fbpx
Таг: тужби

таг: тужби

СОС сака да го оцрни граѓанското општество со невистини и со манипулации

Јавно извинување и повлекување на сите лаги, клевети и дезинформации изнесени од „Стоп операција Сорос“ (СОС), побара 21 граѓанска организација денеска на прес-конференција. Доколку не добијат јавно извинување, тие велат дека ќе бидат принудени правдата да ја бараат на суд, односно ќе поднесат тужби за клевета и за навреда. - На СОС и на неговите налогодавци очигледно им пречат слободното и...

Лавина барања за извинувања и деманти на тврдењата на Чилиманов и на СОС

Деманти на нападите и на обвинувањата изречени од новинарот Цветин Чилиманов и од Никола Србов, кои заедно со новинарот Ненад Мирчевски, во саботата на прес-конференција изрекоа многу обвинувања и клевети, продолжуваат да стасуваат до медиумите и попладнево. Уште шест невладини организации, НВО Инфоцентар, Младински културен центар - Битола, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес, Центар за одржлив...

Судиите Неделкова и Џолев најавија тужби против Судскиот совет до Управниот суд

Судиите Иван Џолев и Лидија Неделкова најавија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд заради одлуките на Судскиот совет, кој ги одбил нивните приговори во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, пишува „Алсат М“. Џолев и Неделкова велат дека нивните забелешки биле поткрепени со факти, а при оценувањето...

Управниот суд ја уважи тужбата на СДСМ и го поништи гласањето во Теарце

Советот на Управниот суд ја прифати како основана тужбата на СДСМ и го поништи гласањето на гласачкото место број 2.011 во општина Теарце, во шестата изборна единица. Приговорот и тужбата на СДСМ за ова гласачко место се однесуваат на тоа дека на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на крајот при пребројувањето на гласовите било најдено...

СДСМ: Управен суд расправал по тужбата за изборите без претставници на СДСМ

Судскиот совет во Управен суд кога одлучувал по тужбата на СДСМ за гласањето во избирачкото место 2011 во Теарце, ја отворил и ја завршил расправата по предметот без обезбедено присуство на тужителот, односно претставници на СДСМ, соопштуваат денеска од партијата. „Судскиот совет не достави покана за седницата до подносителот на тужбата, СДСМ, туку несоодветно, известил за одржувањето на седницата по...

Управниот суд напладне ќе одлучува по тужбата од ВМРО-ДПМНЕ

Управниот суд за денеска напладне закажа седница на која ќе ја разгледува тужбата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на ДИК да се поништи гласањето во едно избирачко место во Гостивар по приговорот поднесен од Беса. Советот кој ќе одлучува по оваа тужба ќе го води судијката Есма Алибашиќ-Јонуз, а членови се Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани. Денеска...

Управниот суд ја заврши расправата по тужбите од СДСМ, рокот за одлука е утре во 19 часот

Управниот суд ја заврши јавната седница на која попладнево судиите ги разгледуваа двете тужби поднесени од СДСМ за решенијата на Државната изборна комисија по приговорите за предвремените парламентарни избори. Едната тужба се однесува за избирачкото место 1978 во општина Тетово, а другата е за одбиениот приговор за избирачкото место 2025 во општина Теарце. Судиите известители на јавната седница ги прочитаа тужбите...

Експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе го води советот на Управниот суд за тужбите

Управниот суд со жрепка ги избра петтемина судии што на јавна седница ќе одлучуваат по тужбите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за одлуките што Државната изборна комисија (ДИК) ги донесе по приговорите за текот на гласањето на изборните на 11 декември. Претседател на петчелниот совет е судијката и заменик-претседател на Управниот суд, Весна Јовановска, а членови се судиите Бурим Сејдини, Анета...

Кој го раководи и што е Управниот суд, кој ќе пресече за резултатот од изборите

Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера, пред истекот на рокот (ноќеска, на полноќ), соопштија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд за дел од одлучките на Државната изборна комисија по приговорите околу текот на гласањето на изборите на 11 декември. Управниот суд, пак, сега, според членот 150 од Изборниот законик, откако ќе ги прими тужбите, има рок од 48 часа...

Истече рокот за поднесување тужби на партиите до Управниот суд

Ноќеска на полноќ истече рокот за поднесување тужби од политичките партии до Управниот суд во врска со одлуките на Државната изборна комисија за приговорите за текот на гласањето на изборите на 11 декември. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на жрепка, во рок од 48 часа, на јавна седница треба да одлучат како ќе...

