fbpx
Таг: тужба

таг: тужба

Проверувачите на факти од „Ellinika Hoaxes“ го добија спорот со Грчката асоцијација на физичари

Организацијата за проверка на факти „Ellinika Hoaxes“, од соседна Грција, го доби долгогодишниот спор со Грчката асоцијација на физичари. Со одлука на апелациониот суд по вторпат се отфрла тужбата за морална штета, неовластена обработка на лични податоци и клевета. Во 2019 година Грчката асоцијација на физичари го започна спорот заради две анализи на „Ellinika Hoaxes“, барајќи 700 илјади евра отштета....

Доналд Трамп треба да и плати 83,3 милиони долари на жена која го тужеше за клевета

Судот во Њујорк му наложи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да и плати отштета од 83,3 милиони долари на Џин Керол, која го обвини за уништување на нејзината репутација како доверлива новинарка при негирање дека ја силувал пред речиси три децении. Одлуката што ја донесе поротата за помалку од три часа, далеку ги надмина минималните 10 милиони долари што...

Имиња на политичари и славни личности во документите за сексуалниот престапник Епстин

Бројни судски документи кои ги идентификуваат соработниците на познатиот сексуален престапник Џефри Епстин беа објавени вчера, а меѓу имињата се споменуваат поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Доналд Трамп, британскиот принц Ендру, починатиот пејач Мајкл Џексон и познатиот магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд. Овие имиња се спомнуваат во документите поднесени како дел од тужбата против Гислајн Максвел, девојката на Епстин,...

Студенти во Јужна Кореја ја тужат владата зашто испитот им завршил 90 секунди порано

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/cb/Solar_tracker_22.png
Група јужнокорејски студенти ја тужат владата затоа што приемниот испит, наречен „Сунеунг“, завршил 90 секунди порано од предвиденото, пренесува Би-би-си. Како отштета, студентите бараат 20 милиони вони (15.400 долари) по студент, односно покривање на трошоците за едногодишно студирање, за повторно да го полагаат испитот. Нивната адвокатка тврди дека ваквата грешка влијаела на останатиот дел од испитот, затоа што се случила уште...

Тужби против Инстаграм и Фејсбук поради повреда на менталното здравје на младите

Матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм - „Мета“, во САД е обвинета за доведување во заблуда на јавноста околу ризиците од користењето на социјалните мрежи и за придонесување кон криза на менталното здравје кај младите, пренесува Би-би-си. Овие тврдења се изнесени во федерална тужба најавена од десетици американски сојузни држави. Државите тврдат дека компанијата користела опции и функции што создавале...

МОН: Викендов ќе се дистрибуираат учебници за шесто одделение во училиштата

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека учебниците за шесто одделение кои се веќе одобрени од Националната комисија за учебници, веќе се печатат и испорачуваат до училиштата. Оттаму тврдат дека задолжените лица за испорака биле максимално одговорни и ангажирани и дека во договорот со училишните раководства, ќе испорачуваат учебници и во текот на овој викенд. „Учебниците по албански јазик и...

Тужба за МОН бидејќи не обезбеди учебници за сите ученици

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната седница донела одлука да поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против Министерството за образование и наука (МОН) поради тоа што недостасуваат учебници во основното образование. „МОН го повреди правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, извршена со необезбедување учебници по...

Антидискриминаторската комисија може да го тужи МОН поради недостигот на учебници

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација може да го тужи Министерството за образование и наука (МОН), затоа што од ова министерство не ги обезбедиле сите неопходни учебници пред стартот на новата учебна година. Мета.мк веќе пишуваше дека недостигаат учебници од трето и шесто одделение, при што од МОН на стартот на учебната година рекоа дека прават напори да...

Ѓилас со тужба против ТВ Пинк за фалсификување на неговиот глас и лик со вештачка интелигенција

Претседателот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас изјави дека ангажирал адвокатска канцеларија и ќе ги тужи телевизијата Пинк и нејзиниот сопственик Жељко Митровиќ за фалсификување на неговиот глас и лик во видео со помош на вештачка интелигенција во кој се чини дека признава оти направил злоупотреби, пренесе Данас.рс. Ѓилас на прес-конференцијата пред зградата ТВ Пинк рече дека како...

Тужба против Град Скопје оти не обезбеди бесплатен превоз за студентите од приватните универзитети, најавува КСЗД

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес (Actio popularis) за остварување на правото на бесплатен јавен превоз за сите студенти од приватните универзитети, објави Радио МОФ. Од КСЗД за Мета.мк потврдија дека размислуваат за два типа на пријави, од кои едната е прекршочна и ќе се однесува на непостапувањето...

