fbpx
Таг: црква

таг: црква

Верници и други љубопитници ги исполнија изминатата ноќ црквите во Охрид

Многуилјаден народ, верници и други љубопитници, ги исполнија изминатата ноќ сите цркви во Охрид. Сепак, радосната вест за Христовото воскресение, најавена со биењето на камбаните, синоќа на полноќ, најбројните ја дочекаа во Светиклиментовиот храм, „Св. Пантелејмон“ на Плаошник. Со празничната богослужба чиноначалствуваше митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој им ги честита велигденските празници на бројните верници. Во долгите поворки, покрај охриѓани имаше голем...

Најмалку 15 лица загинаа а повеќе од 40 се повредени во црква во Египет

Најмалку 15 луѓе ги загубиле животите а над 40 се тешко повредени во експлозија во Коптската православна црква „Свети Ѓорѓи“ во Танта, Египет. Гратчето е близу Каиро, а коптските правослани христијани сочинуваат околу 10 отсто од 85 милионското население на Египет, потсетува египетската телевизија „Ал Арабија“. Телевизијата известува дека уште не се знае причината за експлозијата и потсетува дека Коптите...

Пукал пред црква во Остин, полицијата го убила

Полицијата во Остин убила маж кој неколкупати пукал од автоматска пушка во воздух пред црква во сојузната држава Тексас. Напаѓачот бил убиен откако одбил да го фрли оружјето, соопшти полицијата. Властите наведуваат дека пукањето во северозападен Остин се случилo откако полицијата добила повик во кој бил пријавен грабеж, а потоа и тепачка на паркиралиште на истата локација. Во повикот се велело...

МПЦ апелира да не се палат бадникови огнови, дрвата да се донираат за сиромашните

Македонската православна црква апелира денеска да не се палат бадникови огнови, а собраните дрва да се донираат на социјално загрозени семејства. - Верниците кои планираат да организираат коледарски оган, да не го прават тоа, туку да ги донираат дрвата. Исто така, на тој начин ќе покажеме и доволна граѓанска свест во време кога  Скопје, но и другите градови се соочуваат...

Најмалку 160 лица загинаа при уривање на покрив на црква во Нигерија

Најмалку 160 лица загинаа кога покров на една црква на југот во Нигерија се урна врз верниците, соопштија денеска властите. Се очекува бројот на загинати да се зголеми. Црквата која се урнала во градот Ујо, во нигериската сојузна држава Аква Иба, била во изградба, а работниците се брзале да ја дозавршат изградбата за да биде готова за церемонијата на која основачот на...

Спомен-плоча во чест на научникот Михајло Пупин во Охрид

На камбанаријата покрај црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, денеска, на посебна свеченост, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на градот, Св. Климент Охридски - Чудотворец, ќе биде откриена спомен-плоча во чест на донаторот на црковното ѕвоно, научникот со светска слава од почетокот на минатиот век - Михајло Пупин. Плочата е донација на невладиното здружение „Лајонс клуб Лихнидос“ од...

Црква се гради во кругот на Клиничката болница во Штип

На денот на свети Кузман и Дамјан, беа поставени темели на истоимената црква во дворот на Клиничката болница во Штип. Владиката Иларион најави дека осветувањето ќе биде следната година. Уште со најавата дека ќе се гради црква до болницата, социјалните мрежи беа преполни со негодувања. – Зошто наместо за бетон, парите да не се употребат за поправка на апаратите, како томографот...

Католичката црква во Албанија денеска ќе прогласи 38 католици за блажени

Католичката црква во Албанија денеска во градот Скадар ќе прогласи 38 католици за блажени. Сите 38 католици ќе бидат запишани во книгата на блажени поради нивната маченичка смрт за време на комунизмот. Мисата ќе ја одржи кардиналот Анџело Амато. Се очекува на настанот да присуствуваат високи црковни лица од Католичката црква. Меѓу 38 албански маченици кои ќе бидат прогласени за блажени...

ФРОДЕМ: МПЦ да не биде соучесник во одбраната на обвинетите криминални партиски лица

Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) ја повикува Македонската православна црква (МПЦ) да се каже дали во Општината Центар во 2013 година протестирале партиски насилници или верници. Од ФРОДЕМ велат дека во последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека: ,,претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани „Веритас“ се спротивставиле на намерите да се стопира изградбата на црквата „Свети Константин...

Груевски, Заев, Ахмети и Иванов во делегацијата за прогласување на Мајка Тереза за светица

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на 4 септември во Рим ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација, на свечениот чин на прогласувањето на Мајка Тереза за светица. На свеченоста, покрај македонскиот претседател, ќе присуствуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, делегации на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска...

