fbpx
Таг: црква

таг: црква

Пожар во македонска православна црква во Сиднеј

Неколку часа по велигденскиот собир, се запалила црквата „Христово воскресение“ во Рокдејл, Сиднеј. Причините за пожарот, кој избувнал од покривот, сè уште не се познати, но австралиската полиција истражува дали пожарот бил подметнат. Во гаснењето на пожарот учествувале 60 пожарникари, а тројца од нив биле повредени. Домот за стари лица што се наоѓа до црквата веднаш бил евакуиран. Оваа црква е во надлежност...

Православните христијани го слават Велигден

Камбаните точно на полноќ во целата земја го навестија Воскресението Христово Велигден. Веста за Христовото воскресение ја објавија свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква (МПЦ) во земјава и во светот. Христос воскресна, навистина воскоресна! Со овие зборови од вечерва по полноќ православните верници во земјава го честитаат најголемиот христијански празник, Христовото воскресение, Велигден. Најголемиот...

Велика сабота – ден пред Велигден

Православните верници вечерва на полноќ ќе го одбележат Христовото воскресение, кога почнува еден од најголемите христијански празници, Велигден. Вечерва се оди во црква, каде што се носи црвено јајце. Христијаните денеска ја слават Велика сабота, ден на свештен трепет пред Христовото воскресение. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црква се останува за големата литургија,...

Г.г. Стефан: Повикувам на единство меѓу нашиот народ

Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, испрати велигденско послание по повод најголемиот христијански празник Велигден. „Христовото воскресение е основа на спасението, тоа е најголемиот и најрадосен настан во историјата. И, ако има ден за радување меѓу сите денови – тоа е денот на Христовото воскресение, ако има празник над сите празнувања, тоа е празникот над празниците – Велигден“, стои...

Ограбена скопската црква „Св. Ѓоргија“

Непознато лице вчера ја ограбило црквата „Св. Ѓоргија“ на улицата Панче Неделковски во Скопје. Педесет и двегодишната С.П. вчера ја пријавила кражбата во полициската станица Бит-пазар и соопштила дека од црковната каса, која насилно била отворена, се одземени 4.000 денари. Полицијата трага по крадецот и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Груевски на литургија во црквата „Свети Никола“ во скопски Чаир

Премиерот Никола Груевски со сопругата Боркица Груевска утрово присуствуваше на литургија во црквата „Свети Никола“, во скопски Чаир, по повод денешниот голем празник Божиќ. Потоа се упати кон Соборниот храм, каде најголем број верници од Скопје присуствуваат на литургија на овој ден.

Православните христијани го слават Божиќ

Денеска православните христијани го празнуваат најголемиот христијански празник Рождество Христово или Божиќ. На Божиќ се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Божиќ, според црковниот календар, се празнува три дена. Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан...

Општината и црквата ја презедоа организацијата на Водици

Откако граѓанското здружение „Богојавление“, по една деценија, ја откажа организацијата на големиот православен празник Богојавление - Водици, обврската за организација на манфестацијата ја презедоа Општината заедно со Дебарско-кичевската епархија. Градоначалникот Никола Бакрачески формираше посебно координативно тело, во кое има и претставник на црквата. До 19 јануари, има доволно време за да се спроведат сите подготовки. - Традиционалните духовни и верски обичаи во Охрид...

Ограбена црква во тетовското село Волковија

Во временски период од 15 декември 2015 година до 1 јануари годинава, на местото Чука во атарот на селото Волковија, од непознат сторител извршена е тешка кражба во црквата „Св. Ѓорѓија“, при што се одземени околу 3.000 денари и 10 мали икони од различни светци. Крадецот преку покривот на црквата влегол во камбанаријата и низ незаклучената врата по скали влегол во црквата....

Поставен камен-темелникот на првата црква во Карпош

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г Стефан, го постави камен-темелникот и го освети местото каде што ќе се изгради црква „ Христос Спасителот“ во општина Карпош, зад трговскиот центар „Скопје сити мол“. Градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски, им вети на граѓаните уште неколку цркви на територија на Карпош. - Покрај овој свет храм, камен-темелник ќе поставуваме веќе наредната...

