fbpx
Таг: ЦИВИЛ

таг: ЦИВИЛ

ЦИВИЛ повикува: Пријавете политички притисоци и мобинг

ЦИВИЛ - Центар за слобода објави формулар за пријавување на политички притисок, мобинг или дискриминација. „По зголемениот број пријави за различни видови политички мотивирани притисоци, закани, дискриминација, па и насилство, ЦИВИЛ дава уште една можност за онеправданите граѓанки и граѓани. Формуларот има за цел откривање и превенција на политичките притисоци, дискриминацијата и мобингот со кој се соочуваат граѓанките и граѓаните“, се вели во...

„Цивил“: Иванов уште еднаш го прегази Уставот и го охрабри насилството

„Ѓорге Иванов, човекот кој на власт дојде преку изборна измама организирана од партијата во заминување од власт, и кој, според релевантни правни експерти, го прекрши Уставот на Македонија повеќепати досега, денеска уште еднаш го стори тоа“, се вели во реакцијата на невладината организација „Цивил“, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран...

Изборен молк пред прегласувањето во Теарце, „Мост“ и „Цивил“ ќе го набљудуваат процесот

Ноќеска на полноќ почна изборниот молк во пресрет на утрешното повторувањето на гласањето во избирачкото место 2011 во општина Теарце за предвремените парламентарни избори. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги извести радиодифузерите дека врз основа на решението од ДИК за повторување на гласањето на гласачкото место 2011, во општина Теарце, заклучно со 19 часот на 25 декември важат...

„Цивил“: Некои партии нудат поткуп на гласачите за да не излезат на гласање во Теарце

Oдредени политички партии нуделе поткуп на избирачите за да не излезат на прегласувањето што ќе се одржи в недела, изјавија од граѓанската организација „Цивил“ на денешната прес-конференција во Теарце. - Никој нема право на граѓаните да им го одземе правото на глас и секој обид да се спроведе некоја незаконска активност од типот на поткуп на гласачи е казнив со закон....

„Цивил“ бара пребројување на гласовите од сите изборни единици

Од граѓанската организација „Цивил“ бараат од Државната изборна комисија и од другите надлежни институции повторно и целосно да ги пребројат гласовите во сите изборни единици. Тие, исто така, бараат ревизија на неважечките гласачки ливчиња, при броењето на гласовите, бидејќи како што велат, за неважечките ливчиња се прогласувани и такви каде што јасно се гледа волјата на гласачите. Од „Цивил“ бараат и прегласување во избирачките...

Повеќе од илјада гласачи ги нема во избирачки список, информираат од „Цивил“

Повеќе од илјада гласачи досега не успеале да гласаат затоа што ги нема во избирачкиот список, информираше граѓанската организација „Цивил“ на прес-конференција. Претседателот на „Цивил“, Џабир Дерала, истакна дека имало прекршување на изборниот молк како во урбаните така и во руралните средини. Набљудувачите на „Цивил“ забележале и сериозен притисок врз граѓаните по телефон, а се вршело агитирање и на улица. Било забележано и семејно и...

До „Цивил“ има пријави за кршење на изборниот молк и притисоци врз гласачите

Граѓанската организација „Цивил“ информира дека од почетокот на изборниот молк до 14 часот, до нив стигнале околу триесет извештаи од изборните набљудувачи, како и десетина пријави од граѓани, за кршење на изборниот молк и за притисоци врз гласачите. - Вработени во една скопска општина во моментов организирано се јавуваат кај гласачите и вршат агитација и притисок. Истото го нотира и набљудувачот...

„Цивил“: 104 граѓани не можат да се најдат на избирачкиот список

Невладината „Цивил“ денеска до ДИК достави список од 104 лица кои биле избришани од избирачкиот список и упати барање да им се регулира правото на глас на овие лица. Оттаму велат дека т.н. фантомски гласачи не се целосно избришани од списокот, туку дека само мигрирале од една на друга адреса. - И по сите теренски и софтверски вкрстувања, ние имаме...

„Цивил“: Продолжуваат притисоците врз гласачите, пријавени повеќе од 170 случаи

Во периодот од 5 до 8 декември, граѓанската организација „Цивил“ примила повеќе од 600 повици од граѓани кои биле загрижени за тоа дали ќе имаат можност да го искористат своето право на глас на предвремените парламентарни избори в недела на 11 декември, информираат оттаму. „Цивил“ денеска во 13 часот ќе одржи прес-конференција пред Државната изборна комисија, по која, нивни претставници ќе им...

„Цивил“ бара партиите да ги соопштат изворите на финансии за кампањите

Од „Цивил“ посочуваат дека во Република Македонија се води исклучително скапа предизборна кампања, а политичките партии не даваат информации од каде им се финансиските средства за тоа. Центарот за слобода „Цивил“, со две мобилни екипи, викендов престојува во Охрид – Се води скапа кампања, нетранспарентна, никој не знае од каде партиите наоѓаат средства за кампањата. Ние се обидовме да им испратиме...

