fbpx
Таг: црна гора

таг: црна гора

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Црна Гора, почувствуван и во Македонија и регионот

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу 4 часот ги разбуди граѓаните на Црна Гора, а беше почувствуван во повеќе држави во регионот. Црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија извести дека бил регистриран силен земјотрес со епицентар на пет километри југозападно од Чараѓе во Општина Никшиќ, јави црногорскиот весник „Побједа“. Засега нема податоци за евентуална штета, а...

Во Црна Гора пронајдени два костура во стан, едниот бил во фаза на мумификација

Црногорската полиција соопшти дека нашла два костури во стан во градот Игало, во општината Херцег Нови. Полицијата утврди дека едниот костур припаѓал на лице кое се водело како исчезнато во Србија. Истиот костурт бил во непрепознатлив облик и во фаза на мумификација. Телата биле откриени на 12 јануари од страна на извршител кој влегол во станот. Веднаш дошло медицинско лице, кое...

Додик на 9 јануари ќе слави ден на Република Српска, регионот пред дестабилизација

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик на 9 јануари планира да организира прослава на, како што вели, денот на основање на Република Српска. Протести во Сараево, честитки од просрпски и проруски политичари од регионот и најави за нов распламтувачки говор на Додик се досегашните очекувања од настанот што задутре ќе се одржи во Босна и Херцеговина. Стотици граѓани...

Не се само од Босна, изборната измама во Белград направена и со гласачи од Црна Гора

Фото: Борче Поповски
Тврдењата на високиот функционер на СНС на Александар Вучиќ дека неговата партија доведувала гласачи од Белград за гласање на локалните избори во Никшиќ и Будва во Црна Гора фактички значи дека српскиот претседател поседува критична маса од најмалку 40.000 двојни гласачи, кои можат да влијаат на резултатите од локалните избори во Црна Гора, но и во Белград, каде опозицијата...

Данас: „Српскиот свет“ е чедо на Александар Вучиќ, со последните избори го покажа тоа

Српскиот претседател Александар Вучиќ е творец на идиотската синтагма „Српски свет“. Со ваков наслов, белградскиот весник „Данас“ го критикува Вучиќ дека на последните избори со присуството во неговиот изборен штаб, ноќта на 17 декември за време на славењето на победата, биле присутни претседателот на ентитетот Република Српска Милорад Додик, министерот за безбедност на БиХ Ненад Нешиќ и претседателот на...

Црна Гора доби нова влада, дискусијата во парламентот траеше цела ноќ

По неколкунеделни преговори и речиси пет месеци откако земјата излезе на избори, црногорскиот парламент утрово изгласа нова влада. Црна Гора ќе биде предводена од коалиција на проевропски, просрпски и партии со албанско малцинство, а на чело на новата влада ќе биде поранешниот министер за финансии и поранешен банкар на „Голдман Сакс“, Милојко Спајиќ. Спајиќ го предводи движењето Европа сега, а...

Црногорскиот парламент избира претседател, на потег избор и на просрпска влада

По бројни мачни месеци на преговори за формирање на парламентарно мнозинство, црногорскиот Парламент на денешната конститутивна седница го бира новиот претседател на законодавниот дом како чекор пред формирањето на нова влада. За собраниски спикер е предложен Андрија Мандиќ, кој важи за просрпски и проруски човек и беше лидер на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ на последните парламентарни избори,...

Реакции во регионот по опасната изјава на српскиот министер за одбрана Вучевиќ

По распламтувачката пропаганда на српскиот министер за одбрана и претседател на Српската напредна партија Милош Вучевиќ кон С.Македонија и Црна Гора, со реакции излегоа високи државни функционери од земјава, Црна Гора и Албанија. Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи реагираше по изјавата на Вучевиќ, при што на социјалната мрежа X напиша дека земјава ги отфрла мешањето и несоодветните изјави...

Српскиот министер за одбрана со опасна пропаганда кон С.Македонија и Црна Гора

С.Македонија и Црна Гора се огрешиле кон Србија со признавањето на независноста на Косово, нагласувајќи дека тој чин претставувал отворено мешање во внатрешните работи на една земја, изјави српскиот министер за одбрана и претседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ, пренесува црногорскиот весник Побједа. „Згрешивте и ќе ви се удри по глава, како што во Украина им се удира...

Нова публикација од Црна Гора ја пренесува сликата за стрипот во историјата, како и за историјата во стрипот

Центарот за демократски транзиции (ЦДТ) од Подгорица денеска ја објави публикацијата „Цртежи и борби“ (Crteži i borbe), која истакнува одредени детали од историјата на југословенскиот стрип и на моменти од поширокиот терен на културата, за заедно да создадат преглед поврзан со три работи: стрипот, НОВ и Црна Гора. Автор на публикацијата е Лука Ракојевиќ, додека дизајнот го изработи Зоран Кардула...

