fbpx
Таг: цивили

таг: цивили

УНИЦЕФ: Цивилите го напуштаат Мосул

Повеќе од 4.000 луѓе побегнале од подрачјето на Мосул откако почна масовната воена операција за заземање на ирачкиот град, соопшти УНИЦЕФ. Претставникот на таа организација за Ирак, Питер Хокинс, не можеше да го наведе точниот број на избегани, но наведе дека во најмалку еден бегалски камп условите за престој на децата се „многу, многу лоши“. Тој истакна дека тимовите на УНИЦЕФ...

Од Мосул побегнале 900 цивили, соопштија ОН

Најмалку 900 лица побегнале од ирачкиот град Мосул и преминале во Сирија, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР). Ова е прва поголема група цивили за кои е потврдено дека побегнале од Мосул од почетокот на офанзивата за ослободување северниот ирачки град, наведува „Би-би-си“. Како што се проценува, во Мосул има 1,5 милиони лица и околу 5.000 милитанти. Портпаролката на канцеларијата на...

Меѓународниот Црвен крст бара да се поштедат цивилите во Мосул

Меѓународниот Црвен крст денеска ги повика сите страни во борбата за ирачкиот град Мосул да ги поштедат цивилите и да дозволат ранетите да бидат евакуирани. Регионалниот директор на меѓународниот Црвен крст за Блискиот Исток, Роберт Мардини, на прес-конференција во Женева соопшти дека организацијата ги зајакнала медицинските центри, вклучувајќи и лечење на евентуални жртви на хемиско оружје. Хуманитарната агенција се надева дека...

Русија и Сирија ги суспендираа воздушните напади на Алепо

Руската и сириската воена авијација ги прекинаа воздушните напади на градот Алепо, во пресрет на осумчасовниот прекин на огнот закажан за четврток оваа недела, поради хуманитарни причини, соопшти Москва. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, како што пренесува „Би-би-си“, изјавил дека воздушните напади биле суспендирани утринава. Тој ги повикал бунтовниците и цивилното население, кои се наоѓаат во источниот дел на...

В четврток осумчасовен прекин на огнот во Алепо

Руските и сириските вооружени сили в четврток на осум часа ќе ги прекинат нападите на Алепо за да можат цивилите и бунтовниците да го напуштат сирискиот град. Ова го соопшти руското министерство за одбрана, „Во Алепо на 20 октомври, во периодот од 8 до 16 часот, на сила ќе биде хуманитарна пауза. Во тој период, руските воздухопловни сили и силите на...

Во напад на бомбаш самоубиец во Турција, 18 лица загинаа, а 26 се ранети

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави во Истанбул дека во експлозија на автомобил бомба на југоистокот на Турција загинале 18 лица, а 26 се ранети. Тој го осуди нападот и нагласи дека Турција ја продолжува борбата против тероризмот. https://twitter.com/StopTurkishGov/status/785078512604614656 - Нападот го изврши бомбаш самоубиец кој крена во воздух комби со пет тони експлозив во близина на воен пункт – изјавил Јилдирим. Во нападот...

Бројот на загинати во нападот на Јемен достигна 231 лице

Бројот на загинати во нападот во главниот град на Јемен, Сана, за време на погребна церемонија, достигна 231 лице, јавуваат светските медиуми. Претставници на шиитските бунтовници, Хути, кои присуствувале на церемонијата, изјавиле дека врз зградата каде што се одржувал настанот, имало воздушни напади од страна на арапската коалиција. Арапската коалиција, пак, која е предводена од Саудиска Арабија, негираше вмешаност во нападите. Во Јемен постојано се...

Кери: Русија и Сирија намерно го тероризираат цивилното население

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Русија и Сирија ќе мора да се соочат со истрага за воени злосторства поради нападот на сириски цивили. Кери истакна дека најмалку 20 луѓе загинале, а повеќе од 100 се ранети синоќа, кога сириските сили бомбардирале уште една болница. - Таквите постапки бараат адекватна истрага за воени злосторства – изјави Кери. Тој додаде дека тие...

Двајца полицајци се убиени во напад на полициски пункт во Каиро

Во напад на контролен полициски пункт во Каиро, убиени се двајца полицајци соопштуваат египетските медиуми. Според пишувањата, во овој напад тројца полицајци и двајца цивили се ранети. Ниту една милитантна група се уште не ја презела одговорноста за овој напад, а египетската влада наведува дека истрагата е во тек, пренесуваат медиумите. Безбедносните сили на Египет се цел на напад откако војската го...

Специјалци не дозволуваат цивили со возила да влезат во Стајковци

Силно полициско и воено обезбедување утрово не дозволува влез на цивилни возила во Стајковци, јавува „Плусинфо“. Образложението е дека во селото ќе влезе тешка механизација која ќе биде вклучена во расчистување на штетите од поплавите кои создадоа огромни штети во овој регион, во саботата. Пред влезот на селото има полиција, воена полиција, специјални полициски сили, дури и возила на КФОР. Новинарските екипи...

