fbpx
Таг: Твитер

таг: Твитер

Ко-основачот на Твитер Џек Дорси регира на новите ограничувања

Ко-основачот на Твитер, Џек Дорси реагираше јавно откако сопственикот на социјалната мрежа, Илон Маск, го ограничи бројот на твитови кои корисниците можат да ги видат во текот на еден ден. „Тешко е да се води Твитер. Никому не му го посакувам тој стрес. Верувам дека тимот дава сè од себе знаејќи ги ограничувањата што ги имаат, кои се огромни“, напиша...

Твитер се согласи да се придржува до строгите закони на ЕУ за дезинформации и руска пропаганда

Откако претставници на Европската комисија влегоа во седиштето на Твитер за да ги проверат капацитетите на компанијата дали може да функционира во Европа, социјалната мрежа со согласи да се придржува до новите строги закони на ЕУ за лажни вести, руска пропаганда и онлајн криминал. Ваквиот чекор доаѓа само неколку недели откако Илон Маск, милијардерот-сопственик на Твитер, се откажа од доброволниот...

Илон Маск и Марк Закерберг договорија борба во кафез

Двајца од најпознатите технолошки милијардери во светот – Илон Маск и Марк Закерберг, се договорија да се борат во натпревар што би се одржал во кафез. Приказната, за која јавува и Би-би-си, започнува откако Маск на социјалната мрежа Твитер, инаку во негова сопственост, напиша дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг. I’m up for a cage match if he...

Американски музички издавачи го тужат Твитер поради масовно кршење на авторските права

Група од 17 музички издавачки куќи од САД го тужи Твитер, тврдејќи оти платформата овозможила прекршување на авторските права кои вклучуваат речиси 1.700 песни. Националната асоцијација на музички издавачи сега бара отштета од повеќе од 250 милиони долари, објави „Врџ“. Во тужбата поднесена до федералниот суд во Тенеси, се тврди дека компанијата „го храни својот бизнис со безброј прекршувања на музички...

Ривалот на Твитер создаден од Инстаграм пристигнува наскоро

Компанијата „Мета“ на своите вработени им ги покажала плановите за социјалната мрежа што ќе биде базирана на текст и е дизајнирана за да се натпреварува со Твитер, јави Би-Би-Си. Портпаролот на „Мета“ за Би-Би-Си потврдил дека ваква платформа е во развој. „Истражуваме самостојна децентрализирана социјална мрежа за споделување на текстуални содржини. Веруваме дека постои можност за посебен простор каде креаторите и...

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел од низата чекори за борба против лажните вести и дезинформациите што доаѓаат од Русија, јавува „Гардијан“. Во исто време, ЕУ ја предупреди платформата Твитер дека ќе се соочи со брзи санкции...

Линда Јакарино го замени Илон Маск на директорското место во Твитер

Новата шефица на проблематичната компанија за социјални медиуми Твитер, Линда Јакарино, започна да ја извршува својата функција неколку недели порано од очекуваното, пренесува Би-би-си. Јакарино, која претходно била шефица на одделот за рекламирање во „NBCUniversal“ (Ен-би-си Јуниверзал), се приклучи кон платформата неколку дена откако Твитер ја загуби и Ела Ирвин, втората шефица за доверба и безбедност во компанијата која минатата...

Твитер се повлече од доброволниот кодекс за дезинформации на ЕУ

Социјалната мрежа Твитер се повлекла од доброволниот кодекс на Европската Унија (ЕУ) за борба против дезинформациите. Веста ја објави комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, кој ја предупреди компанијата на Илон Маск дека ќе мора да ги почитува новите закони, пренесува Би-Би-Си. „Обврските остануваат. Можете да бегате, но не можете да се скриете“, напиша Бретон на Твитер. Почнувајќи од...

Илон Маск го клевети Џорџ Сорос дека „го мрази човештвото“

Илон Маск упати серија напади кон Џорџ Сорос, твитајќи дека либералниот филантроп со еврејско потекло го мрази човештвото и „сака да ја нагризе самата структура на цивилизацијата“. Сорос често е подложен на антисемитски теории на заговор, пишува Вашингтон пост. Под закрилата на Маск, на Твитер се зголемува ширењето на антисемитизмот и другите облици на говор на омраза. Сепак, Илон Маск...

Линда Јакарино е новата извршна директорка на Твитер

Шест месеци по контроверзното преземање на Твитер, Илон Маск ја именуваше новата извршна директорка на компанијата за социјални медиуми. Милијардерот рече дека на ова место доаѓа Линда Јакарино, поранешна шефица за рекламирање во „NBCUniversal“ (Ен-би-си Јуниверзал). Јакарино со работа ќе започне за шест недели, а Маск и понатаму ќе остане вклучен како претседател и главен директор за технологија. „Со нетрпение очекувам...

