fbpx
Таг: цивили

таг: цивили

Фабиус: Русија и Сирија да ги прекинат нападите врз цивилите

Шефот на француската дипломатија, Лоран Фабиус, по средбата со претставникот на сириската опозиција, Раид Хијаб, во Париз истакна дека е потребно Сирија и Русија да ги прекинат операциите против цивилите. - Повикуваме да се прекине опсадата на градовите за хуманитарната помош да стигне до тие на кои им е потребна. Побарав од нашиот постојан претставник на ОН да го консултира Советот...

Гранатирана Саудиска Арабија – убиени тројца цивили

Три цивили, меѓу кои едно дете, убиени се на југот на Саудиска Арабија во гранатирање од правец на Јемен, соопшти денеска сириската државна новинска агенција СПА. Гранатирањето се случило синоќа, а мета на нападот била провинцијата Џазан, на границата со Јемен. - Билансот е смрт на три цивили, меѓу кои и едно дете. Девет лица се ранети и префрлени во болница...

Исламска држава досега убила 2.000 цивили во Сирија

Џихадистите на Исламска држава за 18 месеци, откако прогласија калифат, убиле 2.000 цивили во Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човековите права со седиште во Лондон. Според податоците на опсерваторијата, околу 930 лица од убиените биле од племето Шеитат, додека 420 лица се членови на екстремистичката организација, претежно странски борци, кои биле ликвидирани под обвинение за шпионажа или обид за дезертерство. Меѓу...

ИД ги спречува цивилите да го напуштат Рамади

Милитантите на Исламска држава ги спречуваат цивилите да го напуштат Рамади во пресрет на нападите што ги планира ирачката армија за да ја врати контролата над овој град, кој исламистите го зазедоа во мај годинава, соопшти портпаролот на ирачкото министерство за одбрана, Насер Нури. - Тие планираат да ги користат жителите на градот како жив штит – додаде Нури. Властите во Багдад ги...

Во бомбардирање во Сирија загинале 32 цивили

Најмалку 32 цивили се убиени на северот на Сирија, во бомбардирањето кое најверојатно го спровеле руските сили, соопшти Опсерваторијата за заштита на човековите права со седиште во Лондон. - Авионите во четврток го бомбардираа градот Рака и локалитетите Ал-Баби во провинцијата Алепо. Меѓу жртвите имало и шест деца и 11 жени, а десетина лица се ранети – соопшти директорот на...

Сириска опсерваторија: Во руските напади се убиени 1.000 терористи и околу 500 цивили

Во воздушните напади што ги изведува Русија во Сирија, од почетокот на руската интервенција на 30 септември, досега загинале 1.502 лица од кои речиси третина се цивили, објави денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Во нападите се убиени 419 припадници на Исламска држава и повеќе од 598 борци на фронтот Ал нусра, локален разгранок на Ал каеда,...

Тројца убиени во вооружен напад во болница во САД

Двајца цивили и еден полицаец се убиени кога вооружено лице отворило оган во клиника за планирање на семејство во градот Колорадо Спрингс во Соединетите Американски Држави, јавуваат светските медиуми. Според информациите, уште девет лица биле повредени во престрелката која траела пет часа пред напаѓачот да ѝ се предаде на полицијата. Поголем број луѓе, како што јавуваат медиумите, биле заробени во зградата...

Во воздушен напад на јеменски хотел загинаа 20 лица

Најмалку 20 лица, поголемиот дел цивили, загинаа во воздушен напад од саудиските воздухопловни сили на хотел во јеменскиот главен град Сана. Официјални лица рекоа дека станува за хотелот „Марина“, лоциран во јужниот дел на Сана. Ова се случува откако коалициските воздушни сили извршија напади против хутските сили во Сана во петокот и убија најмалку 40 цивили, а беа повредени најмалку 130...

За два месеци, убиени се 19 цивили во Турција

Во последните два месеци, во терористички напади во Турција, убиени се 19 цивили од кои три се деца. Нападите, главно, биле во Источна и во Југоисточна Турција. Одговорни за нападите се припадници на Курдската работничка партија (ПКК) и на младинското крило на ПКК - Движење на патриотската револуционерна младина и на левичарската екстремистичката група Револуционерна партија и фронт за народно...

Во Јемен загинаа 14 цивили

Четиринаесет цивили, меѓу кои има жени и деца, загинаа при бомбардирање на позициите на бунтовниците во градот Таез на југозападот на Јемен. Силите под команда на племенскиот лидер Хамуд ал-Микхлафи сега контролираат 75 отсто од градот, вклучувајќи ја и претседателската палата и резиденцијата на поранешниот претседател Али Абдула Салех кој е близок со бунтовниците. Првите конфликти околу градот Таез почнаа на...

ОН: Жестока осуда за нападот на цивили во Сирија

Потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања и координаторот за итна помош, Стивен О’Брајан, жестоко го осуди нападот на цивили во Сирија. - Ужаснат сум од целосното непочитување на животот на цивилите во овој конфлит. Нападите врз цивили мора да престанат – рече О’Брајан на конференцијата за новинари во Дамаск. Бројот на жртвите во серијата воздушни напади на сириските сили во...

Во напад на воена база во Авганистан, убиени 33 лица, од нив 27 цивили

Најмалку 33 лица, од кои повеќето жени и деца, се убиени во самоубиствен бомбашки напад што синоќа се случил во близина на воена база во Авганистан, јавуваат светските агенции. Бомбашот-самоубиец детонирал експлозивна направа на контролен пукнт во близина на базата Камп Чепмен, што порано ја користела Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), во источната авганистанска провинција Кост. Инаку, Камп Чепмен беше...

Повредени 17 цивили во нов бомбашки напад во Кабул

Седуманесет цивили биле повредени во напад на бомбаш-самоубиец, што денеска се случил во главниот град на Авганистан, Кабул, пренесуваат светските медиуми. Според информациите, бомбаш-самоубиец со возило влетал во конвој на трупи на НАТО, кој се движел по главниот пат кон аеродромот во Кабул, во близина на амбасадата на САД и допломатскиот кврат во градот. Официјални претставници на министерството за здравство на Авганистан...

Три цивили убиени во Украина

Две лица загинаа на истокот на Украина откако нивниот автомобил бил погоден од граната, соопштија украинските власти. Инцидентот се случил на 20 километри од линијата на фронтот. Сепаратистите во регионот на Донецк јавија дека еден цивил загинал во артилериски напад на градот Јанакиев. Дваесет куќи се уништени во нападот. Во судирот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти досега загинаа повеќе од 6.400 лица.

АИ: Двете страни се виновни за убивање на цивили во Украина

„Амнести интернешнел“ соопшти дека има собрано многу докази за убиства на цивили што во изминативе денови биле извршени и од проруските сепаратисти и од украинските сили во Источна Украина. Оваа организација ги обвини и двете страни за кршење на меѓународното хуманитарно право со напади врз Донецк, кој е под контрола на проруските сепаратисти, и врз Дебалцеве, град што го држат...

Сирија: 40 цивили се убиени при напад на позиции на ИД

Најмалку 40 цивили загинаа при напади на сириските воздухопловни сили на позиции на припадниците на Исламска држава во градовите Ал Баб и Кбасин во провинцијата Алепо, соопшти Сириската организација за заштита на човековите права со седиште во Лондон. Како што јавува организацијата, која собира податоци од активисти и од жители од Сирија, десетици се повредени, од кои повеќето се во...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...