Твитер се закани дека ќе ја тужи „Мета“ поради новата апликација „Тредс“

Твитер размислува за тужба против „Мета“ поради нејзината нова брзорастечка ривалска социјална мрежа наречена „Threads“ (Тредс), тврдејќи дека компанијата ги прекршила правата на интелектуална сопственост на Твитер. Апликацијата која беше лансирана вчера многу наликува на Твитер, а од раководството на компанијата „Мета“ беше опишана како нејзина „пријателска алтернатива“. Како што пренесоа повеќе светски медиуми, адвокатот на Твитер испратил писмо до извршниот...

Американски музички издавачи го тужат Твитер поради масовно кршење на авторските права

Група од 17 музички издавачки куќи од САД го тужи Твитер, тврдејќи оти платформата овозможила прекршување на авторските права кои вклучуваат речиси 1.700 песни. Националната асоцијација на музички издавачи сега бара отштета од повеќе од 250 милиони долари, објави „Врџ“. Во тужбата поднесена до федералниот суд во Тенеси, се тврди дека компанијата „го храни својот бизнис со безброј прекршувања на музички...

Тужба против „Бајтденс“: Кина шпионирала активисти од Хонг Конг преку ТикТок

Компанијата сопственик на ТикТок, „ByteDance“ (Бајтденс) е обвинета дека им дозволила на членовите на кинеската Комунистичка партија да пристапат до податоците на активистите и демонстрантите за граѓански права во Хонг Конг. Идентификувани и следени биле и корисниците што објавувале содржини поврзани со протести, тврди во тужба поднесена од Врховниот суд во Сан Франциско, САД, од поранешниот шеф на инженерство во...

ЗНМ: Апелациониот суд донесе срамна одлука на штета на новинарството

Советот на Апелациониот суд - Скопје, ја укина пресудата на Основниот граѓански суд во корист на новинарите и повторно го врати на судење предметот во кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги тужи Сашка Цветковска и Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Оваа одлука е срамна, оцени Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). „Советот на Апелациониот суд составен од судиите Гордана Ѓорчева, претседател...

Поранешната претседателка Дамева со тужба и со кривична пријава за разрешувањето од Судскиот совет

Весна Дамева, поранешната претседателка на Судскиот совет која беше разрешена од функцијата на контроверзен начин, кој експертите го протолкуваа како незаконски, поднела тужба до Управниот суд и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за нејзиното разрешување. Во разговор со Порталб.мк, Дамева вели дека доколку институциите не утврдат одговорност во разумен рок, таа е подготвена во јавноста да ги каже сите...

Осудени новинари на српски „Крик“ оти објавиле текст за тоа кој сè ги тужи

Српскиот веб-портал Крик.рс, познат по големиот број истражувачки стории и награди за истражувачко новинарство, но и критичар на власта, бил осуден од страна на Вишиот суд во Белград, поради напис во кој се набројуваат тужбите против редакцијата. Инаку, ваквите тужби, во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP), со цел да...

„Првиот робот адвокат“ DoNotPay доби тужба од адвокатска фирма затоа што „нема диплома“

DoNotPay, кој се опишува себеси како „првиот робот-адвокат во светот“, е обвинет за вршење адвокатска дејност без лиценца. Против него на 3 март од адвокатската фирма Еделсон со седиште во Чикаго е поднесена колективна тужба која во четвртокот беше објавена на веб-страницата на Врховниот суд на државата Калифорнија за округот Сан Франциско, пренесе Инсајдер. Во жалбата се тврди: „За жал...

Австралиски градоначалник ја подготвува првата тужба против чет ботот ChatGPT

Регионален австралиски градоначалник изјавил дека може да ја тужи компанијата OpenAI доколку не ги исправи лажните тврдења на чет ботот ChatGPT, дека одлежал затворска казна за поткуп. Ова би била првата тужба за клевета во светот против автоматизирана служба за текстуални пораки, јавува Гардијан. Брајан Худ, кој бил избран за градоначалник на Хепберн Шајр (на 120 километри северозападно од Мелбурн),...

Српскиот претседател Вучиќ тужеше новинарки, па ја повлече тужбата

Српскиот претседател Александар Вучиќ тужеше новинарки за две емисии од познатата документарна серија „Владетел“, која се емитуваше во 2020 година на телевизијата N1. Дводелниот документарен серијал „Владетелот“, на авторскиот тим составен од Славиша Лекиќ (автор), Јована С. Полиќ (режисер) и Сања Лончар (монтажер), ја прикажува турбулентната политичка биографија на Александар Вучиќ и како што се наведува, неговата долгогодишна политичка доминација...

АЕЖ Бугарија собира донации за медиумот „Медиапул“ кој се соочува со процес „тежок“ илјадници евра

Асоцијацијата на европските новинари - Бугарија (АЕЖ Бугарија) вчера почна кампања за собирање донации за бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg, кој се соочува со форма на притисок, односно процес-шлаканица „SLAPP“ (Strategic Lawsuit Against Public Participation), почнат од бугарска осигурителна компанија, која бара отштета од еден милион лева (околу 500.000 евра). Само за медиумот да може да учестувува во процесот, пак, ќе треба...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...