fbpx
Таг: уапсен

таг: уапсен

Пучдемон и министрите се предале на белгиската полиција

Според медиумите во Белгија, сменетиот претседател на каталонската влада, Карлес Пучдемон, ѝ се предал на полицијата. Освен Пучдемон, уапсени се и четворицата министри со кои тој пребега во Белгија, откако шпанските власти наредија апсење на неговиот кабинет. Обвинителството во Брисел за денеска најави дополнителни информации за ектрадицијата на Пучдемон и на министрите во Шпанија. По поранешниот каталонски лидер, властите во Мадрид...

Арачиновец уапсен пред Врховниот суд, околу појасот носел прачки налик на експлозив

Припадниците на полицијата што денеска го обезбедуваа судскиот комплекс додека траеше изрекувањето на пресудите за случајот „Диво Насеље“, уапсија педесет и седумгодишен жител на Арачиново со иницијали И.И., кој околу појасот имал четири прачки кои личеле на експлозив. Како што потврдуваат од МВР, осомничениот е одведен во полициската станица во Центaр, каде со него се разговара. Прачките ќе бидат предадени на вештачење...

Едно лице уапсено по напад со нож во Минхен

Германската полиција денеска уапси едно лице по напад со нож во Минхен, во кој четири лица се полесно повредени, јавуваат германските медиуми. Портпаролот на минхенската полиција соопштил дека уапсениот маж одговара на описот што го дале сведоци на нападот, но додал дека полицијата засега не може да потврди дека тој е напаѓачот. Нападот се случил утрово во близина на Розенхајмер плац,...

Британски државјанин уапсен кај касарната „Илинден“ поради сомнеж дека шпионирал

Триесетгодишен британски државјанин вчера попладне бил уапсен од полицијата откако бил забележан како неовластено се движи во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, вчера во 16.20 часот, во полициската станица Карпош пристигнало известување од касарната „Илинден“ дека е забележано лице, странски државјанин, како неовластено се движи во кругот на објектот. Тој бил приведен...

Потпретседателот на Еквадор уапсен поради корупција

Врховниот суд на Еквадор вчера одреди притвор за потпретседателот Хорхе Глас поради наводно земање мито од сопственикот на бразилска градежна компанија. Глас обвини дека одлуката е политички мотивирана и е дело на неговиот ривал, претседателот Ленин Морено. Полицијата го приведе Глас во неговата резиденција во Гвајалкил и потоа со воен авион го транспортираше во главниот град Кито. - Нема потреба да...

Уапсен Игор Југ, еден од учесниците во насилствата од 27 април

Игор Југ, еден од учесниците во насилствата во Собранието од 27 април годинава, утрово е уапсен во стан во Куманово, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека 47-годишниот Југ е уапсен по претходна наредба од Основното јавно обвинителство Скопје од 16 мај оваа година. „На 21 септември 2017 година, од страна на овластени службени лица при Секторот за внатрешни...

Сопственикот на „ФЕНИ Индустрис“ уапсен во Израел поради перење пари

Милијардерот Бенјамин Штајнмец кој е сопственик на низа компании на Балканот и за кого романските власти имаа распишано потерница е уапсен во понеделникот во Тел Авив за наводно перење пари. Штајнмец е сопственик на компанијата „Кјунико Рисорсис“ која работи на производство на феро-никел и која е активна во Македонија и во Косово, односно е сопственик на „Фени Индастрис“ во Кавадарци. Како...

Координаторот на републиканците во Конгресот на САД ранет во вооружен напад

Висок претставник на републиканците во Конгресот на САД, денеска бил ранет во вооружен напад за време на бејзбол-тренинг во Вирџинија, јавуваат американските медиуми. Полицијата од Александрија, предградие на Вашингтон, соопштила дека во тек е истрага поврзана со „повеќекратни пукотници“ и дека осомничениот е уапсен и се наоѓа во притвор. Конгресменот од Алабама, Мо Брукс, за „Си-ен-ен“ изјавил дека во нападот бил...

Уапсен советникот на турскиот премиер поради наводна поврзаност со Ѓулен

Турските власти го уапсиле Бирол Ердем, главен советник на премиерот Бинали Јилдирим, поради негова наводна поврзаност со движењето на имамот Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека го организирал минатогодишниот неуспешен воен удар, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Турските медиуми, на кои се повикува РСЕ, наведуваат дека Ердем бил приведен во Анкара заедно со неговата сопруга, Ѓулумсер Ердем. Медиумите, повикувајќи...

Дедото на малата Тамара пукал во Никола Тодоров

Шеесетгодишниот Љ.С. од селото Каласлари, Велешко пукал во поранешниот министер и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму информираат дека осомничениот истрелал два куршуми од пиштол кон Тодоров. Во инцидентот, според МВР, нема повредени. Напаѓачот е веднаш уапсен и однесен во полициска станица, каде во тек е истрагата за случајот. Дел од медиумите,...

