fbpx
Таг: уапсен

таг: уапсен

Уапсен шефот на Европските олимписки комитети во Рио де Женеиро

Претседателот на Европските олимписки комитети, Патрик Хики денеска бил уапсен во Рио де Женеиро поради илегална продажба на влезници за натпреварите од Олимпските игри, објави „Би-би-си“, повикувајќи се на пишувањата на медиумите во Бразил. Седумдесет и едногодишниот Хики, според информации е осомничен дека илегално им доставувал влезници на други лица, кои потоа ги продавале по многу повисоки цени. Апсењето на Хики,...

Уапсен македонски државјанин во Тирана осомничен за учество во ИД

Во Тирана е уапсен 46-годишен македонски државајнин, кој се барал со меѓународна потерница, распишана од властите во Скопје, поради учество во Исламска држава, јавува албанската телевизија „Ора њуз“. Според информациите станува збор за И.А. од Гостивар, кој пред една година бил осомничен за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравоена и параполициска формација, но успеал да избегне апсење во...

Турски државјанин уапсен на преминот Богородица за фалсификуван пасош

На граничниот премин Богородица, полицијата вчера уапсила турски државјанин кој го сомничи дека фалсификувал лични документи. Турскиот државјанин Б.Р.A. (1963) од Истанбул за време на граничната проверка на полицијата ѝ покажал хрватска патна исправа, која гласи на негово име, за која полициските службеници се посомневале дека е фалсификувана. При претресот кај лицето се пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка...

Полицијата спречила шверц на 1.500 штеки цигари без бандероли

Полициски екипи од Регионалниот центар за гранични работи Исток, во петокот оваа недела спречиле обид за шверц на поголемо количество цигари без бандероли на границата меѓу Македонија и Бугарија. Како што соопшти денеска МВР, во петокот, околу 5 часот, во близина на местото Чемериков преслап, во близина на Пехчево, полициски екипи забележале џип без регистарски таблички, кој се движел по...

Во Грција уапсен Македонец кој криумчарел мигранти

Грчката полиција во Серес уапси Македонец по кој се трага за криумчарењње бегалци од Грција преку Македонија кон Србија. Против уапсениот 30-годишен македонски државјанин има потерница од македонскиот Интерпол. Според потерницата на Интерпол, Македонецот се товари за учество во организирана мрежа која пренесувала нелегални мигранти од Гевгелија, односно од грчко-македонската граница кон Србија во периодот од јануари до октомври 2014. Уапсениот...

МВР потврди: Вработени на Економски факултет се осомничени за примање поткуп

Одделот за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи (МВР) во координација со надлежното јавно обвинителство ја спроведува акцијата на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, потврдија за „Мета“ од МВР. „Одделот за справување со организиран и сериозен криминал презема мерки и активности во координација со Основното јавно обвинителтво на УКИМ, поради сомневање за сторени кривични дела злоупотреба...

Најголемиот наркодилер на Перу е уапсен во Колумбија

Најголемиот наркодилер на Перу, Херсон Галвес, е уапсен вчера во еден ресторан во колумбискиот град Меделин, соопшти колумбиското министерство за одбрана. По Галвес била распишана потерница од Интерпол и тој се смета за „новиот Ел Чапо Гусман на Јужна Америка“. Тој е познат под името Каракол и властите во Перу го бараат поради убиства, шверц на дрога и учество во...

Салах Абдеслам екстрадиран во Франција

Белгиските власти го екстрадирале во Франција главниот осомничен за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, Салах Абдеслам, јавува „Би-би-си“. Абдеслам беше уапсен во драматична полициска акција на 18 март во Брисел, четири дена пред бомбашките напади во градот, во кој беа убиени 31 лице. Кон крајот на март белгискиот суд донесе одлука тој да им биде испорачан на...

МВР: Кривична пријава против Савески поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

Членот на партијата Левица, Здравко Савески, кој утрово беше повикан и задржан во полициската станица Пролет во населбата Кисела Вода, се товари дека за време на протестот на 13 април, со дел од толпата демонстранти влегол во народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде запалил фотографија со ликот на претседателот и фрлил предмет кон канацеларијата, соопшти попладнево МВР. Против Савески...

Зоран Божиновски синоќа екстрадиран во Македонија

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, кој вчера беше уапсен во Нови Сад, синоќа околу 21.30 часот бил екстрадиран во Македонија, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). - Постапката беше завршена синоќа околу 21.30 часот. Неа ја спроведува Министерството за правда, а МВР беше известено за постапката - ни рекоа од МВР. Неофицијално, Божиновски бил префрлен...

