fbpx
Таг: тужба

таг: тужба

Судот ја одби тужбата на новинарката Душица Мрѓа против државата за „крвавиот четврток“

Основниот суд Скопје 2 вчера ја одбил тужбата на новинарката Душица Мрѓа против државата поради повреда на правото на слобода на изразување за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Судот пресудил во корист на државата, а образложението за пресудата за „крвавиот четврток“ дополнително ќе ѝ биде доставено на новинарката во писмена форма, напиша новинарката Мрѓа на својот...

Коалиција Маргини и Мрежата за заштита од дискриминација поднесоа тужба за дискриминација во учебник за високо образование

Коалиција „Маргини“ заедно со Мрежата за заштита од дискриминација поднесоа тужба за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“, што се користи во наставната програма на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. „Обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременост и квалификување на истополовите партнерства како забеганост, се само...

ССНМ, ЗНМ и ААВМУ го осудија говорот на омраза на пратеникот Апасиев кон новинарките, тој се закани со тужба кон Јордановска

Лидерот на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев јавно, преку својот Фејсбук профил, упати закана за тужба кон новинарката Мери Јордановска, за „неовластено објавување личен запис (смс кореспонденција)“. Ваквите закани од пратеници и членови на парламентот кон новинари претставуваат директен и брутален притисок врз слободата на говорот и слободната новинарска мисла. Апасиев упати и навреди кон новинарките на „А1он“, Јордановска и...

„Ибеј“ губи во тужбата против „Амазон“

Амазон
Малопродажниот гигант „Амазон“ (Amazon) победува во спорот во кој е обвинет за преземање на трговци од неговиот ривал „Ибеј“ (eBay). Арбитражната комисија донела одлука во корист на „Амазон“ претходно овој месец, според судските документи кои ги поднела компанијата во вторникот. „Ибеј“ поднела две тужби, едната против „Амазон“ во 2018 година, а другата против група менаџери во 2019 година и во...

Судот ја одби тужбата на Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Основниот граѓански суд-Скопје ја одби тужбата за клевета на обвинителката Вилма Русковска поднесена против Игор Јанушев и Христијан Мицкоски, односно против опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тужбеното барање не е усвоено, а на странките во рок од осум дена ќе им биде доставена писмената пресуда, каде истата ќе биде и образложена. Инаку, обвинителката Вилма Русковска покрена тужба за клевета против опозициската партија...

Владата на САД се соочува со тужби од ТикТок и корисници на WeChat

Тик Ток и WeChat
ТикТок ја тужеше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради извршната наредба која ѝ забранува трансакции со матичната компанија “БајтДенс”. Во соопштението до медиумите, се вели дека „администрацијата ги игнорираше нашите широки напори за решавање на прашањето, кои ги водевме целосно и со добра волја“. Понатаму, од ТикТок велат: „Не ја тужиме владата лесно, но сметаме дека немаме друг...

Новинари ја тужат државата што не ги казни насилниците од 27 април

Кон крајот на април тројца новинари - Наташа Стојановска, Душица Мрѓа и Горан Трпеноски, жртви на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, поднесоа приватна тужба против државата поради повреда на правото на слобода на изразување и за надомест на нематеријална штета. Тужбата е поднесена во знак на незадоволство од Основното јавно обвинителство во Скопје, кое и после...

Новинари денеска поднесоа тужби против државата за нападите во Собранието на 27 април

Здружението на новинарите на Македонија потсетува дека на 27 април, пред три години се случи „крвавиот четврток“, каде поголема група поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ упадна во Собранието на Македонија, при што беа нападнати новинари, сниматели, пратеници и останати функционери. „Во име на одбележување на овој црн ден за демократијата и застапување на слободата на изразувањето и безбедноста...

Четири телевизии ја тужат ДИК, незадоволни од цената за платено политичко рекламирање

Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма поднесоа тужба за поведување на управен спор против Државната изборна комисија (ДИК) пред Управниот суд поради одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање за последните пет изборни циклуси. Македонските национални телевизии се незадоволни од цената по која ќе треба да ги емитуваат предизборните реклами на партиите...

ЕУ бара романските железници да ѝ ги вратат 570-те милиони евра помош

Европската Комисија (ЕК) ѝ нареди на романската влада да си ги поврати назад 570 - те милиони евра помош дадени на државното железничко претпријатие за товарен сообраќај „CFR Marfa“, пишува бугарскиот медиум „Капитал“. Од ЕК сметаат дека станува збор за незаконска помош што ѝ е дадена на државната компанија во периодот од над една деценија наназад преку отписи на...

