fbpx
Таг: Црвен крст

таг: Црвен крст

Преминот Рафах повторно отворен за евакуација на болни од Газа и за достава на помош и храна

Граничниот премин Рафах од појасот Газа кон Египет денеска повторно ќе биде отворен за странски државјани. Како што објави Граничната управа на Газа преку копнениот премин, кој е единствениот влез во појасот што не е контролиран од Израел, ќе се користи и за Палестинците на кои им е потребна итна медицинска помош, како и за камионите со медицинска помош...

Симулациска вежба по прва помош во случај на земјотрес се одржа во Градски парк

Во Градскиот Парк во Скопје денеска се одржа вежбата „Хуманитарен одговор 2023“, чија цел беше да ги претстави капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст. На настанот присуствуваа министри во Владата, директори на институции и градоначалници. Симулациската вежба по прва помош во итна ситуација – земјотрес, се организира по повод одбележувањето на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје и...

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека поради симулациска вежба во итна ситуација – земјотрес, насловена „Хуманитарен одговор 2023“ во организација на Црвен Крст на РСМ и под покровителство на Претседателот на државата, што ќе се одржи утре во Градскиот парк во Скопје, ќе има посебен режим на сообраќај во главниот град. Во периодот од 9 до 14 часот, ќе...

Посебен режим на сообраќај утре и в среда во Скопје

Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека поради симулациска вежба за итна ситуација –земјотрес, насловена „Хуманитарен одговор 2023“ во организација на Црвен Крст на РСМ и под покровителство на Претседателот на државата, во Градски парк Скопје, на 15.10.2023 година (недела), во периодот од 9 до 14 часот ќе се одржи генерална проба, по што затворени за сообраќај ќе бидат...

Црвениот крст со апел да им помогнеме на настраданите од земјотресот во Мароко

Црвениот крст изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети за катастрофалниот земјотрес во Мароко и се вклучува во објавениот апел на Меѓународната федерација за помош на настраданото население во Мароко. Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина веќе објави апел за помош во висина од 100 милиони швајцарски франци за поддршка на Мароканската црвена полумесечина во...

Црвениот крст со донациски броеви за помош на Словенија

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува жалење и сочувство до Словенија и до сите нејзини граѓани за загубите и штетите претрпени во поплавите. Од Црвениот крст велат дека се во комуникација со Црвениот крст на Словенија и согласно нивната проценка, веднаш им е понудена првична помош. „Од своите резерви, Црвениот крст на РСМ издвои средства во висина од 5.000...

Два камионa со хуманитарна помош од Црвениот крст тргнуваат кон регионите погодени од земјотресите

Два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства за хигиена и 4.000 ќебиња собрани од Црвениот крст на Северна Македонија денеска тргнуваат кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник се случија во Турција и Сирија. Исто така, како хуманитарна помош, како што извести генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, до денеска се собрани вкупно 25.120.773...

Граѓаните донирале над 162.000 евра за настраданите во Турција и Сирија

Македонскиот народ собра речиси 10 милиони денари (162.100 евра) помош за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија, соопшти денеска Црвениот крст на С. Македонија. Според Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити граѓаните и овој пат на дело ја покажале својата хуманост и солидарност. „Заклучно со 7 февруари преку донаторските телефонските линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, а во...

Со крводарителски акции и музички настан ќе се одбележи роденденот на Тоше Проески

Со крводарителска акција во Домот на АРМ во Скопје како и со музички настан насловен како „Ангел си ти“ во Крушево, денеска ќе биде одбележан денот на раѓањето на големиот хуманист и музичка ѕвезда, Тоше Проески. По деветнаесетти пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Р. С. Македонија, ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен...

Есенска размена на облека и хуманитарна акција на „Второ Азно“

Платформата каде половните предмети имаат неколку животи „Второ Азно“ утре од 17 часот во Социјалниот центар Дуња ќе организира есенска размена на облека и хуманитарна акција за помош на социјално маргинализираните сограѓани. „Време е да се подготвиме за ладните денови кои доаѓаат: ќе разменуваме есенска гардероба (мантили, дуксери, блузони, капи, марами, долги панталони...). Нема ограничување во однос на земање/оставање -...

Сè повеќе млади активно волонтираат, расте нивната вклученост во општествените процеси

До крајот на 2021 година, на територијата на Република Северна Македонија активно дејствувале 33 клубови за млади од Црвениот Крст на РСМ, чиј вкупен број е 1.910 млади волонтери. Црвениот крст на Република Северна Македонија како една од стратешките организации за активно ширење на мисијата за волонтирање на младите, ги организира Клубовите за млади, во кои во моментов има вкупно...