Уапсен уредникот на интернет-изданието на весникот „Џумхуриет“

Турската полиција го привела главниот уредник на интернет-изданието на дневниот весник „Џумхуриет“, Огуз Ѓувен. Според „Џумхуриет“, Ѓувен е приведен поради непознати причини. Ѓувен на Твитер напиша „Приведен сум“. Турската државна новинска агенција „Анадолија“ јави дека Ѓувен е приведен во Истанбул поради информација за загинувањето во сообраќајна несреќа на главниот обвинител во округот Денизли. Тој и неговиот возач загинаа откако нивното...

Грчки бизнисмен уапсен за шпионажа во Албанија

Грчки бизнисмен на 52-годишна возраст бил уапсен во Албанија под сомневање за шпионажа, јави грчкиот весник „Имерисија“. Уапсениот имал градежен бизнис во Албанија, а кога бил уапсен на аеродромот во Тирана, во неговата чанта биле најдени „разузнавачки материјали“.

Натрапник со спреј за самоодбрана уапсен во дворот на Белата куќа

Натрапник со ранец во кој носел две шишенца спреј за самоодбрана бил уапсен во дворот на Белата куќа во петокот пред полноќ по локално време, јавија светските медиуми. Тој бил пронајден и уапсен близу јужниот влез на Белата куќа, кога во претседателката резиденција бил претседателот на САД, Доналд Трамп. Натрапникот Џонатан Т. Трен (26) од Калифорнија, им рекол на агентите на...

Уапсен осомничениот за убиството на 67-годишната жена во Охрид

Разбојникот  кој завчера изврши убиство на 67-годишна жена во Охрид е уапсен во Куманово, во координирана акција на полицијата и на обвинителството. Како што соопштуваат од Јавното обвинителство, осомничениот бил со потекло од Куманово, а во моментот на разбојништвото и на убиството живеел во истата станбена зграда со жртвата и се познавал со неа. По разбојништвото, тој заминал за Куманово и,...

Уапсен напаѓачот од новогодишната ноќ во Истанбул

Уапсен е напаѓачот кој во новогодишната ноќ во Истанбул уби 39 лица во ноќен клуб, јавуваат турските медиуми. Узбекистанецот Абдулкадир Машарипов е уапсен во заедничка операција на турските разузнавачки служби и на полицијата, во стан во истанбулскиот кварт Есенјурт. За време на апсењето, тој бил заедно со четиригодишниот син во куќа на свој пријател. Турските власти соопштија дека осомничениот го признал делото и...

Вучиќ: Ќе бараме екстрадиција на Харадинај

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија ќе бара екстрадиција на претседателот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кој е уапсен во Франција, врз основа на меѓународна потерница распишана од српските власти. Вучиќ пред новинарите во владата на Србија рече дека обвинителството има повеќе основи за кои го товари Харадинај и дека никој нема право да...

Уапсен директорот на авиокомпанијата чиј авион се урна близу Меделин, Колумбија

Боливиските власти го уапсиле директорот на авиокомпанијата „Ламија“, чиј авион се урна во Колумбија, при што загинаа 71 лице, вклучувајќи го и речиси целиот фудбалски тим од Бразил - „Шапикоенсе“, јавуваат светските агенции. Директорот на боливиската чартер-авиокомпанија „Ламија“, Густаво Варгас, бил уапсен ноќеска, а обвинителот Иван Кинтанила, инаку член на меѓународната комисија задолжена за истраги на несреќи, за медиумите соопштил дека...

Обвинителството го истражува вчерашното убиство во Велес

Основното јавно обвинителство Велес го истражува убиство што вчера околу 14 часот се случило во местото Којник, кај Велес, кога вооружен маж дошол во куќата на сега починатото лице и веднаш почнал да пука во него. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, жртвата, во обид да му избега на сторителот, излегла од куќата и дошла до улицата, каде осомничениот уште...

Македонец уапсен во Грција за обид за шверц на дрога

Грчката полиција уапси 22-годишен Македонец за обид за шверц и за поседување дрога во Грција. Македонскиот државјанин имал во своја сопственост три торби со повеќе од 40 килограми канабис спакувани во 38 помали пакетчиња. Уапсениот бил испитан во полицијата, а ќе биде изведен пред обвинителството во Лерин со кривично обвинение за обид за пренос и за поседување дрога во Грција и...

Запленети 2,7 килограми марихуана на граничниот премин Ќафасан

Царински екипи вчера, на граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница, заплениле 2,7 килограми марихуана, сокриена во автомобил со македонски регистарски ознаки, што го управувал 34-годишниот Е.М., соопшти денеска Царинска управа. Во автомобилот, според царината, биле пронајдени 12 најлонски пакетчиња со марихуана, сокриени на повеќе места во возилото. „Во багажниот простор под резервната гума, пронајдени се четири најлонски пакетчиња, наполнети со тревкаста материја...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...