fbpx
Таг: Турци

таг: Турци

Одговорноста за убиството на рускиот амбасадор во Турција ja презеде Ал нусра

Одговорноста за убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, ја презеде терористичката организација Џеиш ел фарах, порано позната како фронтот Ал нусра, јавуваат светските медиуми. Терористичката група ја презеде одговорноста преку писмо кое го објавиле на интернет. Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, почина откако беше ранет со огнено оружје за време на изложбата „Русија во очите на Турците“.

Постигнат напредок во преговорите за обединување на Кипар

На преговорите за повторно обединување на поделениот остров Кипар е постигнат значаен напредок, а разговорите ќе продолжат на 20 ноември во Женева, се наведува во соопштението од Обединетите нации. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-му, кој во понеделникот го отвори новиот круг преговори меѓу претседателот на кипарските Грци, Никос Анастасиадис, и претседателот на кипарските Турци, Мустафа Аканџи, синоќа рече дека...

Пропадна тендерот за продажба на ФК „Брегалница“

Една понуда пристигнала на јавниот повик за продажба на фудбалскиот клуб „Брегалница“ од Штип. На денот кога требаше да бидат отворени понудите, Општината Штип одлучи да го поништи тендерот и уште веднаш распиша нов. Според објаснувањето од Општината, тендерот требало да биде меѓународен, со објава во странски медиум. Имено, идејата била да привлечат странски инвеститори. Отворањето на понудите имаше голем...

Во мај во Охрид најбројни биле туристите од Турција

Гостите од Турција ѝ дадоа печат на претсезоната во Охрид. Во мај, најголем бил бројот на туристи од оваа земја, што се случува првпат досега. Веднаш по турските туристи, следуваат оние од  Србија, Бугарија и од Грција, кои во мај, исто така, во голем број го посетиле Охрид. Во овој период е забележано зголемување на бројот на посетителите што доаѓаат од азиските...

Сто и тринаесет години од смртта на Гоце Делчев

Во Македонија денеска се одбележуваат 113 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и на Никола. Се школувал во гимназија во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО, работел на создавање мрежа на бази, комитети...

Турците протестираа пред „Сител“: „Излези Латас, ако имаш образ“

Со извиците „Излези Латас“, „Оставка“, „Демократија“, „Излези Ѕинго“, неколку десетици Турци од Македонија протестираа пред теливизија „Сител“ и побараа главниот уредник, Драган Павловиќ - Латас, да даде оставка и да поднесе одговорност за искажаниот говор на омраза во синоќешното интервју со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кому му рече дека „лаже како Турчин“. Тие побараа Латас да излезе и да им објасни...

Сејфула: Изјавата на Латас е навреда за Турците од целиот свет

Неколку десетици граѓани, поголемиот дел од нив припадници на турската заедница во Македонија, се собраа на мирен протест пред Владата затоа што, како што рекоа, се згрозени од изјавата на уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, кој во интервјуто со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, му рече „лажеш како Турчин“. На протестот тие рекоа дека ова е навреда за...

Турците денеска на протест пред Владата и пред „Сител“

Tурците во Македонија денеска пред Владата организираат протест по вчерашната навреда од уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, кој на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, му се обрати со зборовите „лажеш како Турчин“. Во повикот објавен на „Фејсбук“ стои дека дрскоста на Драган Павловиќ – Латас нема крај, паниката и нервозата е видлива и прекумерна. „Во денешниот дневник (10.02.2016...

Латас: Им се извинувам на сите Турци и ветувам дека навредата нема да се повтори

Главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, им се извини на сите Турци затоа што во интервјуто со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му рече дека „лаже како Турчин“. Павловиќ - Латас рече дека му е жал и дека се извинува на секој Турчин што се почувствувал навреден. Тој вети дека навредата нема да му се повтори. -...

Понеделник е неработен ден за Турците во Македонија

Денот на настава на турски јазик, понеделник, е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Оттаму на граѓаните припадници на турската заедница им го честитаат Денот на наставата на турски јазик.

Турски државјани со бисквити мамеле малолетници во Битола за да ги фотографираат

Тројца турски државјани со бисквити примамувале малолетници во Битола за да ги фотографираат со мобилни телефони. Случај со ваква приказна вчера бил пријавен во СВР Битола откако татко на едно од малолетните деца успеал да ги претекне турските државјани и да побара помош од полицијата. Оваа вест денеска бргу се прошири меѓу битолчани и предизвика голема вознемиреност, особено кај...

Киднапирани 16 турски работници во Багдад

Засега непознати маскирани лица, облечени во униформи, киднапирале 16 турски работници и инженер во Багдад, соопшти денеска ирачкото министерство за внатрешни работи. Киднапирањето се случило во североисточниот дел на Багдад, соопшти портпаролот на министерството, Сад Мад. Киднаперите в зори го нападнале караванот, во кој спиеле градежните работници. Минатата година припадниците на Исламска држава киднапираа 46 државјани на Турција, но по три месеци...

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...