Конвој на Црвениот Крст со помош за Мариупол заглавен во Запорожје поради загриженоста за безбедносните гаранции

Конвојот на Црвениот Крст (МКЦК) кој носи хуманитарна и медицинска помош во Мариупол е блокиран во Запорожје бидејќи сè уште не се добиени потребните безбедносни гаранции за тимот, пренесе Би-Би-Си. Тимот на Црвениот крст, исто така, се надеваше дека ќе го надгледува извлекувањето на стотици цивили од Мариупол во автобусите обезбедени од украинската влада. Тие автобуси, повеќе од 40 на...

[Видео] Досега во земјава пристигнале 51 украински државјанин, организиран настан за хуманитарна помош за Украина

Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст на Република Северна Македонија денеска на хуманитарен настан за собирање помош за Украина кој се одржа во Логистичкиот центар на Црвениот Крст во Момин Поток потпишаа Меморандум за соработка за поефикасна координација. Министерот за надворешни работи Бујар Османи се заблагодари на Црвениот крст, како и на стопанските комори кои почнаа со своите активности...

Руските напади се проширија кон запад, бегалците сведочат за убиени цивили во Украина

Руските трупи утринава ги ракетираа и ги погодија аеродромите во западните градови Луцк и Ивано-Франковск во нова серија на напади. Тие, исто така, го бомбардираа централно-западното упориште Днепар за прв пат од почетокот на инвазијата, која почна пред нешто повеќе од две недели. Би-Би-Си пренесе и дека сателитските снимки направени од американска фирма од големиот руски воен конвој во близина на...

Повеќе апели за хуманитарна помош за нaстраданите во војната во Украина

Битките во Украина не стивнуваат. Според најновите податци кои ги објавија светските медиуми во изминативе 24 часа поради руските гранатирања на украинскиот град Харков убиен е најмалку 21 цивил, а 112 се ранети. Бидејќи во рушевините кои остануваат од гранатирањата многумина губат сѐ, претседателот на Здружението на Украинците во Северна Македонија, „Лесја Украинка“, Александр Урбанович упати апел за донации за...

Студентите стоматолози бесплатно ќе лекуваат граѓани од ранливите категории

Студентите од Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ бесплатно ќе ги лекуваат пациентите од ранливите категории, за кои се грижи Црвениот крст на град Скопје. Како што соопштија од Црвениот крст, студентите овие бесплатни прегледи и интервенции ќе ги реализираат под надзор на наставниот кадар. „Во оваа фаза, од базата на корисници на Црвен крст на град Скопје, ќе...

Вистиномер: Не е точно дека Црвениот крст не прима крв од вакцинирани лица

Не е точно дека оние кои се вакцинирале против ковид-19 не смеат да даруваат крв, ниту, пак, е точно дека Меѓународниот црвен крст објавил дека нема да прима крв од вакцинирани, како што се тврди во постот. На веб-страницата на американскиот Црвен крст има објаснување коешто демантира дека тие што примиле вакцина не смеат да даваат крв, пишува „Вистиномер“...

Димитар Тануровски: Волонтерите не се безвредни, туку се бесценети

Без разлика дали станува збор за помош при кризни состојби, пожари, пандемија или едноставно споделување на момент на среќа, волонтерите на Црвениот Крст секогаш се присутни. Еден од нив е и 22-годишниот Димитар Тануровски, носител на титулата Волонтер на годината за 2021 година. Овој млад херој, заедно со своите колеги беше во првите борбени редови на фронтот во борбата против...

Општина Тетово и Црвен крст со парична помош за семејствата на загинатите во ковид болницата

Тетовската локална самоуправа одлучи финансиски да им помогне на семејствата на загинатите и повредените лица од пожарот во ковид болницата. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи рече дека Општина Тетово ќе им помогне на семејствата за погребалните услуги според ковид стандарди, но и ќе исплати еднократна парична помош од 60.000 денари за семејствата на починатите и повредените лица. И Црвениот крст...

Црвен Крст отвори сметки за донации за настраданите во земјотресот во Хрватска

Црвениот Крст на Македонија информира дека се отворени телефонски броеви за донации за настраданите во земјотресот во Хрватска. За корисниците на Македонски Телеком отворена е линијата 070 143 400, додека  корисниците на А1 Македонија може да донираат на 075 143 400. „Црвениот крст на Република Северна Македонија ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...