„Еуромакс Рисорсис“ најавува меѓународна арбитража за Иловица

По повод одлуката на Владата еднострано да го раскине договорот за концесија за Иловица, од „Еуромакс Рисорсис“ сметаат дека ова е политичка одлука што е во спротивност со официјални изјави на Владата, дадени во јавноста неодамна како и во последните неколку денови, дека тие чекаат Управниот суд да донесе одлука за ова прашање. „Одлуката ова прашање да се реши од...

Фотограф го тужи Џастин Бибер за „украдена“ фотка

Фотограф го тужи Џастин Бибер бидејќи објавил негова папараци фотка на својот Инстаграм профил, без да го посочи фотографот кој ја направил фотографијата. Фотографот Роберт Барбера вели дека Џастин е виновен за прекршување на неговите авторски права со тоа што објавил негова фотографија без согласност од авторот на фотографијата. https://www.instagram.com/p/Bu82LNeHeA0/?utm_source=ig_embed Оваа тужба не е прва од ваков карактер. Во ваква ситуација...

Граѓански организации на меѓународен суд ќе ја тужат државата и Скопје за загадувањето

Четирите граѓански организации - Прва детска амбасада во светот– Меѓаши, „Радар“, „Зелен институт“ и ,,Новинари за човекови права” подготвуваат тужба кон државата и Град Скопје пред домашните и меѓународни судови поради загадувањето на воздухот. Во исто време, овие четири организации покренаа петиција наречена „Нула толеранција за аерозагадувањето“. - Ја повикавме и меѓународната заедница да помогне во борбата за живот и решавање...

Дураки за загадувањето: Јас не се занимавам со граѓаните, Македонија не е Швајцарија

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки вели дека „не се бави со граѓаните“, на прашање на телевизија „Сител“, за тужбата што граѓаните ја подготвуваат против државата заради здравствените последици кои ги трпат поради загадувањето. „Сега, јас не се бавам со граѓаните. Граѓаните може да се тужат, и тоа“, накратко одговори Дураки на прашањето, кој е неговиот став. На...

Савидис демантира вмешаност во протестите во Македонија и најавува тужби

Преку соопштение, групацијата компании на бизнисменот Иван Савиди, ги демантира написите во медиумите, отфрла секаква вмешаност во протестите во Македонија и најавува тужби против медиумите и авторите на објавениот текст во кој што се споменува неговото име. Соопштението од групацијата го објави грчката новинска агенција АНА-МПА, со коментар дека се однесува на текстот објавен во „Базфид“. „Јасно ставаме до знаење дека...

ВМРО-ДПМНЕ 11 пати му се извини на Рашковски за искажани клевети

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на својот „Фејсбук“ профил објави дека опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ 11 пати му се извинила за 11 обвинувања кои ги искажале за него откако тој поднел тужби за клевета. Во напишаното тој вели дека добил извинувања за обвинувањата за непотизам, кумски врски, присвојување на материјална корист, незаконско работење и се што требало да доведе до...

„Јадран филм“: Тозија нè уценуваше и бараше поткуп

Хрватската куќа „Јадран филм“, продуцент на серијата „Македонија“, со која Горјан Тозија в.д. директорот на Агенцијата за филм, го раскина договорот набргу по неговото стапување на функција, го обвини Тозија дека ја уценувал и барал поткуп. Според „Јадран филм“, тоа што на судењето по тужбата за незаконско раскинување на договорот Горјан Тозија не се појавил, а поканата за рочиштето се...

Исклучените ќе продолжат да плаќаат паушал за парно-греење, пресече Уставен суд

Домаќинствата кои се исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија на БЕГ ќе продолжат да плаќаат паушален надомест, пресече денеска Уставниот суд. Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, што значи, обрската на граѓаните на плаќање на паушален надомест останува. Исклучените граѓани...

Ердоган тужи член на опозицијата бидејќи го нарекол „фашистички диктатор“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднел тужба против Булент Тезџан, член на опозицијата, бидејќи го нарекол турскиот лидер „фашистички диктатор“, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Тезџан, кој е портпарол на главната турска опозициска Републиканска народна партија, изјавил дека намерата му била да ја прекине атмосферата на страв во Турција. Адвокатот на Ердоган, Хусеин Ајдин, изјавил дека е поднесена тужба...

Поранешниот шеф на Кривичниот суд, Панчевски, осуден за мобинг

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, е осуден за мобинг, по тужбата што против него ја поднесе Горан Стаменковски, поранешен раководител на секторот за човечки ресурси во судот, објави денеска Основниот суд Скопје 2. Според „Википедија“, мобинг е појава на психичко малтретирање на работното место, кое се повторува низ активности чија цел е деградација на работните услови на работникот,...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...