fbpx
Таг: тутун

таг: тутун

Откупната цена на тутунот достигна 214,8 денари за килограм

Откупот на тутун е во завршна фаза и се очекува да заврши до крајот на месецот, а просечната откупна цена на тутунот од реколтата 2017 достигна 214,8 денари за килограм, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство досега се откупени повеќе од 21,5 милиони килограми тутун во вредност од близу 60 милиони...

Заев: Просечната цена на тутунот достигна 209,5 денари, што е добро за производителите

Просечната цена за откуп на килограм тутун до сега е 209,5 денари и со исплатата на субвенциите кои ќе бидат во предвидениот рок, таа ќе достигне во просек од 269 денари, изјави денеска премиерот Зоран Заев при посетата на откупните пунктови за тутун во прилепско. Тој оцени дека овие приходи се достоинствени за 30.000 семејства што живеат од тутун, што се...

Секој втор во Македонија пуши, најмладите најмногу се опиваат

Речиси секој втор граѓанин на Македонија пуши, а во текот на изминатава година најголемо секојдневно опивање е забележано меѓу младите на возраст од 15 до 24 години, покажува новата студија за употребата на психоактивни супстанци во Република Македонија, која ја изработи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Македонија. Презентирајќи ја студијата, директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети, нагласи дека загрижува...

Запленет тутун „вирџинија“ забранет за производство

СВР Битола и Државниот инспекторат за земјоделство во координација со Министерството за земјоделство пронашле насади и обработка на тутун од типот „вирџинија“, кои не се пријавени и немаат договор со регистрираните откупувачи, а согласно Законот за тутун не смеат да се произведуваат. Биле извршени претреси кај пет физички лица и едно правно лице од село Могила и биле одземени 24.826...

Зголемување на прометот на храна, пијалаци и на тутун во трговијата на мало

Во трговијата на мало, во јуни годинава во однос на истиот месец лани, зголемување на прометот е забележано кај храната, пијалаците и кај тутунот за 6 проценти, како и кај горивата за автомобили за 8,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Намалување на прометот во трговијата на мало е забележано во групата непрехранбени продукти, освен гориво, за 9,3 проценти.

„Империал тобако“ ќе го зголеми oткупот на тутун за 9 проценти

Тутунската индустрија во Македонија е една од носечките во македонската економија и постојаното инвестирање го зголемува потенцијалот за развој на сите субјекти во синџирот, од производителите до дистрибутерите и до продажбата. Ова денеска го порача претседателката на управниот одбор на „Империал тобако“ за Јадранскиот Регион, Пиа Барборич-Јурјашевич. Денеска беше претставена инвестицијата од 1,8 милиони евра во нова, современа производствена линија во...

„Империал тобако“: Поскапувањето на цигарите беше интерна одлука

„Врз последното поскапување на цигарите влијаеше пристапот на нашата компанија кон пазарот, нејзино позиционирање и градењето на портфолиото. Во овој случај акцизата не беше фактор кој влијаеше на промената на цената“, одговори директорот за корпоративни и за правни работи на „Империал тобако“, Стеван Вранеш, на новинарско прашање во врска со последното поскапување на дел од цигарите за пет денари. Тој...

Сè помалку се издаваат фискални сметки при купување алкохол и цигари

Лани најретко се издавале фискални сметки за услуги за одржување на домот (17 проценти), услуги за поправки на домот (21 процент), изнајмување имот (30 процент) и за занаетчиски услуги (36 проценти). Ова го покажуваат податоците од анкетата за даночната евазија во Република Македонија во 2016 година, направена од Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП). Во 2016 година, повеќе од половина од...

Откупени 19.000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм

Ланската реколта на тутун се откупи целата до крајниот законски рок, 15 март. Откупени се вкупно 19.000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм. - Иако квалитетна, реколтата потфрли за 25 до 30 отсто. Наместо 25.700 тони колку што откупувачите пријавија во Министерството за земјоделство, се откупија 19.000 тони. На ниските приноси, главно влијаеја три фактори: проблеми...

Откупени 8.000 тони тутун по просечна цена од 185 денари за килограм

Од почетокот на откупот на тутунот, откупени се 8.000 тони тутун со просечна цена од 185 денари по килограм. За реколтата 2015/2016 година, склучени се 28.454 договри со тутунарите, што е за 17 проценти помала бројка во однос на минатата година, кога бројот на склучени договори изнесувал 34.500. Откупот треба да заврши на 20 февруари.  

