fbpx
Таг: Твит

таг: Твит

АА: МНР да го повика рускиот амбасадор Баздникин по твитот „Косово е Србија, Крим е Русија“

Опозициската партија Алијанса за Албанците (АА) денеска побара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да го повика рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин за да побара објаснување и да протестира за објавениот твит од Руската амбасада во Скопје, со кој е објавена фотографија од националистички мурал во Косовска Митровица, на кој стои „Косово е Србија, Крим е Русија“....

Првиот твит на основачот на Твитер, објавен пред 15 години е продаден за скоро 3 милиони долари

Шефот и коосновачот на Твитер, Џек Дорси вчера го продаде неговиот прв твит објавен пред 15 години за речиси 3 милиони долари. Твитот во форма на НФТ, нов дигитален токен сличен на криптовалутите, е продаден на аукција на платформата „Valuables“, која е во сопственост на американската компанија „Cent“. Just setting up my twttr, гласеше првиот твит на Дорси, објавен на...

Босанскиот сервис „Раскринкавање“ побива лажни твитови на Трамп за нобеловецот Хандке

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Монтиран твит за сеење меѓуетничка нетрпеливост проголтаа српски медиуми, „Танјуг“ и српското МО

Една „фотомонтажа“ на твит, која предизвика многу гнев во српскојазичните медиуми на Балканот, е темата со која неодамна се зафати босанско-херцеговскиот сервис за проверка на факти и борба против лажните вести „Раскринкавање“ и докажа дека станува збор за лошо „скрпен“, односно измонтиран твит кој му се припишува на Емир Суљагиќ, од неодамна директор на Меморијалниот центар „Поточари“. „Твитот“ кој гласи...

Твитер-фалсификат за сеење омраза и уривање личен углед

Веб-страницата „Сигнал“ со објавувањето на материјалот ставен под наслов „Борјан Јовановски до Макрон: Француски гнаси цигански цркнете! (ФОТО)“, пласираше фалсификат и создаде груба дезинформација, оценува „КриТинк“. Станува збор за наслов, една портрет-фотографија, еден наводен скриншот со две реченици со напад и лажно тврдење – и толку. Но, во овие елементи се вградени фалсификат и говор на омраза, а проблемот со...

Трамп се закани на Коми, размислува да ги укине брифинзите за новинари

Претседателот на САД Доналд Трамп со неколку твитови денеска предизвика вистинска сензација во јавноста, откако порача дека „можеби е подобро“ да се укинат брифинзите за новинарите во Белата куќа, а потоа му се закани на сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми да не искажува негативни ставови за претседателот во јавноста, споменувајќи „снимки“. „Бидејќи сум многу активен претседател а многу работи...

Коцијанчич: Твитот покажува дека има разни нивоа на одговорност

По пропаднатата рудна преговори во Брисел синоќа, Европската комисија денеска уште еднаш ги повика лидерите да дојдат со конкретни предлози за излез од кризата. Маја Коцијанчич, портпаролка на Јоханес Хан, одговарајќи на прашање за тоа на кого се однесува неговиот твит во кој вели дека „кај некои лидери има недостиг од одгооврност и од лидерство“, вели: „Има разни нивоа на одговорност кај...

Обама на „Твитер“ собра милиони следбеници

Американскиот претседател Барак Обама, кој во понеделникот го објави првиот твит, постави светски рекорд во најбрзо собирање следбеници на социјалната мрежа „Твитер“, објави Гинисовата книга на рекорди. Обама во понеделникот твитна и го отвори својот налог на „Твитер“, @POTUS (President Оf Тhe United States – Претседател на Соединетите Држави) и за само пет часа собрал еден милион следбеници. Досегашниот рекорд во добивање следбеници на...

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...