fbpx
Таг: туристи

таг: туристи

Бугарија ќе дозволи влез на македонски државјани со негативен PCR тест

Бугарската влада ќе им дозволи на македонските државјани и на граѓаните на уште четири други земји да можат да влезат во оваа земја со негативен PCR тест, не постар од 72 часа, јавуваат бугарските медиуми. На туристите од Северна Македонија, Молдавија, Србија, Израел и Кувајт ќе им биде дозволен влез во Бугарија со претходно извршено тестирање, објасни заменик-претседателот на Народното...

Условите за влез во соседните држави на Северна Македонија за време на Ковид-19

Кризата со КОВИД-19 предизвика хаос во границите на европските земји, вклучувајќи ги и балканските земји. Доколку планирате да патувате во овој период, повеќето држави препорачуваат да го одложите патувањето, доколку немате некоја итна потреба. Туристичката сезона само што почнала, неколку држави почнале да ги заведуваат туристите со отворањето на границите, известува Порталб.мк. Претходно пишувавме за сите држави на ЕУ и...

Туристите ќе може да го гледаат водниот свет на Охридско Езеро пловејќи

За новата туристичка сезона, пловило со стаклено дно во водите на Охридското Езеро ќе привлекува туристи со можноста да се гледа подводниот свет, како во суперпопуларните туристички места. Во Охрид од Кавадарци пристигна пловило со провидно дно со капацитет од 12 лица , кое на метар и половина под нивото на езерото, ќе им го нуди на туристите на уживање...

Партизаните го ослободиле Скопје од германската војска, кога Бугарија веќе била на страна на сојузниците

Сатирата е неопходна во секое цивилизирано и демократско општество, но преголемо симплифицирање може да доведе и до дезинформирање. Пример за пренос на неточен историски податок преку сатира е еден од најпопуларните твитови објавени во врска со вчерашниот Ден на ослободување на Скопје на 13 ноември 1944 година. Тој потекнува од профил кој претставува пародија на премиерот Зоран Заев. Today before 75...

Турците убедливо најбројни доселеници и странски туристи во земјава

Граѓаните на Турција се на врвот на листите на земји рангирани по број на доселени странци и по бројот на туристи од странство во Македонија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Од вкупно 2.557 доселени странци во текот на минатата година 812 биле од Турција. Многу зад нив, на второто и третото место по бројот на доселени странци...

Општините од Охридскиот регион сакаат да соработуваат со Планинската спасителна служба

Општините Охрид, Дебрца и Вевчани потпишаа Меморандум за соработка со Плананиската спасителна служба при Црвен крст Охрид, со кој ги дефинираа меѓусебните обврски, а со цел за да може службата за спасување да продолжи да функционира и да се развива. Антонио Додевски проект менаџер на Проектот „Регионот Охридско езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, на средбата потенцираше дека бројот...

Во првите осум месеци бројот на туристи е зголемен за 2,1 проценти за разлика од лани

Во периодот од јануари до август годинава во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,1 отсто, кај домашните за 1,3 проценти, а кај странските за 2,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Кај ноќевањата зголемувањето изнесува 1,5 отсто, при што кај домашните 0,3 отсто, а кај странските 3,2 отсто. Државава во август годинава...

Француски туристи со жолти елеци во Албанија блокираа возачи-Албанци

Група француски туристи на граничниот премин Хан Хоти на северот на Албанија, вчера блокираа една лента, револтирани што возачите-Албанци не ги почитуваат сообраќајните правила. Тие облекоа жолти елеци - симболот на повеќемесечните протести против француските власти, и на граничниот премин кон Црна Гора, ги блокираа возачите што се обидуваа да стасаат преку ред до царинската и пасошката контрола, јави Топ...

Опаѓа бројот на туристи во хотелите на Попова Шапка со кои управува „ЕЛЕМ турс“

Од податоците за бројот на туристи кои престојувале во двата хотели со кои управува „ЕЛЕМ турс“, хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“, се гледа дека бројот на туристите во текот на годините е намален. Веќе е познато за јавноста, а е потврдено и од „ЕЛЕМ“, дека овие хотели со години работат со загуба, пишува „Порталб.мк“. Овие бројки не можат да се...

Бројот на туристи во првиот квартал е зголемен за 2,4 проценти во однос на лани

Во првите четири месеци, бројот на туристите е зголемен за 2,4 проценти, во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи зголемувањето е за 5,4 проценти, а кај странските за еден процент. Во првите четири месеци споредено со истиот период од минатата година е регистрирано зголемување на ноќевањата за 0,8 проценти, кај домашните за 4,4 проценти,...

