гас. Адвокатите на Смит, кој е обвинет за убиство во Албама во 1989 година, тврдат дека методот на смртна казна со азотен гас е нечовечна и болна. Врховниот суд на САД одби да му ја смени казната, пренесува Би-би-си. Според адвокатите на 58-годишниот Смит, нетестираниот метод може...

Ердоган не ставил услов за екстрадиција на Палевски

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, не постои услов поставен од претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган за испорака на припадници на ФЕТО во замена за екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Претседателот Стево Пендаровски го демантираше ова и рече дека најголемиот дел од нив не се во земјава, но...

Семејно насилство во Скопје: 28-годишник од Ново Лисиче осомничен дека ја убил својата баба

Во четвртокот во скопската населба Ново Лисиче се случила домашна трагедија во која било вклучено семејно насилство. Настанот бил кобен за повозрасна жена со иницијали Л. Т. (73), која била насилно убиена во семејниот дом, односно според првичните сознанија таа најпрво била физички нападната а потоа задушена. „На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство,...

Убиен обвинителот кој го истражуваше телевизискиот упад во Еквадор

Обвинителот кој го истражуваше упадот во телевизиското студио во Еквадор бил убиен минатата недела, соопштија официјални лица, а пренесува Би-Би-Си. Обвинителот Сезар Суарез бил застрелан во пристанишниот град Гвајакил во провинцијата Гвајас, изјави еквадорскиот главен јавен обвинител. Тој бил убиен во близина на неговата канцеларија. Не е јасно дали смртта на Суарез е поврзана со неговата истрага за нападот во телевизиското...

Косовски оџи не објавувале за Вања, туку лажен провокаторски профил

Во објавата се повторува веќе расчистената невистина дека за Вања Ѓорчевска, која беше грабната и убиена во близина на Скопје, наводно пишувале косовски оџи. Не постоеја никакви косовски оџи кои напишаа коментар за Вања, туку тоа беше лажен профил кој злоупотреби фотографија на оџа од Албанија. Вања не излегла од територијата на Македонија, туку дента кога беше киднапирана, била...

Грција ќе бара екстрадиција за убиецот на Орхан Бајрам – Оки во Ханиоти

Расчистено е мафијашкото убиство што се случи минатото лето во вила во Ханиоти, информира денеска грчката полиција во соопштение. Истото лице, 33 годишниот Г.М. кој е веќе во притвор во Скопје зашто се сомничи за помагање на двојното убиство во „Шиша бар“, во Грција е осомничен за убиството на македонскиот бизнисмен Орхан Бајрами-Оки, кое се случи лани на 15...

Притвор за таткото кој до смрт ја претепа двегодишната ќерка

Таткото од Кичево кој се сомничи дека до смрт ја претепал својата двегодишна ќерка доби 30-дневен притвор, информираше МВР. Тој ќе биде во битолскиот затвор откако обвинителството вчера отвори истрага за кривично дело убиство. Според истражните органи, Ф.Д. (29) на 18 декември крвнички ја претепал својата двегодишна ќерка, која по 21 ден борба за живот, починала на скопската клиника. „Осомничениот на...

Обвинителството бара притвор за таткото што си ја претепа до смрт двегодишната ќерка

Основното јавно обвинителство Кичево донело наредба за спрoведување истражна постапка против Ф.Д (29), за кривично дело – убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. МВР денеска соопшти дека тој се сомничи дека на 18 декември крвнички ја претепал својата двегодишна ќерка, која по 21 ден борба за живот, починала...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...