Новинарот Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад, се чека негова екстрадиција во земјава

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, денеска бил уапсен во Нови Сад, по налог на српското министерство за правда. Против него во ноември 2013 година беше издадена потерница како осомничен во случајот „Шпион“. Од македонското Министерство за правда за телевизијата „Телма“ потврдиле дека кај нив веќе стигнало решението за негова екстрадиција во земјава, но засега не е познат...

Уапсен припадник на ИД осомничен за минатогодишниот бомбашки напад во Анкара

Турските власти уапсиле припадник на Исламска држава, осомничен за вмешаност во двојниот самоубиствен бомбашки напад што се случи во октомври минатата година во Анкара, а во кој загинаа 103 лица, јавуваат агенциите. Осомничениот бил уапсен вчера во турскиот град Газиентап, во близина на границата со Сирија. Тој се товари за учество во терористичка организација. Станува збор за петти осомничен приведен во истрагата...

Едно лице уапсено за убиство на 67-годишна радовишанка

Едно лице е уапсено и осомничено дека од користољубие убило 67-годишна жена од Радовиш, чие безживотно тело вчера било пронајдено во нејзиниот дом во градот, соопшти Јавното обвинителство. „Се работи за 26-годишен жител на Радовиш. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица, ценејќи дека се исполнети условите, ќе предложи мерка притвор“, велат од Обвинителството. Лицето, како што информираат оттаму, е...

Драган Даравелски уапсен во Белград, потвди МВР

Поранешниот директор на Царинската управа на Македонија, Драган Даравелски, е уапсен од српската полиција во Белград, врз основа на потерница распишана од македонски власти, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Даравелски, кој беше директор на царината во периодот од 1999 до 2002 година, повеќе од една деценија се бараше со потерница од македонските власти, но Белград сè досега...

Во Белгија идентификуван уште еден напаѓач од Париз

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека идентификувал уште еден учесник во минатогодишниот терористички напад во Париз. „Истрагата покажала дека Сафијан Кајал се идентификува како Наџим Лашрау, роден на 18 мај 1991 година. Тој патувал во Сирија во февруари 2003 година“, стои во соопштението на обвинителството. Белгискиот министер за надворешни работи, Дидиер Рејндерс, вчера соопшти дека повеќе од 30 лица учествувале во ноемвриските терористички...

Обвинение против Салaх Абдеслам

Белгиското јавно обвинителство денеска официјално го обвини Салех Абдеслам за негова поврзаност со нападите во Париз во ноември минатата година, соопшти неговиот адвокат Свен Мери. Мери најави дека во оваа фаза од постапката ќе бара Абдеслам да не биде екстрадиран во Франција, иако францускиот претседател, Франсоа Оланд, уште синоќа најави дека Париз ќе бара негова екстрадиција од Белгија. Адвокатот додаде и дека...

На Табановце уапсен српски државјанин кој се барал за силување

Педесет и четиригодишен српски државјанин, кој се барал за кривично дело силување, вчера околу пладне бил уапсен на граничниот премин Табановце, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, вчера околу 12.25, при пасошка контрола, полицајците на граничниот премин констатирале дека В.К.(54) од Република Србија е евидентиран во стоп-листата и се бара за сторено кривично дело силување. Во 13.35 часот В.К. бил предаден на...

Македонски државјанин уапсен во Италија, регрутирал борци за ИД

Антитерористичка единица на италијанската полиција, во околината на Венеција уапсила македонски државјанин, осомничен за регрутирање борци за учество во воените дејства на Блискиот Исток, на страната на Исламска држава (ИД), јавуваат италијанските медиуми. Полициската акција, како што пренесува „ Ла република“, била спроведена по наредба на обвинителството во Венеција, кое почнало истрага против неколку лица со потекло од Балканот. Идентитетот на...

Уапсен малолетен дилер на дрога

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основа за сомнеж дека во текот на јануари, неовластено набавил и подготвил за улична продажба поголемо количество марихуана. Од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. На 25 јануари полициски службеници го забележале малолетникот во близина на...

Уапсен вооружен маж во забавниот парк „Дизниленд“ во Париз

Француската полиција денеска уапсила маж откако кај него биле пронајдени два пиштоли на влезот од хотелот „Њујорк“ во забавниот парк „Дизниленд“ во Париз, јавува „Би-Би-Си“. Дваесет и осумгодишниот маж, чиј идентитет не се соопштува, не им е познат на француските безбедносни служби. Кај него, според полициските информации, освен пиштолите, бил пронајден и примерок од Куранот и кутија со муниција. Тој бил...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...