fbpx
Таг: уапсени

таг: уапсени

Вонредна состојба на Малдиви, уапсени судии на Врховниот суд

Полицијата на Малдиви денеска уапсила двајца судии на Врховниот суд на земјата, јавуваат светските агенции. Апсењата следуваат неколку часа откако безбедносните сили на Малдиви влегле во зградата на Врховниот суд и била прогласена вонредна состојба во земјата. Во краткото соопштение на полицијата било наведено дека претседателот на Врховниот суд, Абдила Саид и судијата Али Хамид се обвинети за корупција. Малдивската опозиција...

Нови девет загинати во протестите во Иран

Девет лица ги загубиле животите во текот на ноќта во новата рунда протести во повеќе ирански градови. Стотици луѓе се уапсени, а предизвикана е и голема материјална штета, јави иранската државна телевизија. Повеќе од 100 луѓе се уапсени од полицијата ноќеска, во петтата ноќ на непрекинати протести. Шест демонстранти загинале во судир со безбедносните сили откако ја нападнале локалната полициска станица...

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира крстосници кај „Мавровка“, на Рампа и во Влае

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги продолжи своите активности со блокирање крстосници и со протест пред Министерство за правда, барајќи ослободување на приведените и на притворените во најновата серија постапки на Јавното обвинителство за расчистување на крвавите настании од 27 април во Собранието на Република Македонија. „ВМРО-ДПМНЕ бара слобода за патриотите. ВМРО-ДПМНЕ бара да запрат неправдите, хајките и местенките. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на...

Полицијата трага по уште шестмина осомничени за насилствата од 27 април

Шест лица осомничени за насилствата во Собранието од 27 април годинава, и понатаму остануваат недостапни за органите на прогонот и по нив се трага, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата. - Вчера беа 12, денеска се шест - рече Спасовски, алудирајќи дека во последните 24 часа по налог на Обвинителството...

Шестмина уапсени и запленети 500.000 таблети дрога во лабораторијата во Тетово

Шест лица досега се уапсени во акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на Министерството за внатрешни работи, во која е откриена најголемата лабораторија за нелегално производство на синтетички дроги на Балканот, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Уапсените се државјани на Македонија и на Србија, а крајната дестинација каде одела дрогата била...

Стотина симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се собраа на протест пред судот

Во овие моменти пред Кривичниот суд во Скопје се собрани околу стотина граѓани, симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои се одзваа на повикот на партијата за протест против апсењето на нивни членови, функционери и пратеници, во рамките на истрагата за насилставата во Собранието од 27 април. Пред судот засега е мирно. Насобраните граѓани не носат транспаренти и нема никакви извици. Забележливо е...

Стотици демонстранти уапсени во Москва

Стотици луѓе беа уапсени во центарот на Москва денеска, додека се собираа за протест кој беше забранет од власта. Протестот беше организиран од националистичка група. Апсењата на плоштадот Манеж во непосредна близина на Кремљ се случија два дена откако агенција за домашна безбедност уапси некои од членовите на групацијата „Артподгатовка“, под сомневање дека сакале да извршат бомбашки напади на административни...

30 дена притвор за четворица од уапсените за обидот за убиство на Зијадин Села

На барање на Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка им одредил притвор од 30 дена на четворица од петтемина уапсени за обидот за убиство на пратеникот и лидер на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април годинава, соопштија од Обвинителството. Обвинителството, како што информираат оттаму, побарало притвор и за петтиот осомничен,...

Уапсени уште пет лица за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април

Пет лица се уапсени по наредба на јавното обвинителство во врска со обидот за убиство на пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април оваа година. Како што информираат од Обвинителството, донесена е наредба за проширување на истрагата за случајот против уште пет лица, кои се уапсени синоќа, при претресот...

Уапсен шести осомничен за нападот во лондонското метро

Британската полиција уапси 17-годишно момче поради поврзаност со минатонеделниот терористички напад во лондонското метро, пренесуваат британските медиумите. Тинејџерот е шестиот уапсен во врска со бомбашкиот напад, кој се случи на 15. септември во близина на метро-станицата Парсонс грин, а во кој беа повредени 30 лица, јавува „Би-би-си“. Сите шестмина уапсени се задржани и остануваат во притвор во полициска станица во...