Илон Маск нашол заменичка што ќе го води Твитер

Илон Маск вели дека нашол нова извршна директорка што ќе го води Твитер. Тој веста ја објави на оваа социјална мрежа, која ја купи минатата година за 44 милијарди долари. Маск не го именуваше новиот шеф на платформата, но рече дека „таа“ ќе почне со работа за шест недели, а тој пак ќе стане извршен претседател и главен директор за...

Според Твитер, починатите Мајкл Џексон и Коби Брајант плаќаат 8 долари месечно за претплата на „Твитер Блу“

Откако извршниот директор на Твитер, Илон Маск го исполни ветувањето дека од април ќе ги отстрани сините беџови за верификација од профилите на корисниците што нема да платат, голем број познати личности повторно почнаа да ги добиваат беџовите на своите сметки – а меѓу нив, како што пишува „Врџ“, се и починати лица. Минатата недела Твитер започна да ги отстранува...

Твитер ги врати сините ознаки на дел влијателни медиуми, познати личности и компании

Сината ознака, некогаш бесплатен симбол на автентичност на познати личности и компании, сега треба да се плаќа по осум долари месечно. Сопствениците на акаунти кои не се претплатиле и имале сина ознака ја изгубиле во четвртокот, бидејќи сопственикот Илон Маск имплементирал стратегија наречена „Твитер Блу“. „Само мал дел од корисниците означени со сини ознаки се претплатени - помалку од пет...

Твитер започна со селективно одземање на сините ознаки за корисниците што не платиле

Социјалната мрежа Твитер вчера започна со отстранување на некогаш посакуваниот син беџ од илјадници кориснички сметки. Овој потег доаѓа додека сопственикот – милијардерот Илон Маск се обидува да ги промени правилата на компанијата за да оствари профит. Корисниците што пред преземањето на Твитер од Маск го имаат добиено синиот беџ со кој нивниот идентитет на платформата бил верификуван, доколку сакаат...

По интервјуто со Маск, Би-би-си според Твитер повеќе не е „медиум финансиран од владата“

Твитер ја промени ознаката на главниот профил на британскиот радиодифузер Би-би-си, овој пат означувајќи го како „јавно финансиран медиум“ (Publicly funded media), наместо „медиум финансиран од владата“ (Government funded media) – етикета која му ја додели во неделата за што радиодифузерот се спротивстави. Би-би-си на крајот од минатата седмица ја оспори доделената етикета од Твитер кој е во сопственост на...

Твитер повеќе не постои како компанија, се спои со „Екс Корп“

Твитер повеќе не постои како ентитет, откако „Твитер, Инк“ (Twitter, Inc.) се споила со „Екс Корп“ (X Corp.) корпорацијата, според судската пријава за промена на името поднесена во Калифорнија, САД. „Техкранч“ јавува дека бидејќи Твитер повеќе не е јавна компанија, не мора да пријавува ажурирања како промена на името, но новото име било забележано во документ од 4 април кој...

Твитер го означи Би-Би-Си како „медиум финансиран од владата“

Британскиот радиодифузер Би-Би-Си реагира на етикетирањето што го доби на својот главен профил на Твитер, каде е опишан како „медиум финансиран од владата“. Корпорацијата стапила во контакт со гигантот за социјални мрежи за да го реши проблемот што поскоро. „Би-Би-Си е, и отсекогаш бил независен. Ние сме финансирани од британската јавност преку надоместокот за лиценца“, велат од Британската радиодифузна корпорација, Би-Би-Си. Илон...

Само корисниците што плаќаат 8 долари месечно ќе можат да гласаат на анкети на Твитер

Нови промени на платената функција на Твитер, наречена Твитер Блу (Twitter Blue), најавува шефот на компанијата - милијардерот Илон Маск. Почнувајќи од 15 април, само корисниците што платиле за син беџ и имаат верификувани сметки ќе можат да гласаат на анкетите на оваа социјална мрежа. Според новата политика, само твитовите објавени од верификуваните профили ќе им бидат прикажувани како „препорачани“...

Твитер сега вреди помалку од половина од она што Маск го плати за компанијата

Твитер вреди помалку од половина од она што Илон Маск го плати за платформата пред шест месеци, според пресметките засновани на протечениот меморандум испратен од милијардерот до вработени во компанијата. Според напишаното од Маск во меморандумот, платформата за социјални медиуми сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари, јавува „Гардијан“. Во октомври минатата година, за да го купи Твитер, Маск...

„Мета“ гради нова социјална мрежа како ривал на Твитер

Матичната компанија на Инстаграм и Фејсбук, „Мета“ во моментов работи на изградба на нова самостојна платформа за споделување на текст, потврдиле од технолошкиот гигант за Си-ен-ен. Доколку лансира таква платформа, новата социјална мрежа ќе биде главен ривал на Твитер, која „пропаѓа“ под раководството на Илон Маск. Апликацијата која ќе биде слична на Твитер ќе ѝ овозможи на „Мета“ да го искористи...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...