fbpx
Таг: црна гора

таг: црна гора

За прв пат од 1997 година претседателот на Црна Гора се одлучува во вториот круг на изборите

За прв пат по две децении изборни процеси, претседателските избори во Црна Гора ќе бидат одлучени во вториот круг, јавува Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ). Црногорците избираат помеѓу Јаков Милатовиќ, кандидат на движењето „Европа сега“, и Мило Ѓукановиќ, кој е актуелен претседател и лидер на Демократската партиај на социјалистите (ДПС), кој е на власт во Црна Гора повеќе од три децении. Во...

Клучни избори во Црна Гора: Ќе се продолжи ерата на Ѓукановиќ или ќе дојде просрпски кандидат

Во недела во Црна Гора се одржува вториот круг од претседателските избори, на кој граѓаните се пред клучен избор - да ја продолжат ерата на владеењето на Мило Ѓукановиќ или да го изберат Јаков Милатовиќ како просрпски кандидат за претседател на државата. Изминативе денови се мобилизира дијаспората и припадниците на малцинствата во Црна Гора за да се постигне што...

Бегалец виновен за измама со криптовалути тешка 40 милијарди долари е уапсен во Црна Гора

Јужнокорејската полиција соопшти дека До Квон, шеф на измамничка шема со криптовалути, виновен за колапсот на токените TerraUSD и Luna тежок 40 милијарди долари, е уапсен во Црна Гора. Би-би-си јавува дека претходно годинава финансиските регулатори во САД ги обвиниле Квон и неговата компанија „Тераформ Лабс“ за организирање измама со хартии од вредност со крипто-средства од повеќе милијарди долари. Јужнокорејските власти...

Здрави шуми за здрави луѓе: Акција на локалните заедници во регионот

На Меѓународниот ден на шумите – 21 април, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со јавноста ја сподели репортажата „Здрави шуми за здрави луѓе“ која раскажува за неколку граѓански иницијативи кои успешно спроведуваат активности за заштита на шумите и урбаното зеленило. Сторијата која нè води на планината Романија во БиХ, парк шумата Горица во Црна Гора, падините на Шара...

Избори во Црна Гора: Мило прв, но сите други против него во вториот круг

Актуелниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори што вчера се одржаа во Црна Гора. Сепак, предноста од над шест проценти во гласовите не му дава комоција на Ѓукановиќ пред вториот круг, бидејќи уште во првите часови по гласањето преостанатите претседателски кандидати изјавија дека ќе ги повикаат своите гласачи да не гласаат за...

Фајон по втор пат ја предупредува Подгорица: Можно е ЕУ да ги прекине преговорите со Црна Гора

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон вчера по втор пат ги предупреди властите во Подгорица дека постои голема опасност ЕУ да ги прекине пристапните преговори со Црна Гора, доколку не успее и шестиот обид за деблокада на Уставниот суд на оваа земја, пренесува Радио Слободна Европа. „Уставниот суд е приоритет пред сите приоритети. Денеска разговаравме за тоа какви се...

Зеќир Рамчиловиќ ќе биде амбасадор во Црна Гора, нова пратеничка од СДСМ во Собранието

Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник од владејачката коалиција на СДСМ во Собранието на РСМ ќе биде новиот македонски амбасадор во Црна Гора, откако денеска му беше одобрено новото назначување за амбасадор во Црна Гора. На негово место, нова пратеничка од СДСМ и коалицијата од 3-та изборна единица ќе биде Даниела Стојановска - Пановска, професорка во средно училиште. Крајот на мандатот на Рамчиловиќ...

И покрај реакциите на ЕУ, Миодраг Лекиќ е избран за мандатар на новата црногорска влада

Претседателката на Собранието на Црна Гора, Данијела Ѓуровиќ, на вчерашната седница на црногорскиот парламент констатирала дека се исполнети условите за примена на членот седум од измените на Законот за претседател и дека мандатар за состав на новата влада е лидерот на Демос, Миодраг Лекиќ, пренесува „Побједа“. Ѓуровиќ на почетокот на седницата соопштила дека примила допис од клубот на пратениците на...

Во Подгорица уапсени црногорски државјани осомничени дека работеле за руското разузнавање

Неколку државјани на Црна Гора се утрово уапсени во главниот град Подгорица под сомнеж дека работеле за разузнавачката служба на Русија, јавува црногорскиот весник „Вијести“ на својата веб-страница, повикувајќи се на повеќе извори. Според сознанијата на „Вијести“, акцијата ја водела Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а била извршена по налог на Специјалното државно обвинителство. Според еден извор, еден од уапсените повеќе...

Тим на ФБИ ќе го истражува масивниот кибер напад на Црна Гора

Тим за брзо распоредување составен од експерти на американското ФБИ се упати кон Црна Гора за да го истражи масивниот, координиран кибер напад врз владата на Црна Гора и нејзините служби, јавува Асошиејтед прес. Ваквата соработка со САД ја обзнани црногорското Министерство за внатрешни работи откако владините веб-страници станаа недостапни, вклучувајќи ги тие на и Министерствата за одбрана, финансии и...