Трета групна венчавка во Тетово

Петнаесет брачни двојки стапија во црковен брак на церемонијата на групно венчавање во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово. Меѓу брачните двојки имаше и помлади и повозрасни, кои од различни причини досега не биле во можност да го кажат судбоносното „да“ пред бога. Групното венчавање го изведе митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф, во сослужение на повеќе свештенослужители од тетовското архирејско намесништво. Минатата...

Во Штип засилено се градат неколку цркви

Во период од една недела, во Штип се случуваат активности поврзани за две православни цркви, додека паралелно тече изградба на други осум цркви. Вчера беа осветени темелите на храм на самиот влез во Штип, во населбата Железничка, додека в недела, на Денот на ослободувањето на Штип, ќе биде осветена црквата „Свети Илија“, чиј ктитор е штипски бизнисмен. Оваа своевидна црковна офанзива...

Промовирана најголемата „Православна енциклопедија“ на Руската православна црква

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, денеска во Охрид беше промовирано капиталното издание „Православна енциклопедија“, во издание на Руската православна црква. Досега се подготвени 38 тома, а набргу следуваат и обработката под буквата „м“, односно под буквата „о“, томови во кои посебно место ќе имаат Македонија, МПЦ, Охридската...

Гостиварско Пожаране, втор македонски Ерусалим

Жителите на шарпланинското село Пожаране со возобновување на православните светилишта, сакаат на селото да му го вратат епитетот „македонски Ерусалим“. Во минатото, во Пожаране имало десетина цркви. Денес ги има храмовите посветени на свети Никола и на свети Илија. Наскоро селото ќе добие трето светилиште. Неодамна почна обновата на црквата „Свети Климент“, која датира од 8 век, но била урната до темели. - На...

Поплавениот манастир во Пелагонија, ќе добие крст висок 30 метри

Манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, кој оваа пролет по големите поплави во Пелагонија една недела беше два метри под вода, ќе добие метален крст висок 30 метри, налик на крстот на Водно. Манастирот сè уште ги носи последиците од бесните води на Црна Река, дамките од влага на фреските постојано се појавуваат, како и оштетувањата на надворешниот дел од објектот. Но, обновата...

Пожар избувнал во афроамериканска црква во Јужна Каролина

Голем пожар денеска избувнал во црнечка црква во американската сојузна држава Јужна Каролина, проследен во серијата пожари на верски објекти во служба на афроамериканската заедница, јавуваат американските медиуми. Извори од федералните служби, за медиумите соопштиле дека пожарот не бил подметнат, односно дека првичните сознанија од истрагата велат дека огнот не бил намерно предизвикан. Станува збор за седма запалена афроамериканска црква во...

Деветмина убиени во напад на црква во Јужна Каролина

Девет луѓе се убиени при вооружен напад во афрoамериканска црква во Чарлстон, во сојузната американска држава Јужна Каролина, пренесуваат светските медиуми. Шефот на локалната полиција, Грегори Мулен, изјавил дека осум од жртвите биле убиени во црквата, додека едно лице починало кратко по нападот. Осомничен за пукањето е маж, белец, на возраст од околу 20 години. Како што изјавил Мулен, најверојанто станува збор...

Конзервација на фрескоживописот во храмот „Св. Ѓорѓија“ во Струга

Како дел од програмата на Министерството за култура за заштита на културното наследство, во тек е конзервацијата и ревитализацијата на фрескоживописот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, значаен споменик на културата од 19 век. Конзервацијата се одвива во неколку фази и е од исклучителна важност, особено од иконографски аспект. Претходно, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците од Охрид, извршија...

Нападната православна црква во Истанбул

Православна црква во Истанбул синоќа е нападната со молотов коктел, јавуваат турските медиуми. На интернет се појави снимка на која е се гледа маж, како на арапски јазик извикува „Алах е голем“, по што го фрла молотовиот коктел кон црква во квартот Кадкој. Влезната врата на црквата се запалила, но набргу била изгасната. Полицијата го уапсила напаѓачот.

Ограбена црквата „Св. Никола“ во Пештани

Непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св. Никола“ во Пештани. Настанот се случил вчера, околу 9 часот. Сторителот низ отворените врати влегол во внатрешноста на црквата и во еден дел ја забележал металната каса. Со насилно отворање на металната каса, противправно одзел околу 1.000 денари и избегал. На местото на настанот извршен е увид. СВР Охрид работи на расчистување...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...