СДСМ ќе поднесе четири тужби до Управниот суд

СДСМ до крајот на денот ќе поднесе четири тужби до Управниот суд што се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6, соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Управниот суд е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите. ДИК не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на...

Беса нема да поднесе тужби, се сомнева во независноста на Управниот суд

Движењето Беса нема да поднесе тужби до Управниот суд по одлуките на Државната изборната комисија да се отфрлат седум од осумте приговори за изборниот процес. - Органите на партијата оценија да не поднесат тужби до Управниот суд бидејќи се сомневаат во неговата независност и однапред ја знаат неговата одлука - изјави за „Мета“ портпаролот на Беса, Орган Муртезани. Државната изборна комисија го...

Тече рокот за тужби на партиите до Управениот суд

Тече 24-часовниот рок за тужби по решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). Од ДИК синоќа најавија дека правната служба на комисијата ќе ги подготви и ќе им ги достави Беса и на коалицијата предводена од СДСМ решенијата за 13 приговори за кои веќе донесе одлука. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на ждрепка, во...

Се водат 41 судски процес за дискриминација на Роми на граничните премини

Во македонските судови во моментов се водат 41 судски процес по тужби на граѓани од ромската заедница, на кои без никакво образложение и аргумент не им бил дозволен излез од земјава на граничните премини. За овој проблем денеска во Министерството за внатрешни работи разговараа министерот Оливер Спасовски и претставници на повеќе невладини организации што ги застапуваат интересите на ромската заедница. На средбата, како...

Репортери без граници: Македонија на 118. место по слободата на медиумите

Македонија е на 118. место по слободата на медиумите во годинешниот извештај на организацијата Репортери без граници, зад Замбија, Нигерија, Конго и Катар. Во образложението на извештајот, за Македонија наведено е дека клеветата била отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата биле заменети со граѓански тужби со можности за високи казни и услови за одење во затвор за...

Турскиот премиер ги повлече тужбите за навреда и за клевета

Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, синоќа соопшти дека во понеделникот повлекол вкупно 1.500 тужби за навреди и за клевети насочени кон него или кон неговата функција. Меѓу лицата за кои се поднесени тужби има опозиционери, новинари и писатели. - Ги повлекувам обвиненијата зошто сум решен соработката со опозицијата да продолжи и да се зајакнува. Проблемите можеме да ги решиме низ...

Ердоган ќе ги повлече сите тужби за навреда на неговата личност

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа во Анкара соопшти дека ќе ги повлече сите судски тужби што ги има поднесено за навреда на неговата личност. - Ќе простам и ќе ги повлечам сите тужби за многу случаи во кои сум бил навредуван и непочитуван – рече Ердоган на церемонијата организирана во спомен на загинатите и на повредените лица во неуспешниот обид...

Талески од куќен притвор се заканува со тужби против новинари

Градоначалникот Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, од куќен притвор му се заканува со тужба на новинарот од Битола, Симе Алушевски, издавач на весникот „Его“. Во заканите против новинарот, на Талески му се придружил и секретарот на Општина Битола, Слободан Бончановски, кој исто така е осомничен во истиот предмет и одлежа еден месец куќен притвор. Градоначалникот Талески и...

Шведската влада им плати надомест на 11 Роми поради дискриминација

Шведскиот суд ѝ наложи на владата да исплати 3.200 евра како надомест за 11 Роми, кои покренале тужби за дискриминација затоа што полицијата собирала информации за нив. Шведскиот весник „Дагенс нихетер“ објави дека полицијата на југот на Шведска собирала информации за илјадници Роми, иако многу од нив не биле осомничени за сторен криминал. Полицијата негирала дека правела база на податоци на...

ВМРО-ДПМНЕ останува единствен избор, Управниот суд ја отфрли тужбата на НДМ

Управниот суд ja отфрли тужбата на Народното движење на Македонија (НДМ) поднесена против Државната изборна комисија (ДИК). Имено, НДМ поднесе тужба против одлуката на ДИК затоа што ги отфрли листите на кандидати за пратеници од оваа партија поради тоа што биле нецелосни. Управниот суд потврди дека шестмина кандидати на НДМ не биле дел од избирачкиот список, по што ги отфрли тужбите како...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...