fbpx
Таг: убиени

таг: убиени

Боко харам уби 30 лица на северот на Нигерија

Најмалку 30 лица се убиени во нападите на екстремистичката група Боко харам извршени во две села на североистокот на Нигерија, јавуваат очевидци. Како што пренесуваат странските агенции, напаѓачите на мотори и во повеќе возила дошле во селата Качифа и Јакари и убиле триесетина селани. Еден од очевидците, припадник на локалната милиција, која ѝ помага на нигериската војска во борбата против Боко...

Мексико: На роденденска забава, убиени 11 лица

Најмалку 11 лица се убиени на роденденска забава на една 15-годишна девојка во мексиканската држава Гереро, соопштија официјални претставници. Гувернерот на Гереро, Ектор Астудиљо Флорес, рече дека насилството се случило на забава во местото Кундансито, на западот на државата. По пукањето, полицијата се обидела да интервенира, но и врз неа бил отворен оган. Астудиљо Флорес рече дека детали од целиот случај...

За 25 години, во светот се убиени 2.300 новинари

Најмалку 2.297 новинари и медиумски работници се убиени во изминатите 25 години додека го информирале светот за војни, револуции, криминал и за корупција. Најновиот извештај на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) предупредува дека убијците и понатаму остануваат неказнети, односно само 10 отсто од убиствата се докрај истражени. Во 1990 година, бројот на убиени новинари бил 40, но од 2010 година, тој...

Во напади на Боко харам, убиени 80 лица во Нигерија

Најмалку 80 лица се убиени во повеќе напади на Боко харам во североисточниот нигериски град Маидугури, првпат по неколку месеци. Во самоубиствен напад, убиени се 30 лица, а според зборовите на очевидци, две жени активирале експолозив на пазар во близина на автобуска станица. Во друг напад во текот на ноќта, најмалку 30 лица се убиени, а повеќе од 90 се повредени, додека...

Тројца загинати во ракетен напад на мисијата на ОН во Мали

Три лица загинале во ракетен напад на база на мировната мисија на Обединетите нации (ОН) во северниот дел на Мали, соопштија ОН. Според информациите, во нападот се убиени двајца мировници од Гвинеа и цивил ангажиран во мисијата. Мировната мисија на ОН во Мали беше одобрена, минатата година, по воената кампања на Франција против исламистичките милитанти во северниот дел на земјата. Мисијата...

Тројца убиени во вооружен напад во болница во САД

Двајца цивили и еден полицаец се убиени кога вооружено лице отворило оган во клиника за планирање на семејство во градот Колорадо Спрингс во Соединетите Американски Држави, јавуваат светските медиуми. Според информациите, уште девет лица биле повредени во престрелката која траела пет часа пред напаѓачот да ѝ се предаде на полицијата. Поголем број луѓе, како што јавуваат медиумите, биле заробени во зградата...

Бомбаш-самоубиец уби 21 лице во Нигерија

Бомбаш-самоубиец уби најмалку 21 лицe, во напад врз поворка на шиитски муслимани во државата Кано во Нигерија, пренесува Би-Би-Си. Очевидци, за овој медиум велат дека нападот се случил кратко по апсењето на лице кое поседувало бомба. - Загинаа 21 лице, а неколкумина беа повредени,“ изјави Мухамед Тури од Исламското движење на Нигерија Експлозијата се случила во селото Дакасој, околу 20 километри јужно...

Голема полициска акција во Париз, најмалку двајца убиени

Најмалку двајца осомничени се убиени при претрес во стан во париското предградие Сен Дени, во полициска акција за апсење осомничени за терористичките напади што во петокот минатата недела се случија во француската престолнина, јавуваат светските медиуми. Меѓу убиените, како што јавува „Би-Би-Си“, е и една жена, која се разнела самата, активирајќи самоубиствен елек. Полициската операција почнала утрово, околу 3.30 часот, според...

Пет лица убиени и девет ранети за време на шиитски фестивал во Саудиска Арабија

Пет лица се убиени, а уште девет се ранети во вооружен напад на собир на шиитиски верници во источниот дел на Саудиска Арабија, соопшти саудиското министерство за внатрешни работи, пренесува „Би-Би-Си“. Одговорноста за нападот ја презела група која тврди дека е поврзана со Исламска држава и себеси се нарекува Исламска држава - Бахреин. Нападот се случил во градот Саихат, во саудиската Источна провинција,...

Убиен напаѓачот во колеџот во Орегон

Вооружениот напаѓач, кој синоќа во колеџ во северозападниот дел на Орегон отвори оган и усмрти девет и рани седум лица, е убиен во престрелката со полицијата, соопштија американските власти, по првите противречни извештаи за бројот на жртвите. Првичните информации говореа за 13 убиени и за 20 ранети. Нападот се случи во колеџот „Ампукуа“, во местото Роузбург, кое се наоѓа на околу 300 километри...

