fbpx
Таг: цензура

таг: цензура

Русија го продолжи притворот за американскиот новинар Еван Гершкович

Рускиот суд му го продолжи притворот на американскиот новинар Еван Гершкович до 30 јануари наредната година, јавува Гласот на Америка на македонски јазик. Продолжувањето на притворот за два месеци за новинарот беше објавено по неговото сослушување зад затворени врати во вторникот. Гершкович, новинар на Волстрит журнал, беше уапсен под обвинение за шпионажа во март годинава додека бил на патување за известување...

Српски монах со руско педигре успеа да откаже концерт на полски бенд во Белград

Полскиот метал бенд „Батушка“ беше приморан да го откаже нивниот концерт што требаше да се одржи на 23 ноември во Белград, јавува српскиот весник Данас. Ваквиот неславен епилог доаѓа откако монахот Арсеније од Српската православна црква објави 45-минутно обраќање на својот Јутјуб канал со наслов „Сатаната во Белград“. Тој повика на забрана на концертот на полскиот бенд во Белград, порачувајќи...

Новинарите на протест: НЕ на цензурата

Десетици новинари од повеќе медиуми денеска излегоа на мирен протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, искажувајќи револт од пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), која е закана за цензура, обид за замолчување и контрола врз новинарството. Во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) од протестот беа упатени повици властите...

Со изменета фотографија лажно се тврди дека филмот „Барби“ е забранет во Србија

Никаде не може да се најде информација дека филмот „Барби“ е забранет во Србија, а во овој филм воопшто не постои мапа на голема Албанија. Ниту, пак, има некаква мапа на која не е прикажана Северна Македонија, за, како што се сугерира во постот, филмот да биде забранет и во нашата држава. Сцената во која Барби стои пред наводна...

Ирска не донела закон со кој се забранува читање и споделување на вести надвор од мејнстрим медиумите

Ирска донесе закон против говор на омраза за кој  известуваа повеќе официјални медиуми, а целосниот текст од законот е објавен на страницата на ирската влада. Станува збор за легислатива насочена против злосторства од омраза, со кои се потенцира дека е кривично дело да се негира или да се претставува на тривијален начин геноцидот, а се заштитуваат и родовиот идентитет...

Медиумите мета на странски влијанија, политички пресметки и бизнис интереси

Галиматијас од сопственици, од бизнис и партиски центри, сето тоа е плодна почва за странски влијанија врз медиумите но и за нагласен степен на мешање и притисоци врз слободата на новинарството и новинарските професионални стандарди, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пишува: Александар Божиновски Во Македонија ретки се медиумите кои егзистираат само од довербата и популарноста на...

Русија го приведе американскиот новинар Еван Гершкович од „Волстрит Журнал“

Американски новинар кој работи за угледниот весник „Волстрит Журнал“ е приведен во Русија под сомнение за шпионажа, соопшти Руската служба за безбедност ФСБ, пренесува Би-би-си. Еван Гершкович, искусен новинар од Русија, работел во градот Екатеринбург во моментот на притворањето. „Волстрит журнал“ соопшти дека е „длабоко загрижен“ за неговата безбедност. ФСБ соопшти дека ги „запрела нелегалните активности“ и дека репортерот „дејствувал по американски...

Руски суд осуди познат новинар на осум години затвор, ширел „лажни вести“ за инвазијата во Украина

Познатиот рускиот новинар и критичар на Владимир Путин, Александар Невзоров е осуден на затворска казна од осум години за „ширење лажни вести“ за руската војна во Украина, пишува Политико. Московскиот суд го осуди Невзоров поради „објавување лажна информација за намерно бомбардирање на руската војска на породилиште во Мариупол“ на неговите профили на Инстаграм и Јутјуб. Новинарот Невзоров известуваше и за...

Кина ја засилува цензурата на интернет

Нов закон што ќе стапи на сила на 15 декември во Кина ќе воведе строга цензура за сите критички коментари поврзани со вестите. Овој потего доаѓа во време на многу гневни реакции од јавноста поради строгата анти-ковид политика на кинеските власти, па Кинезите оддишка наоѓаа на интернет, пишува хонконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“. Кинеските социјални медиуми и видео-платформи ќе...

ЗНМ ја поздрави судската одлука против обидот за цензура на „Нечиста крв“

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздрави одлуката на Основниот граѓански суд-Скопје за донесеното решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв“, односно објавите на документарниот видео запис со истоимениот наслов на...

Фридом Хаус: Русија со најголем пад според слободата на интернетот – блокирани над 5.000 веб-страници

Најголемиот пад на слободата на интернетот го има Русија, откако Кремљ ги интензивираше своите напори да ја задуши опозицијата и да ги замолчи независните медиуми во пресрет на незаконската и неиспровоцирана инвазија врз Украина, се вели во најновиот извештај на Фридом Хаус за слободата на интернетот, во кој се анализирани 70 држави, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Глобалната...