Објавено името и на вториот напаѓач во црквата во Франција

Вториот напаѓач во црквата во Нормандија е идентификуван како 19-годишниот Абдел Малик Петитџан, информираат од француското обвинителство. Петитџан е од град во Источна Франција, во близина на границата со Германија, наведуваат француските медуми. Во јуни полицијата отворила досие за Петитџан поради сомневање дека е радикализиран, а владата наведува дека во земјата има околу 10.500 такви лица. Двајцата мажи убија свештеник со нож...

Идентификуван еден од напаѓачите во Сент Етјен ду Рувре

Француските власти идентификуваа еден од двајцата терористи што вчера упаднаа во црквата во Сент Етјен ду Рувре и го убија свештеникот Жак Амел. Станува збор за 19-годишниот Кермиш Адел од Монт Сант Ењан, кој немал криминално досие, но ѝ бил познат на полицијата по двата неуспешни обиди да замине во Сирија. - Сè уште е во тек идентификацијата на вториот напаѓач,...

Валс: Нападот на црквата е варварски чин

Францускиот премиер Манеул Валс оцени дека нападот на црква на северот на земјата претставува „варварски чин“, поради кој цела Франција треба да остане обединета. Валс на „Твитер“ напиша дека со ужас ја примил веста за варварскиот чин, кој претставува удар за сите Французи и за сите католици и порача дека ќе останат обединети. Француските власти засега не го окарактеризираа како терористички чин...

Франција: Полицијата ги уби напаѓачите откако заклале свештеник

Свештеник е убиен за време на заложничката ситуација во црква во францускиот град Сент Етјен ду Рувај, Северна Франција, соопштија полициски извори. Весникот „Фигаро“ јавува дека напаѓачите му го пресекле гркланот на свештеникот. Портпаролот на полицијата потврди дека двајцата напаѓачи се убиени. Според весникот „Пуан“, уште еден верник е убиен, но полицијата засега не ја потврдува информацијата. Полицијата претходно соопшти дека напаѓачите...

Заложничка драма во црква во Франција

Двајца мажи вооружени со ножеви, наводно, киднапирале две калуѓерки и неколку верници и ги држат како заложници во црква во францускиот град Сент Етјен ду Рувај, во близина на Руан. Според одредени медиуми, напаѓачите како заложници држат од четири до шест лица. Пожарникари, заедно со специјални сили и припадници на единицата за антитероризам се наоѓаат на местото на заложничката драма....

Осветени конаците на црквата „Пресвета Богородица“ во Заум

Во присуство на голем број верници, црквени великодостојници, но и преставници на научната бранша, денеска беа осветени конаците на манастирот „Пресвета Богородица“ во местото Заум, на јужниот дел од Охридско Езеро, кај селото Трпејца. Пред осветувањето се служеше света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот митрополит г. Тимотеј и со повардарскиот...

Ќе се осветува новиот конак во манастирот „Пресвета Богородица“ во Заум

Денеска, со отслужување на света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот митрополит г. Тимотеј и повардарскиот митрополит г. Агатангел,  ќе биде осветен новоизградениот конак на манастирот „Пресвета Богородица“ во месноста Заум, на брегот на Охридско Езеро. Манастирот е лоциран на околу 20 километри од Охрид, на источниот брег од езерото, во...

Во Лешочкиот манастир осветен мермерен крст поставен во чест на руски монаси

Во Лешочкиот манастир, денеска беше осветен мермерен крст поставен во чест на руски монаси. Крстот го освети Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан, а е поставен во чест на 35 руски монаси од Валамскиот манастир, кои по Октомвриската револиција во 1926 година пребегнале во Лешочкиот манастир, каде живееле две години. - Крстот нека биде надеж за ова место, кое со векови било угнетувано и...

Митрополитот на грчката православна црква Дамаскин, во Охрид се сретна со владиката Тимотеј

Митрополитот од грчката православна црква на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г. Дамаскин, заедно со повеќе свештенослужители и верници од својата епархија, беше на поклоничко патување на светите места во Охрид. При својата посета, во просториите на Митрополитскиот административен центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, митрополитот Дамаскин оствари и неофицијална средба со неговото високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј. Митрополитите размениле и пригодни...

Пожар во четири православни цркви за Велигден

Две православни цркви во Австралија на Велигден ги зафати пожар, само неколку часа откако во Њујорк на Менхетен изгоре српска православна црква. Денеска во текот на денот пожар зафати и манастир во Русија. Од црквата во Њујорк по пожарот останале само ѕидовите, македонската православна црква во Сиднеј е целосно уништена, додека грчката православна црква во Мелбурн е само оштетена. Пожарот...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...