Сирија: ИД ликвидираше 24 цивили

Исламска држава (ИД) егзекутирала 24 цивили во северното сириско селото Буејр, откако презедоа контрола врз местото кое досега беше во рецете на бунтовничките сили, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права. „Во последните 24 часа, ИД егзекутираше најмалку 24 цивили откако вчера презеде контрола врз селото Буејр“, стои во соопштението на центарот. Селото Буејр е 10 километри северозападно од градот Манбиж...

Ирачките сили влегоа во Фалуџа, во офанзивата против ИД

Елитните сили на ирачката војска утрово почнале да влегуваат во градот Фалуџа, каде почнале операција за истиснување на милитантите на Исламска држава (ИД) од ова нивно упориште, кое се наоѓа на околу 50 километри од Багдад, соопшти командата на операцијата. „Ирачките сили влегоа во Фалуџа со поддршка од воздух на меѓународната коалиција, како и на ирачкото воздухопловство, артилеријата и тенкови“,...

САД го осуди нападот на бегалскиот камп во Сирија

Белата куќа соопшти дека не постои начин да се оправда воздушниот напад врз бегалскиот камп во Северозападна Сирија, во кој се убиени 28 лица. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави дена нема „оправдано извинување“ за воздушниот напад во кој загинаа невини цивили, кои веќе ги напуштиле своите домови бегајќи пред насилството. Тој ја опиша таквата ситуација како особено трогателна. Ернест рече дека е...

Во Алепо се убиени најмалку 20 цивили

Најмалку 20 цивили загинаа денеска во бомбардирање на бунтовничките и на режимските сили во сирискиот град Алепо. Ова е трети ден на обновени конфликти во овој град, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Оттаму соопштуваат дека во ракетниот напад на бунтовниците на делови од градот кои ги држат владините сили, убиени се шест цивили вклучувајќи и две деца. Истовремено во воздушни напади...

Во бунтовнички напад врз курдски кварт во Сирија загинаа 18 цивили

Најмалку 18 цивили вчера загинаа во бунтовнички артилериски напад врз курдски кварт во сирискиот град Алепо, во Северна Сирија, информираа од Сирискиот центар за надзор на човековите права. Во нападот со кој е прекршено примирјето од 27 февруари има и 70 ранети, од кои 30 се деца. Нападот бил врз квартот Шеих Максуд, населен главно со Курди. Според директорот на центарот, Рами Абдел...

Најмалку 30 загинати војници во Нагорно-Карабах – ситуацијата и натаму тензична

Нови борби меѓу вооружените сили на Ерменија и Азербејџан се одвивале ноќеска во регионот на Нагорно-Карабах, долж линија за контакт, јавува „Би-би-си“. Извештаите од теренот, на кои се повикува британскиот национален сервис, велат дека од двете страни било користено тешко вооружување, минофрлачи и артилерија. Во вчерашните борби, според информациите, загинале најмалку 30 војници, а има информации и за цивилни...

Двајца полицајци убиени во бомбашки напад во Турција

Двајца полициски службеници се убиени, а најмалку 14 други, меѓу кои и неколкумина цивили, се повредени во експлозија на автомобил-бомба, што се случила рано утрово во југоисточниот дел на Турција, јавуваат светските агенции. Турските официјални власти соопштуваат дека зад нападот стојат милитанти на Курдската работничка партија (ПКК). Засега никоја не ја презел одговорноста за нападот. Бомбашкиот напад, како што пренесуваат медиумите, се...

Повеќе од 180 лица загинаа на првиот ден од примирјето во Сирија

На првиот ден од склученото примирје во Сирија, загинаа повеќе од 180 лица. Од Сирискиот центар за надзор на човековите права соопштија дека половина од лицата загинале во напади на Исламска држава во северните делови на земјата. Во нападот на ИД врз сирискиот град Тел Абад на границата со Турција, како и врз околните градови и села, убиени се 70 џихадисти, 20...

Асад: Не Русите, туку Американците ги гаѓаат цивилите

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека САД погодиле цивили во Сирија и дека не постојат докази дека тоа го направиле Русите. - Тоа, всушност, го направија Американците. Тие убија многу цивили на сeверот од Сирија, а не Русите – нагласи Асад. Повеќе од 80 земји, пред сè, Турција и Саудиска Арабија, обезбедуваат поддршка на терористите во Сирија, додаде сирискиот претседател. Тој...

Исламска држава тврди дека стои зад нападите во Џакарта

Терористичката организација Исламска држава тврди дека стои зад серијата бомбашки напади што денеска се случија во главниот град на Индонезија, Џакарта, јавуваат светските медиуми. Во соопштение, објавено од Исламска држава, било наведено дека нападите биле изведени од „војници на калифатот“, а цел биле „граѓаните на крстоносната коалиција“. Според информациите, во нападите се убиени најмалку двајца цивили и петмина напаѓачи. Нападите во...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...