fbpx
Таг: туризам

таг: туризам

Проблеми со редовната исплата на субвенции за донесените туристи

Долгите и комплицирани административни процедури за добивање на субвенции и нивната нередовна исплата се едни од основните причини поради кои странските тур - оператори ја заобиколуваат нашата земја, реагираат од туристичкиот сектор. Странските тур - оператори не можат со месеци да бидат исплатени за субвенциите што се даваат за донесените туристи во Македонија. Асим Меџедовиќ, генерален менаџер на туристичката агенција...

Намалување на бројот на туристи во јули

По минатогодишната рекордна сезона на гости, бројот на туристи и остварени ноќевања изминатово лето се намалува. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на туристите во јули 2019 година изнесувал 171.862, кои оствариле 682.854 ноќевања. Бројот на туристите во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 2,5 отсто, а бројот на ноќевањата...

Општина Охрид ќе го дигитализира и промовира културното наследство

Охридското културно наследство ќе се дигитализира и промовира во рамките на проектот „Интер - регионално управување со културното наследство Е - Систем“ (Inter-Regional Cultural Heritage Management e - System). Општина Охрид учествува во регионалниот проект, чија главна цел е преку дигитализација на културното наследство да се развива културниот туризам и да се едуцираат младите и туристите за значењето на...

Отворен новиот Центар за спасување на планина

Во рамки на проектот „Регион Охридско Езеро безбедна дестинација за авантуристички туризам“, инаку еден од деветте проекти финансирани од ЕУ преку ИПА-програмата за прекугранична соработка со Албанија, денеска во Охрид ставен е во функција новиот Центар за спасување на планина. „Не е целта само да привлекуваме туристи, треба да се грижиме за нивната безбедност. За поздравување е што една од...

„Градење заедничка иднина“ е настан кој ќе се одржи во Охрид за поголема соработка со Албанија

„Градење заедничка иднина – Creating a common future“ е слоганот на претстојниот пограничен целодневен настан, што на 10 јули ќе се случува во Охрид, во организација на девет проекти имплементирани од страна на 30 граѓански организации, корисници на грантови од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, финансирана од страна на Европската Унија. Вкупна вредност...

Првиот Центар за спасување на планина ќе биде отворен деновиве

Авантуристичкиот туризам освен природните можности прилагодени на барањата на современиот туризам треба да гарантира и безбедност. Тоа значи опрема за брза и безбедна акција и спасување во случај на потреба, како и координација на самите служби. За таа цел, деновиве во Охрид ќе биде отворен новиот Центар за спасување на планина. Станува збор за објект кој во себе ќе има...

Онлајн платформа “iTop” за лесен пристап до туристички пакети во мрежата на СТЕП

Проектот за зајакнување на иновативен туризам во регионот Полог и Елбасан СТЕП , промоција на туризмот ќе креира платформа наречена „iTop“, која ќе им овозможи на туристите лесен пристап до туристичките пакети кои се нудат од мрежата на СТЕП во двата региона во Македонија и Албанија. Флорент Бајрами, координатор на СТЕП за „Порталб“ вели дека онлајн-платформата ќе се реализира по...

СТЕП: Туристички пакети за природните и културни вредности на Македонија и Албанија

На заеднички состанок во селото Јанче, партнерите во Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) ги договараа туристичките пакети што ќе се нудат заеднички во северозападна Македонија и во регионот Елбасан во Албанија. Учесниците од Албанија на средбата во комплексот „Туто“ во живописното село во општина Маврово - Ростуше, кој исто така е член на мрежата на СТЕП, претставија неколку...

Онлајн апликација за членство во проектот за иновативен туризам (СТЕП)

Заинтересираните туристички капацитети кои сакаат да станат дел од мрежата на Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП), отсега тоа ќе може да го направат и електронски. Тоа може да се стори со пополнување на овој електронски формулар, по што од СТЕП ќе контактираат со апликантот. Целта на СТЕП е промовирање на енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите...

Туристичките водичи во Охрид се брендираа 

Oхридските туристички водичи се брендираа, а истовремено денеска беше ставен во функција туристичкиот Инфо-центар во центарот на Охрид. Три години после неговото поставување, објектот ќе је оправда својата намена. „Регистрираните туристички водичи, со опремата која што ќе ја добијат, ќе бидат вистински репрезент на градот. За таа цел беа набавени и изработени маички и чадори кои ќе бидат брендирани“, вели...