ССНМ: Медиумите ќе бидат изложени на брутална цензура ако судот го прифати барањето на Жан Митрев

Целата медиумска индустрија ќе биде изложена на брутална цензура ако судот го прифати барањето на доктор Жан Митрев за примена на вонредни судски мерки, односно за повлекување на истражувањето на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) со наслов „Нечиста крв“, предупреди денес Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). ССНМ јавно инсистира Судот да не го прифати барањето Митрев потсетувајќи за...

Русија го блокираше и СаундКлауд поради наводно ширење дезинформации

Русија го ограничи пристапот до веб-страницата на апликацијата за стримање на музика СаундКлауд поради наводно ширење на дезинформации, јавува Ројтерс. Руските медиуми денеска потврдија дека државниот регулатор за комуникациите Роскомнадзор ја блокирал страницата, и тоа на барање на канцеларијата на Генералното обвинителство. „Роскомнадзор го ограничи пристапот до услугата СаундКлауд во врска со поставување материјали што содржат лажни информации поврзани со...

Њујорк Тајмс: Протечени документи разоткриваат строго следење и цензура во Русија

Протечени документи од рускиот државен регулатор на комуникациите „Роскомнадзор“ покажуваат како Русија врши дигитално следење на своите граѓани и цензурирање, изедначувајќи се со авторитарните држави како Кина и Иран и дека од основањето на Роскомнадзор во 2008 година, Путин го претворил во систем на шпионажа заради задржување на моќта, пишува „Њујорк Тајмс“. Весникот анализирал околу 160.000 записи и документи што...

Рускиот новинар Муратов ја продава Нобеловата награда за да им помогне на украинските бегалци

Новинарот и главен уредник на рускиот весник „Новаја газета“, Дмитри Муратов денеска изјави дека Нобеловата награда за мир што ја доби лани ќе ја стави на аукција за да собере фонд за помош на украинските бегалци, јавува Ројтерс. „Ги повикувам аукциските куќи кои се заинтересирани да ја огласат оваа награда, која е позната низ целиот свет, да нè контактираат“, изјави...

По банирањето на Фејсбук и Инстаграм двојно се зголеми побарувачката за ВПН услуги во Русија

Откако руската влада го банираше пристапот до социјалната мрежа Фејсбук на корисниците во Русија минатата недела, стотици илјадници руски државјани се обидуваат да ја заобиколат забраната со користење на Виртуелната приватна мрежа (VPN), јавува Гардијан. Виртуелната приватна мрежа креира шифрирана конекција меѓу одреден уред на корисник и далечински сервер што може да се наоѓа било каде во светот, технички секој...

Твитер претстави нова верзија која ја заобиколува цензурата на информации од руските власти

Твитер лансираше своја нова верзија со заштитена приватност дизајнирана за да ја заобиколи цензурата и надзорот на руските власти за текот на информации во врска со конфликтот во Украина кој трае повеќе од две недели. Станува збор за „onion“ верзија кон која корисниците можат да пристапат преку спуштање на пребарувачот Tor што им овозможува пристап и до веб-сајтови достапни на...

Новинари на „Скај Њуз“ застрелани и ранети во близина на Киев

Главниот дописник на британската телевизиска компанија, „Скај Њуз“, Стујарт Ремзи заедно со четворица колеги, новинари кои ги покриваат новостите за воената инвазија во Украина, во понеделникот наутро биле застрелани и ранети во нивното возило кога од друг град се враќале кон Киев, дознава Би-би-си. Додека се обидувале да излезат од колата за да избегаат, Ремзи бил застрелан во половината, а...

Руски воздушен напад уништи училиште во Житомир, НАТО предупредува дека Русија користи касетни бомби

Во центарот на Житомир, град во северозападниот дел на Украина, руски воздушен напад ја уништи зградата на училиштето бр.25, соопштија украинските власти. „Беше лансиран проектил или бомба. Информациите за жртвите ќе бидат објавени подоцна. Всушност, половина од училиштето беше уништено. Спасувачките операции се во тек“, рече градоначалникот на Житомир, Серхиј Сухомлин во своето видео обраќање, пренесува Укринформ.   Градското училиште бр.25 се...

Со порака „не на војната“, вработените на една од последните независни телевизии во Русија се збогуваа од публиката

Eдна од ретките независни телевизии „ТВ Дожд“ ја емитуваа својата последна програма пред колективно да се збогуваат и да се одјават, симболично, со емитување на Лебедовото езеро. Вработените на „ТВ Дожд“ вчера, на крај од вечерните вести, се собраа околу водителите, кои порачаа „не на војната“, пред сите заедно да заминат. Преносот траеше и додека вработените го напуштаа студиото, по...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...