Полицијата заплени 40 килограми марихуана и уапси две лица во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид и криминалистичката полициија на Министерството за внатрешни работи вчера во координирана акција откриле и заплениле 40 килограми марихуана, во близина на автокампот „Андон Дуков“ во Охрид. За време на акцијата полициските екипи извршиле претрес во метална барака на нива во близина на кампот, каде затекнале две лица од Охрид. На местото биле откриени и четири...

Срби и Македонци во Чешка одгледувале марихуана вредна два милиона евра

Во голема рација во Прага и во централниот дел на Чешка се уапсени 16 луѓе, најголем дел Срби и Македонци, кои направиле 11 модерни плантажи на марихуана во затворени простории. Чешката полиција во акцијата запленила повеќе од 7.000 стебла марихуана, која на црниот пазар би достигнала цена од околу два милиони евра, јавија чешките медиуми. Како што соопшти чешката Национална централа за...

Уапсени 12 лица под сомневање за поврзаност со терористичкиот напад во Лондон

Бритаската полиција уапсила 12 лица поради сомнежи за повразност со синоќешниот терористички напад во кој загинаа седум лица, а 48 се повредени, пренесува „Би-би-си“. Апсењата биле извршени во предградието Баркинг, во источен Лондон, а уследиле по претресот на стан, сопственост на еден од тројцата напаѓачи. Терористичкиот напад се случи синоќа, околу 22 часот, кога бело комби прегази пешаци на Лондонскиот мост,...

Во тепачка пред гласачко место во Турција, двајца загинати и еден повреден

Две лица загинаа во физичка пресметка која изби пред избирачко место во југоисточната провинција Дијарбакир за време на гласање на референдумот за зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Како што јавуваат турските медиуми, расправијата меѓу две семејства избила во школски двор во село на југоисток во Турција, но засега не се знае причината поради која избила кавгата. Според дел...

Шестмина осомничени од Прилеп, Битола и од Арачиново уапсени во акцијата на МВР

Шестмина, од вкупно осум осомничени лица, биле уапсени во вчерашната акција на МВР против организирана криминална група која подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава, соопшти денеска Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во акцијата, која МВР ја спровело по насоки од обвинителството, осомничени се лица од Прилеп, Битола и...

Македонски државјанин уапсен во Австрија поради поврзаност со ИД

Австриската полиција извршила претреси и уапсила 14 лица во Виена и во Грац, меѓу кои и едно лице со македонско државјанство, под сомневање дека се припадници и поддржувачи на милитантната група Исламска држава, изјавиле од австриското обвинителство, пренесува ХРТ. Во претресите учествувале околу 800 полицајци, a координираната акција била планирана подолго време, било наведено во изјавата на обвинителството во Грац. Според...

Еден од уапсените во Србија, по меѓународна потерница од Црна Гора е условно ослободен

Вишиот суд во Белград денеска условно го ослободи Немања Ристиќ, еден од двајцата државјани на Србија што денеска беа упасени по меѓународна потерница која за нив ја распиша Црна Гора, поради сомнеж дека учествувале во обид за терористички напад на денот на изборите во Црна Гора. Ристиќ е ослободен под услов да не го напушта Белград и да се јавува во...

Уапсени две лица од Косово поради планирање напад во Германија

Германската полиција рано утрово уапсила две лица поради сомневање дека планирале напад на трговски центар во Оберхаузен, во близина на границата со Холандија, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на соопштение од полицијата. Полицијата соопштила дека станува збор за двајца браќа родени во Косово, на возраст од 28 и 31 година, кои бил уапсени во Дуизбург, врз основа на информации од...

Четири лица уапсени во Русија поради планирање терористички напади

Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека уапсила четири лица, осомничени за планирање терористички напади во Москва, јавуваат светските агенции. Уапсените, како што било наведено во соопштението, се државјани на Молдавија и на Таџикистан. Тие планирале со импровизирани експлозивни направи да изведат серија напади, со кои, според ФСБ, требало да управува еден од водачите на Исламска држава, чија...

Уапсени 118 припадници на прокурдска партија во Турција

Турската полиција привела 118 лица, во претреси во земјата против функционери на прокурдската Народна демократска партија (ХДП), која е обвинета за поврзаност со милитантите на Курдската работничка партија (ПКК), јавуваат агенциите. Операцијата за апсење на партиските функционери почнала вчера откако разгранок на ПКК ја презеде одговорноста за двојниот бомбашки напад, во кој пред стадион во Истанбул загинаа 38 лица, а 155...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...