Просечната цена на тутунот достигна 177 денари

Просечната цена на тутнот изнесува 177 денари за еден килограм и откупот се одвива во најдобар ред. Ова денеска го истакна заменик-министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски, по денешната посета на откупните пунктови на „Сокотаб“ и на Тутунскиот комбинат во Прилеп. - Уште еднаш ги повикуваме откупувачите реално да го ценат тутунот зашто инспекоратот со зајакнати тимови будно ќе ја следи ситуацијата на...

Почна откупот на тутунот

Големите компании почнаа со откуп на годинешната реколта на тутун, која изнесува 20.000 тони и е помала од ланската. Заради квалитетот, тутунарите очекуваат солидна откупна цена. Од денеска тутунот се откупува во компаниите „Алијанса“ од Кавадарци и „Струмица табак“, а до понеделник сите девет откупувачи ќе го проценуваат родот на вкупно 186 ваги на 152 откупни пункта во земјата.

Бројот на склучени договори со тутунарите намален за 17 проценти

Тутунската индустрија бележи пад во сите сегменти од производство на тутун, склучени договори со тутунарите, засадени површини и цена на тутун. За реколтата 2015/2016 година, склучени се 28.454 договри со тутунарите, што е за 17 проценти помала бројка во однос на минатата година, кога бројот на склучени договори изнесувал 34.500. Во 2014 година, засеаната површина со тутун изнесувала 14.030 хектари, што е за...

МВР: Ќе ги испитаме наводите на СДСМ за нелегално производство на тутун

Министерството за внатрешни работи, по соопштението на СДСМ, се огласи дека ќе ги испита наводите на партијата дека во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Република Македонија. „Министерството за внатрешни работи ќе ги испита наводите на СДСМ за нелегално производство и продажба на тутун од типот...

СДСМ: Продолжува нелегалното производство и продажба на забранет тутун

Со нечија заштита и одобрување во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Република Македонија, велат од СДСМ. „Цената на овој нелегален тутун од килограм се движи и до 10 евра на светските пазари додека цената на легалниот тип орентален тутун којшто го произведуваат нашите тутунари изнесува...

Царината и „Филип Морис“ заедно во борба против шверцот на тутун

Царинската управа и „Филип Морис Тутунски комбинат - Прилеп“ со меморандум за соработка се обврзаа на зајакнување и на координација во борбата против нелегалната трговија со тутун. Меморандумот го потпишаа директорката на Царинската управа, Наташа Радеска-Крстевска, и генералниот директор на „Филип Морис Тутунски комбинат - Прилеп“, Емре Козлу, претставник на „Филип Морис интернешнал менаџмент“. - Иако нивото на трговија со нелегални...

Тутунската индустрија бележи пад по сите параметри

Намален е бројот на склучени договори со кооперантите, има помалку засадена површина, добиени се помали приноси, има помал откуп и пониска просечна цена во однос на 2013 година - ова може да се заклучи од анализата на податоците во тутунската индустрија. Откупот на тутунот за 2014 година заврши во законски предвидениот рок, 15 март оваа година. - Во 2014 година има склучено...

Откупен е целиот тутун од ланската реколта

Целиот род на тутунот од ланската реколта е откупен во законскиот рок до 15 март, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков. Министерот соопшти дека откупени се околу 25.000 тони тутун, по просечна цена од 120 денари за еден килограм и најави дека од откупувачите ќе се побараат списоците за преземениот род за да се почне исплатата на субвенциите.

Компаниите да организираат дополнителен термин за откуп на тутун

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) апелираше компаниите што доцнат со откупот на тутунот, да организираат дополнителни термини за преземање на договорените количества доколку тутунот го враќаат од пунктот поради влажност или од други причини, да го известат производителот за терминот на следното преземање. При откупот да го евидентираат и вишокот тутун на производителите, а во поканите за преземање...

Министерството за финансии исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари

Министерството за финансии денеска исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари за реколтата од 2013 година. Станува збор за доисплата за откупен тутун на оние тутунари што имале проблем со трансакциските сметки и кај кои сега се надминати техничките пречки.  

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...