Успешна акција за спасување на странски туристи на Галичица

Планинската спасителна служба (ПСС), преку СВР-Охрид на 26 мај добиле дојава дека на територијата на Националниот парк „Галичица“ биле изгубени две лица, странски државјани. Оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармирал волонтерите, стапиле во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, ја одредиле нивната локација, на 1,5 километри југоисточно од Пештани, по што започнала...

Онлајн платформа “iTop” за лесен пристап до туристички пакети во мрежата на СТЕП

Проектот за зајакнување на иновативен туризам во регионот Полог и Елбасан СТЕП , промоција на туризмот ќе креира платформа наречена „iTop“, која ќе им овозможи на туристите лесен пристап до туристичките пакети кои се нудат од мрежата на СТЕП во двата региона во Македонија и Албанија. Флорент Бајрами, координатор на СТЕП за „Порталб“ вели дека онлајн-платформата ќе се реализира по...

Рекорд: Mилион туристи лани во Македонија

Првпат од 1990 година, лани Македонија угостила повеќе од еден милион туристи. Податоците покажуваат дека само во првите 11 месеци од минатата година вкупниот број на туристи (и странски и домашни) изнесува еден милион и 79 илјади, што е повеќе од 13 отсто пораст во однос на периодот јануари - ноември 2017 година. А, ако се гледа, пак, целата 2017...

Драстично поскапување на патарините во северна Грција од Нова година

Од 1 јануари патарините во Грција ќе поскапат драстично, некаде и до 150 отсто по километар, известува грчкиот весник „ИЕфимерида“. Ќе поскапи и најкористената патарина од Македонците - онаа по граничниот премин „Богородица - Евзони“, на која наместо досегашните 1,8 евра, ќе се плаќа по 3 евра за автомобил. На автопатот „Егнатија“, кој се протега од јонскиот брег сè до...

Општина Тетово ги сруши нелегалните туристички бунгалови во Шипковица

Срушени се непрописно изградените туристички бунгалови во Шипковица, откако Општинскиот инспекторат на Општина Тетово постапил според одлуката на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, јави „Порталб“. Државната комисија ја одби жалбата на инвеститорот, Хрватот Томислав Тишка, кој ги изградил бунгаловите во Шипковица и на Јелак. Дозволата за градење била издадена од Јавното...

СТЕП ќе развива заеднички туристички пакети за Полог и Елбасан

Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) почнувајќи од четврток, почнува со процесот на подготовка на туристички пакети кои би се реализирале во Полошкиот регион во Македонија и во регионот Елбасан во Албанија. Во рамките на програмата на подготвителни состаноци за прекугранични пакети на услуги и искуства, првиот ќе се одржи в четврток и петок во Елбасан. Се очекува учесниците...

Во Охрид и Струга нема аптека со 24-часовно работно време и дежурни матични лекари

Во Охрид и Струга каде што нема аптека со 24-часовно работно време, Приватните здравствени установи аптеки, кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување спроведуваат дежурства на повик или состојба на готовност. Граѓаните реагираат дека ваквата состојба за нив претставува проблем, зошто понекогаш се приморани да чекаат до наредниот ден. Тие велат дека и туристите имаат потреба аптеките...

Бектеши: Еден милион туристи ќе ја посетат Македонија, предвреме ќе ја оствариме целта

Според последните податоци  што вчера ги објави Државниот завод за статистика, зголемувањето на бројот на туристи продолжува во континуитет, па наместо до 2020 година, како што прогнозиравме, ние сме на прагот предвреме да ја оствариме зацртаната цел, годинава да оствариме еден милион туристи со три милиони ноќевања, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Според Бектеши, учеството на туризмот во домашниот бруто-производ (БДП)...

Во првите шест месеци бројот на туристи е зголемен за 16,4 проценти

Во првите шест месеци бројот на туристи е зголемен за 16,4 проценти во однос на истиот период лани и тоа кај домашните туристи има зголемување за 9,3 проценти, а кај странските има зголемување за 19,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 16 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 6,6 проценти, а кај странските...

АППТ: Туристите годинава потрошиле 64,7 милиони долари

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), соопшти дека туристите во Македонија во првиот квартал потрошиле 64,71 милиони американски долари што е повеќе за 26,5 проценти во споредба со истиот период лани. „Една од активностите што ги реализира АППТ во насока на промоција на Македонија во странски земји, беше интензивирана и реализирана преку строго таргетирање на маркетинг кампања која се...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...