!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Трамп се закани на Коми, размислува да ги укине брифинзите за новинари


Вашингтон, 12 мај, 2017 - 18:03 (META) 

Претседателот на САД Доналд Трамп со неколку твитови денеска предизвика вистинска сензација во јавноста, откако порача дека „можеби е подобро“ да се укинат брифинзите за новинарите во Белата куќа, а потоа му се закани на сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми да не искажува негативни ставови за претседателот во јавноста, споменувајќи „снимки“.

„Бидејќи сум многу активен претседател а многу работи се случуваат, не е можно моите соработници да застанат на говорница и да бидат совршено точни. Можеби е најдобро да се укинат сите идни брифинзи за новинарите и во интерес на вистината да се даваат писмени одговори???“, напиша Трамп на Твитер.

Овој потег е испровоциран од непријатностите со кои се соочи Белата куќа поради различните објаснувања за причините Трамп да го смени директорот на ФБИ, Џејмс Коми.

Откако Трамп го смени Коми, неговите советници изјавија дека тоа го направил по препорака на заменик министерот за правда Род Розенстајн. Потоа и самиот Трамп и неговите советници истакнаа дека тој планирал да го отстрани Коми од функцијата уште пред да ја добие препораката.

По првиот твит, уследи уште еден во кој Трамп го предупредува Коми навестувајќи дека е можно да има снимки од нивните разговори.

„Коми подобро нека се надева дека нема „снимки“ од нашите разговори пред да почне да дава информации во медиумите“, напиша Трамп.


Коцијанчич: Твитот покажува дека има разни нивоа на одговорност


Брисел, 11 јуни, 2015 - 13:20 (META) 

По пропаднатата рудна преговори во Брисел синоќа, Европската комисија денеска уште еднаш ги повика лидерите да дојдат со конкретни предлози за излез од кризата.

Маја Коцијанчич, портпаролка на Јоханес Хан, одговарајќи на прашање за тоа на кого се однесува неговиот твит во кој вели дека „кај некои лидери има недостиг од одгооврност и од лидерство“, вели: „Има разни нивоа на одговорност кај лидерите кои учествуваа. Не сакам да покажувам со прст, но ви ја дадов генералната линија според која политичките лидери треба да преземат одговорност и да дадат конректни предлози“.

Европската комисија е подготвена да продолжи да го олеснува процесот, додава Коцијанчиќ.


Обама на „Твитер“ собра милиони следбеници


Вашингтон, 20 мај, 2015 - 16:47 (META) 

Американскиот претседател Барак Обама, кој во понеделникот го објави првиот твит, постави светски рекорд во најбрзо собирање следбеници на социјалната мрежа „Твитер“, објави Гинисовата книга на рекорди.

Обама во понеделникот твитна и го отвори својот налог на „Твитер“, @POTUS (President Оf Тhe United States – Претседател на Соединетите Држави) и за само пет часа собрал еден милион следбеници.

Досегашниот рекорд во добивање следбеници на „Твитер“ го држеше актерот Роберт Дауни Џуниор, кој лани во април дојде до цифрата од еден милион следбеници за 23 часа и 22 минути.