Македонци, Црногорци, Срби, Босанци и Хрвати ќе лансираат сателит во вселената

Пет партнерски организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Хрватска до крајот на годината планираат да го лансираат првиот заеднички сателит од овој регион испратен во вселената, пишува босанскиот јавен радиодифузен сервис БХ Тв. Сето ова е благодарение на основањето на Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа, а планирано е Индија да ѝ подари сателит на Асоцијацијата...

Вистиномер: Како известуваа медиумите за трагедијата во Цетиње: Претпоставки, нагаѓања, дезинформации

Во незапамтената трагедија која се случи во Цетиње на 12 август настрадаа 11 лица – вклучително и Вук Бориловиќ кој ги изврши убиствата, а шестмина беа ранети. Во текот на хаотичната ситуација и паниката што се создаде меѓу граѓаните, од главниот град почнаа да пристигнуваат првите информации за ова злосторство, а дел од нив, најчесто објавени во регионалните медиуми, содржеа...

Црногорскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Дритан Абазовиќ

Падна владата на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, откако ноќеска Собранието на Црна Гора ѝ изгласа недоверба по 12-часовна расправа, пренесоа црногорските медуми. За недоверба на владата гласаа 50 пратеници од вкупно 81, меѓу кои пратениците на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, Демократската партија на Црна Гора на Алекса Бечиќ, Социјалдемократската партија, Социјалдемократите, Бошњачката партија, Демократскиот сојуз на Албанците...

Одржана комеморација во Цетиње, Црна Гора се простува со загинатите

Во црногорскиот град Цетиње денеска се одржа комеморација по повод загинувањето на граѓаните кои ги изгубија своите животи во петочкиот масакр, јавува весникот Побједа. На комеморацијата присуствуваа претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Дритан Абазовиќ и градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ. „Од завчера нашиот град е окован во тага и шок, невини жртви страдаа без никаква вина во еден безумен напад“, изјави...

Човекот што пукаше во масовниот убиец во Цетиње сè уште недостапен за полицијата

Жителот на Цетиње што вчера попладнето го застрелал и најверојатно го убил масовниот убиец Вук Бориловиќ (34), којшто претходно уби 10 луѓе и рани шестмина,од кој еден е полицаец, е сè уште недостапен за полицијата, соопшти Александар Бошковиќ, начелник на Отсекот за сузбивање на општ криминалитет во Секторот за борба против криминалот. Најмладите жртви на Бориловиќ се 8-годишно и 11-годишно...

Во Црна Гора тродневна жалост по масовното убиство на 11 луѓе во Цетиње

Тродневна жалост прогласи вчеравечер владата на Црна Гора, по масовното убиство на 10 луѓе што се случи попладнето во Цетиње, јави Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ). Убиецот е 11-от загинат во крвавиот масакр. Одлуката донесена на виртуелна седница подразбира дека денеска, утре и задутре во Црна Гора се денови на жалост, откако во цетинската населба Медовина, вчера попладнето 34-годишен маж...

Црногорската влада и СПЦ потпишаа договор, се отвора можност за веронаука во училиштата

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ денеска објави на својот профил на Телеграм дека во Подгорица е потпишан фундаменталниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ). Утрово во Подгорица пристигнал патријархот на СПЦ Порфириј Периќ, без претходна најава и присуство на новинари. „Потпишан e oсновен договор. Едно важно прашање поставено ad acta. Продолжуваме понатаму, фокусирајќи се на подобар животен стандард...

Следните 15 дена во Црна Гора задолжително e носењето заштитни маски

Поради влошување на епидемиската состојба предизвикана од коронавирусот во Црна Гора во следните 15 дена ќе биде задолжително носење заштитни маски. Здравствените власти исто така упатија апел до граѓаните да се вакцинираат против ковид-19, пренесе црногорскиот портал Вијести. Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ изјави дека е воведено задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација,...

Лавров: Западот од Македонија и Црна Гора прави „алатки“ во антируската игра, исто како Украина

Постои впечатлива разлика помеѓу тоа што Црногорците и Македонците го чувствуваат кон Русија и она што Брисел, ЕУ и НАТО ги принудуваат нивните политичари да го прават, вели рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во видео интервју за Асоцијацијата „Наше Кино“ кое беше објавено на официјалната веб-страница на руското Министерство за надворешни работи. „Ова е обид тие да станат 'алатка'...

Мило Ѓукановиќ ја руши владата на Дритан Абазовиќ поради договорот со Српската православна црква

По само три месеци од нејзиното формирање, црногорската влада на премиерот Дритан Абазовиќ е на пат да го изгуби парламентарното мнозинство. Демократската партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ одлучи да ја прекине поддршката на владата на Абазовиќ поради напуштање на европската агенда, објави подгоричкиот весник „Побједа“. ДПС веќе нареднава недела ќе го овласти нивниот пратенички клуб да...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...