fbpx
Таг: цивили

таг: цивили

Евакуации на цивили од Северодонецк секогаш кога има затишје, руската офанзива продолжува

Украинските власти известија денеска дека продолжува евакуацијата на цивили од градот Северодонецк при секое затишје во жестоките напади и борби меѓу руските војници и украинските одбранбени сили во овој град на истокот на Украина. Третиот од трите мостови што го поврзуваа Северодонецк со неговиот град-близнак Лисичанск од другата страна на реката Северски Донец вчера беше прогласен за недостапен за украинските...

Жестоки битки во Северодонецк и Лисичанск, украинските војници се борат за секоја педа земја

Градот Северодонецк, кој повеќе седмици е средиште на руските напади, полека паѓа под контрола на руските сили, откако ноќеска припадниците на вооружените сили на Украина се истерани од центарот на градот, а руските артилериски напади и борбите на терен продолжуваат, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Околу 70 отсто од градот е под руска контрола, а руската артилерија и...

САД ќе испрати ракетни системи со поголем дострел во Украина

Руските трупи и утрово се бореа да преземат целосна контрола врз источниот индустриски град Сиевиеродонецк, откако Соединетите Држави соопштија дека ќе ѝ  дадат на Украина ракетни системи со поголем дострел за да ѝ помогнат да ја принуди Москва да преговара за завршување на војната, пренесе Ројтерс. Претседателот Џо Бајден рече дека Соединетите Држави ќе ѝ дадат на Украина понапредни ракетни...

Украина вели дека руските напади се интензивираат, Донбас е целосно уништен

Руските сили ја интензивираа офанзивата во источниот дел на Украина во Донбас користејќи артилерија, ракетни фрлачи и авиони за да ја оштетат одбраната околу Доњецкиот регион, соопшти во петокот Генералштабот на Украина, пренесе Ројтерс. „Рускиот непријател изврши масовно артилериско гранатирање на цивилна инфраструктура, вклучително и повеќе ракетни фрлачи“, се вели во соопштението. Во руското гранатирање во Луганскиот регион, исто како и...

Евакуирани цивили од фабриката „Азовстал“ во Мариупол, Зеленски се сретна со Пелоси

Дваесеттина цивили, меѓу кои и жени и деца, се евакуирани од фабриката за челик „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол, која е уништена од руското гранатирање, јавува „Укринформ“. Заменик-командантот на Азовскиот полк, Свјатослав Паламар, рече дека војниците ја продолжуваат акцијата за спасување, со јажиња вадејќи цивили од урнатините – стари лица, жени и деца. „Нагласувам дека бараме да се гарантира евакуација не...

Крвав Велигден во Украина – почнува третиот месец од руската инвазија

Денешниот ден е почетокот на третиот месец од руската инвазија на Украина, што донесе еден од најголемите ужаси на европска територија во 20. и 21. век, со десетици илјади мртви и милиони раселени, со многу населени места претворени во урнатини. Велигден за десетици милиони Украинци што се уште во земјата или се раселени во странство минува во знакот на војната,...

Нема да има Велигденско примирје во Украина, сателитски снимки покажуваат нови гробници во Мариупол

Нема да има прекин на огнот во Украина ниту за време на претстојните Велигденски празници, иако имаше надеж дека големиот христијански празник ќе биде причина народот да добие мир, пишува Би-би-си по вчерашната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој во своето обраќање кажа дека руските дипломати го одбиле нивниот предлог за мирување на воените дејствија за време на...

Путин нареди блокада на фабриката Азовстал во Мариупол, Украина тврди дека Русија не може да ја заземе

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им нареди на нејзините сили да ги запрат нападите на челичарницата Азовстал во Мариупол, но и да го блокираат влезот и излезот во овој огромен индустриски комплекс. Ваквиот потег следи откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу призна дека борбите за Мариупол продолжуваат околу оваа фабрика, во која има илјадници украински борци, пренесува Гардијан. По...

Над 30 загинати и 100 повредени во ракетен напад, Зеленски: Ова е зло кое нема граници

Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 беа ранети во руски ракетен напад врз железничка станица во источна Украина во петокот, додека цивилите се обидуваа да се евакуираат во побезбедните делови на земјата, соопшти државната железничка компанија, пренесе агенцијата Ројтерс. Според информациите добиени од Украинските железници ракетите погодиле станица во градот Краматорск, која се користи за евакуација на цивили...

Германското разузнавање пресретнало радиокомуникација на Русите со која се потврдува масакрот во Буча

Германското разузнавање пресретнало радиокомуникација на руската војска во врска со убиствата на цивили во Буча, Украина, каде беше извршен масакр на стотици граѓани. Изгледа дека ова злосторство било дел од план, пишува германскиот магазин „Шпигел“, кој екслузивно ги пренесува наодите на германското разузнавање. Bundesnachrichtendienst (BND), германската служба за надворешно разунавање ја пресретнало радиокомуникацијата што директно се поврзува со фотографиите на...

