fbpx
Таг: ЦУК

таг: ЦУК

Пожарот меѓу селата Ѓермо и Селце веќе петти ден е активен

Веќе петти ден пожарникарите се справуваат со пожарот на Шар Планина, кој започна кај село Ѓермо, а сега се прошири во близина на селото Селце. Според регионалниот Центар за управување со кризи во Тетово, пожарот е на  „оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација“. Има тенденција да се шири. „Овој дел од...

Со хеликоптерска помош ренџери гасат пожар на Шара

На територијата на Национален Парк „Шар Планина" има активен пожар при што гори букова шума, ливади и меѓни стебла во приватни имоти, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Ренџерската служба веќе три дена се обидува да го локализира пожарот, но земајќи ги предвид сите услови, нивните човечки ресурси се исцрпени, не се во можност сами да се справат...

ЦУК: Во последното деноноќие биле изгаснати 10 од вкупно 13 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 13 евидентирани пожари на отворен простор, од кои утрово три се уште се водат како активни, додека не се добие потврда од терен дека се целосно изгаснати. Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот што започнал во текот на вчерашниот ден над село Ѓермо, Општина Тетово на Национален...

Пожарот над Вешала сѐ уште активен, се бара да се гасне и од воздух

Два крака од пожарот над селото Вешала во Општината Тетово се изгаснати, а третиот сѐ уште е активен, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Пожарот бил подметнат вчера, како подготвка за сеидба на обработлива површина и е раширен на непристапен терен каде гори ниска вегетација, папрат на површина од два до три километри, а зафатил и дел...

Гранати од Прва светска војна пронајдени во селото Градешница

Жител на селото Градешница, општина Могила, пронашол три стари гранати од Првата светска војна. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, завчера, во СВР Битола, Љ.Ѓ. пријавил дека во селото пронашол три стари гранати. „Следниот ден, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал експлозивните средства и констатирал дека се работи за една артилериска граната калибар 155...

Истекол хлор во филтер станица во Виница, нема повредени

Центарот за управување кризи (ЦУК) информираше дека вчера била отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница. Од РЦУК Штип велат дека пожарникарите од Виница од 8 до 11 часот имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. „Нема повредени лица, но на...

Пожар на Китка, гори сува вегетација

Вечерва околу 18.30 часот неколку велосипедисти кои преноќуваат во објект на Китка пријавиле пожар на планината, давајќи детални информации и фотографии за конкретната локација. Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) гори нискостеблеста сува вегетација. „ЦУК ја следи ситуацијата преку дежурните во Секторот Е 112 и во Секторот за операции и координација, а повеќе детали се очекуваат утре“,...

Среде зима, 34 пожари во последново деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие, согласно информациите до Центарот за управување со кризи биле активни други 34 пожари на отворен простор. „Пожарникарите, паралелно гаснејќи пожари во населените места, гаснea најмалку 34 евидентирани пожари на отворено, на одредени места и со помош на локалното население. Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Активен е...

Над 36 пожари низ Македонија во изминатото деноноќие

Над 36 пожари на отворено имало изминатите 24 часа, а 4 сѐ уште се водат како активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Освен „зимските“ пожари на отворено во последното деноноќие пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Еден од пожарите во последните 24 часа бил во близина на с.Виниче на Скопска...

ЦУК: Маж си ја запалил куќата и загинал во пожарот

Една човечка жртва однел пожар во куќа во селото Косевица, близу Македонска Каменица, информираше Регионалниот ЦУК Штип. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 7.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во селото, односно во месноста „Реката''. Интервенирано е со две протипожарни возила, а материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема. „Причина...

ЦУК: Настрада едно лице при пожар на отворено, има три активни пожари

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти, при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на с. Псача. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари. На местото на настанот увид вршеле екипа на СВР Куманово и медицинска екипа. Настраданото...

(ВИДЕО) Пожар зафати три куќи во Драчево, го гаснат 15 пожарникари

Три бараки (куќи) горат во населбата Драчево откако избувнал голем пожар околу 17.30 часот. Регионалниот ЦУК Скопје извести дека околу пожарот почнал на кровна конструкција од барака (куќа) на ул. „Бранко Заревски“ бр.36 во скопската населба Драчево. Според последните информации, пожарот е проширен и биле зафатени три куќи. Интервенираат 15 пожарникари со 6 противпожарни возила. Пожарникарите се на терен и засега нема...

Најави за врнежи од снег, ЦУК апелира на внимателно возење на планинските превои

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на утрешниот ден и в недела, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да...

Заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, спасувачката акција траела три часа

Неколку лица утрово заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Заглавените побарале помош на бројот 112, по што акцијата на ЦУК траела три часа – од 5 до 8 утрово. Патниот правец на кој се наоѓале заглавените лица подолго време бил затворен за моторни возила. „Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина...

ЦУК: Патот Берово-Струмица во прекин, сите кои се на Беровско Езеро да не тргнуваат назад

Центарот за управување со кризи објави вонредна информација за сите лица кои моментнално се наоѓаат кај Беровско Езеро - да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да конактираат на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им достават што им е потребно. Регионалните центри за управување со кризи Берово и Штип во...

Повредена млада мечка на патот Тетово-Непроштено по удар од автомобил

Доцна вечерва на локалниот пат Тетово - с. Непроштено патничко моторно возило удрило во млада мечка која го минувала патот заедно со мајката и уште две помали мечиња, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца. „Од ударот сите биле под голем стрес а децата се...

ЦУК: Забрана за товарни возила oд Дебар до Маврово, без струја се Врапчиште и Лазарополе

Патниот правец Прилеп - Македонски Брод (превој „Барбарас“) има забрана за возила потешки од 3 тони, a регионалниот пат Прилеп - Витолиште (Мариово), не е исчистен и е прооден само за теренски возила, информира Центарот за управување со кризи. Снегот кој паѓаше ноќеска на територија на државава, без електрична енергија ги остави селата Врапчиште, како и Лазарополе. ЕВН е на...

По пожарот во тетовско Фалише, ќе се испитува водата за пиење – екологистите бараат одговорност

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, е ставен под контрола. „Има по малку чад, но на лице место континуирано сè уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово којаја контролира ситуацијата и има и полиција за обезбедување на локацијата“, велат од ЦУК. Екипа од ЈЗУ Центар...

Пожарот во тетовско Фалише сè уште е активен, 24 часа пожарникарите го гаснат магацинот полн со бои и лакови

Пожарот во тетовското село Фалише сè уште е активен. Иако со значително намален обем на местото сè уште има пламен и чад. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информирааат дека тетовските пожарникари гаснеле непрекинато во текот на целата ноќ и продолжуваат со гаснење. „Се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа“, велат од ЦУК. Екологистите предупредуваат на големи...

Дел од фасада падна на „Рекорд“, нема повредени лица

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево соопшти дека паднал дел од фасада на зграда на „Рекорд“ во центарот на Скопје. Нема повредени лица, но постои опасност да паднат и други делови од фасадата на овој објект. Станува збор за фасада од објект на ул. ,,Димитрие Чуповски” кај ,,Табако Жак Мар” – во близина на Министерство за правда. Пријавата стигнала...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...