!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Германија ги отфрли тврдењата на Трамп дека им должи пари на НАТО и на САД за одбрана


Берлин, 19 март, 2017 - 16:54 (META) 

Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен, денеска ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија должи „огромна сума“ пари на НАТО и на САД за одбрана, јавуваат светските агенции.

„Не постои долг кон НАТО. Парите за одбрана се вложуваат во мировните мисии на Обединетите нации, во нашата европска мисија и во заедничката борба против Исламска држава“, навела во своето соопштение Урсула фон дер Лејен.

Според германската министерка за одбрана, сите сакаат товарот да се дели рамномерно, но за тоа да се случи, неопходно е да се направи „модерен безбедносен концепт“, кој вклучува модернизација на НАТО, но и на одбранбениот систем на Европската Унија.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на својот твитер-профил напиша дека Германија им должи на САД и на НАТО огромна сума пари за одбрана.


Комитетот за разузнавање на Сенатот ги отфрли тврдењата на Трамп дека бил прислушуван


Вашингтон, 16 март, 2017 - 21:49 (META) 

Не постојат никакви индиции дека кулата „Трамп“ била надгледувана и дека комуникациите биле следени од владата на САД, пред или по претседателските избори минатата година, соопштил денеска Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат, јавува „Би-би-си“.

Во заедничка изјава, претседателот на комитетот, републиканскиот сенатор Ричард Бур, и неговиот заменик, сенаторот Марк Ворнер, ги отфрлиле тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој бил прислушуван.

„Врз основа на информациите кои ни се достапни, нема никакви индиции дека кулата „Трамп“ била предмет на надзор од кој било елемент на владата на САД, пред или по изборите“, било наведено во заедничката изјава на сенаторите Бур и Ворнер.

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, како што пренесува „Би-би-си“, денеска изјавил дека Трамп останува на своите тврдења дека му биле прислушуваните телефоните во кулата „Трамп“ по наредба на неговиот претходник Барак Обама.

Спајсер, исто така, одбил да го прифати извештајот на Комитетот за разузнавање на Сенатот и изјавил дека „во него нема никакви наоди“.


Муса Џафери: Богоевски на суд ќе ги докажува тврдењата за „Маѓар телеком“


Скопје, 11 септември, 2015 - 10:09 (META) 

Вицепремиерот за рамковни прашања, Муса Џафери, изјави дека подготвува кривични пријави против поранешниот шеф на тајната полиција, Слободан Богоевски, за неговите обвинувања дека тој и лидерот на партијата, Али Ахмети, се вмешани во скандалот за „Маѓар телеком“, објави  „Порталб“.

– Обвинувањата против мене кои се однесуваат дури и на организирање убиства се сериозни и тешки. Станува збор за прашања од лична природа и ќе тужам за клевета. Тој ќе мора сите овие работи да ги докаже пред нашите институции – изјави Џафери.