fbpx
Таг: Твитер

таг: Твитер

Мексиканскиот претседател објави фотографија од, како што тврди, митолошко суштество

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор во саботата објави фотографија на своите профили на социјалните мрежи на која, како што напиша, се гледало митолошко шумско суштество слично на елф, пренесе „Гардијан“. Не изгледа дека претседателот на Мексико се шегувал кога ја објави фотографијата на суштеството наречено алукс – дух на митолошко суштество кој е дел од фолклорот на Маите. Лопез Обрадор...

Нови отпуштања во Твитер, меѓу нив и на директорка што спиела во канцеларија поради премногу работа

Една од директорите во Твитер која минатата година објави фотографија на која се гледа како спие на подот во една од канцелариите поради долгите часови работа, е меѓу последните отпуштени од компанијата која е во сопственост на Илон Маск, пренесе „Хил“. Њујорк Тајмс во неделата објави дека Твитер викендов отпуштил уште околу 200 вработени – приближно 10 отсто од...

Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Твитер со нови правила на ЕУ за објава на „токсични“ содржини

Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Твитер потврдија дека ќе подлежат на строгите правила што ги предвидува законот на Европската Унија (ЕУ) за модерирање на содржините. Според Законот за дигитални услуги (Digital Services Act), платформите имаат рок до  петок на полноќ да ги известат европските регулатори колку Европејци ги користат нивните услуги, пренесува „Политико“. Платформите и пребарувачите со над 45 милиони корисници...

Илон Маск создал посебен систем за неговите твитови да им бидат прикажувани први на корисниците

Откако неговиот твит по Супербоул постигна полоши бројки од твитот на американскиот претседател Џо Бајден, извршниот директор на Твитер Илон Маск нарачал големи промени во алгоритмот на платформата, пишува „Врџ“ повикувајќи се на документи од „Платформер“. Братучедот на Маск и вработен во Твитер, Џејмс Маск, во понеделникот наутро испратил итна порака до инженерите во компанијата дека е потребно да се...

Твит од лажен профил претставен како да доаѓа од министерот Оливер Спасовски

Твитот споделен во постот е од лажен профил којшто го злоупотребува идентитетот на министерот Оливер Спасовски. Истиот повеќе не е активен поради пријави од Твитер заедницата дека е лажен. И од Министерството за внатрешни работи за Вистиномер велат дека станува збор за лажен Твитер профил од кој бил споделен овој твит. Официјалниот Твитер профил на министерот Спасовски може да...

Златниот беџ на Твитер може да ги чини бизнисите 1.000 долари месечно

Твитер размислува да заработи од бизнисите што се присутни на платформата со тоа што ќе им наплаќа 1.000 долари месечно за да ги задржи нивните златни беџови, јавува „Врџ“ повикувајќи се на извештај на „Информејшн“. „Информејшн“ забележува дека бизнисите што нема да плаќаат илјада долари месечно ќе ги загубат своите златни ознаки, иако не е јасно кога тоа ќе се...

Твитер ги стави на аукција статуетката со птицата од логото и дел од канцеларискиот мебел

Твитер стави стотици предмети од своето седиште во Сан Франциско, САД на онлајн аукција. За статуетката со познатото лого со птицата во моментов се понудени 11.000 американски долари, а остануваат уште неколку часа за наддавање, јави Би-би-си. Жардиниерата висока 190 сантиметри во форма на симболот „@“ веќе чини над 4.300 долари. Продажбата на предметите доаѓа откако по големите кратења на трошоците...

Од следниот месец Твитер ќе дозволи постови долги до 4.000 карактери

Од почетокот на февруари ќе можеме да твитаме долги постови со дури 4.000 карактери, наместо сегашните 280, потврди извршниот директор на Твитер Илон Маск. Ова е само една од бројните промени која што милијардерот ја планира за годинава, пишува Индепендент. Маск објасни дека долгите твитови „ќе го добијат истиот простор на екранот на временската линија како и другите твитови, но...

Метаверзум, заштита на лични податоци, хаос на Твитер – како се променија социјалните мрежи во 2022?

Од вложувањата на Мета милијарди долари во остварување на Метаверзумот, преку големите промени на Твитер и обидите за забрана на ТикТок во САД, до отпуштањата на десетици илјади работници поради економските пост-пандемиски проблеми на технолошките гиганти – 2022 година ја одбележаа неколку големи настани во однос на развојот и иднината на социјалните мержи. Најголемо внимание, сепак, привлече промената на...

Твитер со нови отпуштања на вработени задолжени за онлајн безбедност

Десетици вработени кои модерираат содржини и го следат говорот на омраза се отпуштени од Твитер во најновото кратење на работните места од оваа компанија, пренесува Гардијан. Станува збор за вработени со седиште во Даблин и Сингапур, кои биле дел од тимот за доверба и безбедност задолжен за меѓународна модерација на содржината, како и единицата која го надгледува говорот на...