Русија целосно се повлече од Чернихив и Кијив, се насочува кон Донбас

Сите руски трупи од регионите Чернихив и Кијив се повлечени, соопшти Пентагон вчера. Но, според ситуацијата на терен, како што известува Би-би-си, тоа не значи деескалација на војната, оти Русите сега се насочуваат кон регионот Донбас и се прави обид да се заобиколат украинските одбранбени сили таму. „Руските сили во близина на Кијив и Чернихив целосно се повлекоа од тие...

Еден месец руска агресија: Над 10 милиони раселени, илјадници загинати лица и милијарди долари штета

На 24 февруари, Русија изврши воена инвазија врз Украина и со тоа ја започна војната што претставува најголем предизвик по мирот и безбедноста на Европа по Втората светска војна. Еден месец подоцна, руската агресија доведе до 10 милиони раселени лица од Украина, илјадници загинати војници и цивили, како и неколку милијарди долари штета врз Украина, предизвикана од руските воени...

Украина повторно го презема клучното предградие на Киев, беснее битката за Мариупол

Украинските сили рекоа дека рано во вторникот го вратиле стратешки важното предградие на главниот град, додека рускиот напад врз јужното пристаниште Мариупол беснееше со несмалено темпо, при што цивилите кои бегаа опишуваат немилосрдни бомбардирања и жртви на улиците, објави Ројтерс. Додека руските сили продолжија со опсадата на Мариупол откако бранителите на јужниот пристанишен град ги одбија барањата да се предадат,...

Ракетни напади на фабрика за авиони кај Лавов, Путин побарал средба со Зеленски

Фабрика за одржување на авиони во близина на Лавов е погодена со проектили, изјави градоначалникот на градот. Тоа е најблиску што војната дошла до историскиот град во западна Украина, кој досега избегна значајни борби, пренесе британскиот јавен сервис Би-би-си. Градоначалникот вели дека засега нема информации за жртви, а спасувачките екипи се на терен. Како што пренесува Би- Би- Си, базирајќи...

Руските напади се проширија кон запад, бегалците сведочат за убиени цивили во Украина

Руските трупи утринава ги ракетираа и ги погодија аеродромите во западните градови Луцк и Ивано-Франковск во нова серија на напади. Тие, исто така, го бомбардираа централно-западното упориште Днепар за прв пат од почетокот на инвазијата, која почна пред нешто повеќе од две недели. Би-Би-Си пренесе и дека сателитските снимки направени од американска фирма од големиот руски воен конвој во близина на...

Гинат цивили во хуманитарниот коридор во Мариупол, под рушевините дете починало од дехидратација

Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Олег Николенко соопшти дека руските трупи напаѓаат хуманитарен коридор помеѓу овој град и Запорожје, кое е оддалечено 225 километри, јавува Би-би-си. Тој истакнал и дека осум камиони и 30 автобуси се на пат да му испорачаат хуманитарна помош на градот и да евакуираат цивили во Запорожје. Цивилите во Мариупол живеат без вода и струја речиси...

Договорено 12-часовното примирје во Украина, сепак постои скептичност дека бегалците успешно ќе се евакуираат

Иако е договорено 12-часовно примирје во Украина и создавањето на безбедносни коридори по кои цивилите би можеле да се евакуираат, веќе се одвива, како што известува „Асошиејтед Прес“ сепак, постои скептичност од украинска страна бидејќи претходните обиди да се воспостават евакуациски коридори пропаѓаа поради нови напади. Со инвазијата на руските вооружени сили на Украина, којашто тече веќе втора седмица, руските...

Повеќе од 40 цивили загинаа во судирите околу Нагорно-Карабах

Од почетокот на судирите околу Нагорно-Карабах, кои траат повеќе од една недела, според официјалните извештаи од Баку и Ереван, на азербејџанската страна погинале 27, а на ерменската 19 цивили, додека 141 цивилно лице е рането, соопшти денеска руската агенција ТАСС, повикувајќи се на извори од азербејџанскиот јавен обвинител. Се додава дека во гранатираните населени подрачја се оштетени 63 цивилни...

Над 220 загинати лица во еднонеделните судири меѓу Азербејџан и Ерменија, конфликтот ескалира

Ескалираат судирите меѓу Азербејџан и Ерменија околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Војските на двете страни меѓусебно се обвинуваат за жестоки гранатирања на населени места, кои резултираат со сè поголем број на загинати и повредени граѓани. Ерменија и властите на непризнаената република Нагорно-Карабах обвинуваат дека азербејџанската војска со турски ракетни системи го нападнала главниот град Степанакерт. Уништени се станбени згради, а...

Советот за безбедност на ОН повика на спречување на ескалацијата на судирите во Сирија

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура за време на заседувањето на Советот за безбеденост на Обединетите нации рече дека во смртоносните напади на Сирија, прв приоритет мора да биде заштита на цивили. Тој повика на потполно почитување на Резолуцијата на Советот за безбедност 2401 со која се бара прекин на војната и обезбедување на услови кои...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....