Хотелиерите реагираат за лошата состојба на туристичкиот центар Попова Шапка

Хотелиерите на Попова Шапка реагираат што двоседот „Св.Илија“ не работи од февруари лани и велат дека без негово функционирање, не може да се одвива никаков туризам. Загрижени се што толку долго време никој не презема ништо и нема никакви вложувања во овој познат туристички центар. Освен тоа, стагнира и изградбата на шестоседот. Хотелиерите велат дека досега немало толку слаба организација на...

Нов планински туристички производ кој ги поврзува Македонија, Албанија и Косово

Нов транс-национален планински туристички производ „Хај скардус треил“ (High Scardus Trail) кој ги поврзува планинските масиви во пограничните области на Албанија, Македонија и Косово беше промовиран на 11 август во Пешкопеја, Албанија. Во рамките на промоцијата, имаше и промотивно планинарење на две групи по две патеки патеки кои се дел од ХСТ,  Битуше - Веливар - Хиноске и Торбешки мост...

РСС објави повик за грантови за развој на туризмот во земјите од Западен Балкан

Регионалниот совет за соработка (РСС) објави програма за доделување на грантови во вкупна вредност од 1,62 милиони евра за развој на туризмот во земјите од Западен Балкан.Парите се наменети за унапредување на инфраструктурата и квалитетот на услугите на културните и авантуристичките рути во регионот. Со повикот кој ќе трае до 16 август годинава, се очекуваат понуди на субјекти од јавен...

Министерството за економија промовираше апликација „Посети ја Македонија“

Министерство за економија ја промовираше апликацијата „Посети ја Македонија“ (visitmacedonia). Министерот Крешник Бектеши изјави дека апликацијата ги следи светските трендови за дигитализација и иновации во туристичката промоција, а има за цел да го привлече вниманието на туристите, посебно на транзитните. „Нивната бројка не е за занемарување, само по Коридорот 10 низ нашата земја транзитираат во просек по 3,5 милиони туристи. Ако им...

Холандските туристи најбројни и со најмногу субвенции

Во последните 10 години односно од 2008 до 2017 година над 200.000 туристи од Холандија оствариле речиси еден милион ноќевања во Македонија, покажува најновата анализа на „ДАТА“. По нив, најмногу ноќевања имало од туристите од Турција односно 922.046 ноќевања од 600.221 Турци, а 417.959 Срби ноќевале 837.802 пати. Туристичкиот пик Македонија го доживеала во 1987 година кога имало 2,4 милиони...

Пет милиони евра за заеднички туристички понуди на Западен Балкан

Тригодишен проект за унапредување на туризмот преку заеднички туристички понуди во земјите од Западен Балкан, вреден пет милиони евра, беше промовиран денеска во Сараево. Проектот, како што соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), треба да им помогне на земјите од Балканот да ги прошират и соединат туристичките производи од културниот и авантуристичкиот туризам. „Во следните три години преку овој проект на...

Се формира мрежа за иновативен туризам

Во рамките на проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) денеска се одржа првата конститутивна седница на мрежата за проширување и унапредување на стратешкиот и координиран пристап до нови и стратешки пазари за извоз на туризам за туристички бизниси и за подобрена комуникација и соработка. Учесници беа претставници мали и средни претпријатија, владини агенции на централно и на локално ниво,...

Општина Гостивар и „Метаморфозис“ потпишаа Меморандум за соработка за Проектот за зајакнување на иновативен туризам

Општина Гостивар и Фондацијата за интернет о и општество „Метаморфозис“, денеска потпишаа Меморандум за соработка за Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП). Меморандумот го потпишаа градоначалникот Арбен Таравари и извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари. На свеченоста на потпишувањето присуствуваше и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар. Целта на проектот е да се промовира енергичен туристички...

Отворен повик за 21 милиони евра за развој на туризмот преку инфраструктурни инвестиции

Владата во соработка со Европската унија и Светска банка денеска објавија втор повик за искористување на 21 милиони евра во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност. 18 милиони евра се обезбедени од ИПА-програмата на Европска комисија, а три милиони евра се од буџетот, повикот е администриран од Светска банка. Преку овој проект ќе се овозможи општините, асоцијациите и приватните...

Македонија и Албанија ќе развиваат иновативен туризам во Полошкиот и регионот на Елбасан

Денеска во хотелот „Меркур“ во Тетово беше претставен новиот проект на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија во областа на развојот на туризмот СТЕП. Проектот за зајакнување на иновативниот туризам (СТЕП) ќе биде имплементиран од Фондацијата „Метаморфозис“ во соработка со Центарот за развој на Полошки плански регион и Советот на Округот Елбасан. На промотивниот настан каде што покрај...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...