Твитер доби тужба затоа што не платил кирија од 136.250 долари

Твитер доби тужба од сопственикот на Калифорнија Проперти Траст затоа што не платил кирија од 136.250 долари во нивните канцеларии во Сан Франциско. Откако Илон Маск ги затегна конците на Твитер, состојбата резултира со тоа што компанијата не плаќа кирија, а персоналот мора да набавува сопствена тоалетна хартија, објави Њујорк Тајмс. Во декември, компанијата за социјални медиуми беше известена дека...

Њујорк Тајмс: Како што продолжува да се шири ковид-19, така се шират и дезинформациите за болеста

Речиси три години од почетокот на пандемијата, ковид-19 и понатаму опстојува. Истото е случај и со мисинформациите (намерно или случајно згрешени информации и дезинформации) за оваа болест, пишува Тифани Хсу во „Њујорк Тајмс“. Она што почна во 2020 година како гласини што фрлаа сомнеж на постоењето или опасноста на ковид-19, набргу еволуираше во честопати несфатливи тврдења за опасна технологија што...

Илон Маск: Само верификувани сметки ќе може да гласаат на анкетите за политиките на Твитер

Сопственикот на Твитер, Илон Маск се обрати за првпат на социјалната мрежа откако повеќе од 10 милиони корисници гласаа за тој да се повлече од местото извршен директор на компанијата. Во твитот, Маск напиша дека само претплатените корисници на „Твитер Блу“ функцијата ќе можат да гласаат на идните анкети кои се однесуваат на политиките на компанијата, пренесува Гардијан. Во неделата...

Илон Маск преку анкета на Твитер праша дали треба да се повлече од местото извршен директор

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, побара од корисниците на оваа платформа да гласаат за неговата иднина како извршен директор на компанијата за социјални мрежи. Во анкетата што ја објави, Маск праша дали треба да се повлече од функцијата шеф на Твитер, додавајќи дека ќе се придржува до резултатите. https://twitter.com/elonmusk/status/1604617643973124097?s=20&t=1fyBYPURZ-kMeL2Q7HnbQw Би-Би-Си пишува дека до утрово на анкетата гласале повеќе од 13 милиони...

Елон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Сопственикот на Твитер, Елон Маск изјави дека ќе им ги врати профилите на новинарите кои ги суспендираше од социјалната платформа, пренесе Би-би-си. Новинари на Њујорк Тајмс, Си-ен-ен и Вашингтон пост беа меѓу оние чии профили беа блокирани од платформата со обвинение дека споделуваат податоци за него и за неговата локација. Но, среде големите критики, Маск постави отворено прашање до корисниците на...

ЕУ предупреди на санкции откако Твитер суспендираше налози на новинари

Ненадејната одлука на Илон Маск да суспендира налози на истакнати новинари на Твитер предизвика жестока реакција во Европа. Германија предупреди на влијанието врз слободата на печатот, додека висок претставник на Европската унија (ЕУ) рече дека Твитер мора да се услогласи со правилата на блокот или да се соочи со можни санкции, јавува Си-Ен-Ен. „Слободата на печатот не може да се...

Твитер ги избриша профилите на новинари кои известуваат за Илон Маск

Твитер ги суспендираше сметките на новинарите што известуваат за платформата за социјални медиуми и нејзиниот нов сопственик Илон Маск, а меѓу суспендираните се новинари на Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Си-Ен-Ен, Гласот на Америка и други медиумски организации, јави Асошиејтед прес. Твитер не им објасни на новинарите зошто се отстранети нивните профили, но Маск вчера вечерта ги обвини новинарите дека споделуваат...

Твитер со недели не плаќала кирии и сметки по преземањето од Илон Маск

Во текот на изминатите две недели, Илон Маск направил промени во правниот оддел на Твитер, го распуштил советот што ја советуваше компанијата за безебедносни прашања и продолжил со преземањето драстични чекори за намалување на трошоците, јави Њујорк Тајмс. За да ги намали трошоците, Твитер со недели не плаќала кирија за седиштето во Сан Франциско ниту пак за која било од...

Илон Маск исвиркан од публиката во Сан Франциско откако се појави на сцена

„Дами и господа, направете врева за најбогатиот човек во светот“ – со овие зборови комичарот Дејв Шапел ѝ се обрати на публиката во „Чејс“ центарот во Сан Франциско откако на сцена го повика да му се придружи новиот сопственик на Твитер, Илон Маск. Гардијан пишува дека во првите неколку секунди Маск се појавил на сцената подготвен за еуфорично добредојде од...

Платениот син беџ на Твитер е вратен во функција

Платената верификација на Твитер е повторно ставена во функција откако минатиот месец беше паузирана поради појавата на имитаторите. Верификацијата и понатаму чини 8 американски долари месечно, додека корисниците на Твитер кои користат уреди на „Епл“ ќе треба да платат повисока цена од 11 долари, пренесе Би-би-си. Сопственикот на Твитер, Илон Маск, претходно во низа твитови изрази негодување поради провизијата што „Епл“...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...