По вчерашните избори, тешко ќе оди формирањето на нова влада во Црна Гора

Движењето „Европа сега“ освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори што се одржаа во Црна Гора. Движењето зад кое стои актуелниот црногорски претседател Јаков Милатовиќ освои 26 отсто од гласовите или 24 пратенички места во црногорскиот парламент, покажуваат прелиминарните резултати на Центарот за демократска транзиција врз основа на 100 отсто од преброените гласови, пишува Вијести. Сепак, за да се формира...

Во Црна Гора се одржуваат вонредни парламентарни избори

Во Црна Гора денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори и се избира нова влада која се очекува да спроведе економски реформи, да ја подобри инфраструктурата и да ја приближи членката на НАТО до членство во Европската унија, пишува Хина, повикувајќи се на Ројтерс. Ова ќе биде прво гласање по поразот на поранешниот лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило...

Повторно дојави за бомби во црногорски институции, наставата во училиштата се одвива онлајн

Неколку црногорски училишта и градинки утрово добиле информации за наводно поставени бомби. Заканите, како што јавува Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ), пристигнале на електронските адреси на училиштата и градинките. Црногорското Министерство за образование соопшти дека наставата за учениците денеска ќе се одржува онлајн, а се откажуваат и екстерните испити за полуматурантите. Од полициската управа за РТЦГ информирале дека пријави за бомби пристигнале...

Лажни дојави за бомби добија црногорскиот парламент и неколку училишта

Дојава за поставена бомба утрово добило Собранието на Црна Гора и неколку училишта низ земјата, јавува црногорскиот весник Побједа. Собраниската зграда е евакуирана, исто како и учениците во школите, информираат од црногорската полиција. Прегледите на сите објекти во моментов се во тек, а дојавите за поставени експлозивни направи биле испратени преку електронска пошта. Според информациите кои ги објави Побједа, дојави...

Министрите за транспорт и директори на царински служби на Самитот за поврзаност во Будва

Транспортната поврзаност ја поттикнува соработката меѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската Унија, промовираат економски можности и имаат позитивен ефект врз стандардот на граѓаните од регионот. Ова беше еден од заклучоците на Самитот за поврзување 2023, кој се одржа во Будва на 15 и 16 мај, во организација на ЦЕФТА и Транспортните заедници. На настанот учествуваа министрите...

Хрватското разузнавање: Концептот „Српски свет“ го загрозува суверенитетот на земјите од регионот

Србија продолжила во 2022 година да го шири концептот „Српски свет“ во земјите од регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, се наведува во годишниот извештај на Агенцијата за државна безбедност и разузнавање на Хрватска за 2022 година. Главната цел на овој концепт е ширењето на српското политичко, економско, културно-религиозно и друго влијание во соседните земји, каде што живее српско...

Кинески капитал во регионот: Србија светски рекордер, Македонија во „златна средина“ [инфографик]

Во последните две години, Србија постанала светски рекордер според приливот на кинески капитал и кредитното задолжување од Кина. Алармантните податоци кај северниот сосед не се идентични со состојбата во Северна Македонија, која во изминативе три години немала забележителна инвестиција од Кина или кредит којшто бил подигнат од надлежните власти. Албанија и Косово се на самото дно според приливот на...

Рубин ја почна посетата: Русија преку дезинформации сака да го врати конфликтот на Западен Балкан

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, ја почна својата посета од Подгорица, Црна Гора, а се очекува да дојде и во Албанија и Северна Македонија, за да разговара со надлежни лица и институции за борбата против дезинформациите. Целта на посетата пред сè, е борбата против дезинформациите што се шират против САД,...

Милатовиќ: Ова е историски ден, во следните пет години Црна Гора влегува во ЕУ

По 32 години ротирање од претседателската на премиерската позиција и обратно, лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ заминува во политичката историја. Во вториот круг од претседателските избори што се одржа вчера, Ѓукановиќ убедливо изгуби од противкандидатот на движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ. Според прелиминарните резултати на Центарот за мониторинг и...

Милатовиќ го победи Мило Ѓукановиќ на претседателските избори во Црна Гора

Јаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора откако на денешниот втор круг од претседателските избори успеа да го победи досегашниот претседател Мило Ѓукановиќ. Врз основа на преброени 94 отсто од гласовите, Милатовиќ освоил 60,1 отсто од гласовите во вториот круг, додека за Ѓукановиќ гласале 39,9 отсто од граѓаните кои излегле на гласање, јавува Радио-телевизија Црна Гора врз основа...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...