Двајца војници загинаа, а двајца се повредени во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан

Двајца авганистански војници загинаа, а уште двајца се повредени, во напад на бомбаш-самоубиец северозападно од Кабул. Во северната авганистанска провинција Фаријаб во вчерашната заседа од Талибанците загинаа најмалку 15 припадници на милицијата лојална на генералот Абдула Рашид Достум, потпретседател на Авганистан.  

Двајца убиени и еден ранет во продавница на „Икеа“ во Шведска

Две лица се убиени, а едно е тешко повредено во напад со нож што денеска се случил во продавница на „Икеа“ во шведскиот град Вастерас, јавуваат медиумите. Од полицијата соопштиле дека во инцидентот се убиени еден маж и една жена. Според информациите, полицијата привела едно лице, осомничено за нападот. Повеќе детали за осомничениот засега не се соопштуваат. „Најдовме маж и жена...

Во напад на воена база во Авганистан, убиени 33 лица, од нив 27 цивили

Најмалку 33 лица, од кои повеќето жени и деца, се убиени во самоубиствен бомбашки напад што синоќа се случил во близина на воена база во Авганистан, јавуваат светските агенции. Бомбашот-самоубиец детонирал експлозивна направа на контролен пукнт во близина на базата Камп Чепмен, што порано ја користела Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), во источната авганистанска провинција Кост. Инаку, Камп Чепмен беше...

Најмалку 11 авганистански војници убиени во заседа на талибанските милитанти

Талибански милитанти убиле најмалку 11 авганистански војници во заседа во западната провинција Херат, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извори од авганистанската полиција. Конвојот камиони бил нападнат вчера вечерта, во областа Карук, изјавиле службени лица. Напаѓачите украле голем дел од оружјето на местото на нападот, во кој, покрај загинати, имало и најмалку шестмина ранети војници. Талибанските милитанти го зголемија борјот на напади на...

Деветмина убиени во напад на црква во Јужна Каролина

Девет луѓе се убиени при вооружен напад во афрoамериканска црква во Чарлстон, во сојузната американска држава Јужна Каролина, пренесуваат светските медиуми. Шефот на локалната полиција, Грегори Мулен, изјавил дека осум од жртвите биле убиени во црквата, додека едно лице починало кратко по нападот. Осомничен за пукањето е маж, белец, на возраст од околу 20 години. Како што изјавил Мулен, најверојанто станува збор...

Во антитерористичка акција, САД убиле и двајца заложници

Еден државјанин на САД и еден Италијанец, кои биле држени од Ал каеда како заложници во погранична област меѓу Пакистан и Авганистан, загинале во антитерористичка операција на силите на САД, изведена со дронови, во јануари оваа година, соопшти денеска Белата куќа, пренесуваат светските медиуми. Во операцијата биле убиени американскиот лекар Ворен Вајнштајн и Италијанецот Џовани Ло Порто. Од Белата куќа соопштиле...

Повеќе од 70 загинати во терористичкиот напад на универзитет во Кенија

Најмалку 70 луѓе загинале, а 79 биле ранети во нападот што денеска се случи во Универзитетот „Гариси“ во Североисточна Кенија, пренесуваат светските медиуми. Одговорноста за нападот ја презела исламистичката терористичка група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда. Кенискиот министер за внатрешни работи, Јозеф Нкаисери, за медиумите изјавил дека сè уште не се знае судбината на 500 од вкупно 815 студенти...

Боко харам досега убила повеќе од 7.300 цивили

Повеќе од 7.300 цивили од Нигерија и од соседните држави се убиени во нападите на исламистичката организација Боко харам, кои почнаа на почетокот од минатата година, соопштија Обединетите нации, наведувајќи дека околу 1.000 од жртвите се убиени годинава. Според податоците на ОН, во нападите на Боко харам се уништени повеќе од 300 училишта, а во деловите кои се под нивна контрола, работат само...

Австралија: Специјалците убиле една од жртвите во кафулето „Линд“

Полицаец најверојатно убил една од двете жртви во минатомесечната заложничка драма во сиднејското кафуле „Линд“, пишува австралискиот весник „Сиднеј морнинг хералд“. Весникот, кој се повикува на неименувани извори од официјалната истрага на терористичкиот напад, наведува дека жртвата е застрелана за време на операцијата за спасување на заложниците на иранскиот имигрант во Австралија, Харон Монис, кој вооружен упадна во кафулето „Линд“,...

Убиени двајцата браќа осомничени за масакрот во редакцијата на „Шарли ебдо“

Двајцата браќа осомничени за завчерашното убиство на 12 лица во неделникот „Шарли ебдо“ се убиени во заложничката драма, јави „Франс прес“. Саид и Шериф Коуши, според сè уште непотврдени информации, се убиени во печатницата во индустриската зона Дамартин, 30 километри северно од Париз. Според АФП, пак, неколку заложници се ослободени од супермаркетот.  

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...