„ЦИВИЛ“: Да престане политичкиот прогон на активистите за човекови права

ЦИВИЛ Центар за слобода „ЦИВИЛ“ денеска ги осуди сите постапки со кои се газат слободата на изразување и правото на протест и изрази солидарност со сите активисти за човекови права кои се под репресија на власта. Од организацијата побараа политички монтираните процеси, притисоците и заканите во кои се инволвирани институциите мора да престанат еднаш за секогаш! „Со години наназад, „ЦИВИЛ“...

Заев: СДСМ не е за фиксирани избори, туку за условен датум

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, на денешната дебата што ја организираше „Цивил“, рече дека партиите имаат билатерални средби и разговори со претставниците на меѓународната заедница, но дека преговори меѓу четирите најголеми партии нема. Тој рече дека избори на 5 јуни нема да има, но и дека СДСМ не сака нов фиксен датум за избори, туку се залагаат за условен датум. -...

„Цивил“: Апсењата мора да престанат!

Центарот за слобода „Цивил“ денеска најостро го осуди приведувањето на членот на президиумот на Левица, д-р Здравко Савески. - „Цивил“ бара итно ослободување на Савески и бара да престанат притисоците и дејствата против активистите за човекови права и против граѓанското општество воопшто. Уште еднаш ќе кажеме, притисок и дејство против еден активист или против една организација, претставува директен удар врз...

„Цивил“: Преговори може, но со повеќе партии и граѓански организации

Центарот за слобода „Цивил“ ја поздравува иницијативата да се продолжат преговорите за надминување на политичката криза, овојпат во Виена. Во соопштението што го испратија до медиумите, од невладината организација велат дека со оглед на неуспехот на преговорите што се водеа и досега, неисполнувањето и опструкцијата на спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза, продолжувањето на преговорите мора да добие поинаков...

„Цивил“: Бараме Иванов да каже кој е виновникот од меѓународната заедница

Ѓорге Иванов објави дека поднел општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата, наводно, како начин за излез од политичката криза, тврдејќи дека не може „во својот мандат да го дозволи ова што ѝ се случува на Македонија“. А што тоа ѝ се случува на Македонија во овие седум години додека Иванов ја...

„Цивил“ бара одложување на изборите до септември

Неколку десетици граѓани, организирани од Центарот за слобода „Цивил“, денеска пред Собранието побараа изборите да се одложат и да се закажат најрано во септември. Според невладината организација, во Македонија сè уште нема услови за фер и веродостојни избори. - Се собравме тука денеска да кажеме дека бараме слободни избори, а не избори со фантоми, злоупотреба на администрацијата, злоупотреба на нашите пари...

„Цивил“ напладне пред Собранието ќе побара одложување на изборите

Невладината организација „Цивил“ денеска во 12 часот пред Собранието ќе бара оставка на Владата поради, како што велат, неуспехот да го спроведе Договорот од Пржино за надминување на политичката криза. Од „Цивил“ сметаат дека терминот за предвремените парламентарни избори мора да се помести најмалку до крајот на септември затоа што, според нив, ни оддалеку не се создадени услови за одржување...

Вооружени агенти во цивил ќе патролираат во француските возови

Вооружени агенти во цивилна облека ќе патролираат во возовите во Франција, во рамките на безбедносните мерки воведени по терористичките напади во Париз од 13 ноември, минатата година, соопшти денеска директорот на француската железница, Гијом Пепи. „Нашите агенти ќе патролираат во возовите во цивил, а ќе имаат и овластување да пукаат“, изјавил Пепи за француските медиуми. Француската железница (СНЦФ) досега имаше...

Дебата: „Ќе се повтори ли 23 февруари на 6 април?“

Денеска напладне во ГЕМ-клубот, граѓанските организации „Профицио“, „План – 4Д“ и „Онлимит медиа“ организираат дебата на тема „Можни ли се фер и демократски избори на 5 јуни - ќе се повтори ли 23 февруари на 6 април?“. На дебата ќе учествуваат Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Џабир Дерала, претседател на „Цивил“, Лидија Димова, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Рамадан...

„Цивил“ изразува згрозување од крајно дрскиот, непрофесионален и неетички настап на Латас

Невладината организација „Цивил“ изразува згрозување од „крајно дрскиот, арогантен, непрофесионален и неетички настап на главниот уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, кога во програмата беше поканет опозицискиот лидер Зоран Заев“. - Во својот монолог, Латас во целост ги разобличи своите сопствени позиции на послушник на власта. Притоа, уредникот на оваа телевизија со национална концесија ги откри и своите националистички...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...