fbpx
Таг: Центар

таг: Центар

Се продаваат два плаца на Мијалков, се очекува да се продадат за 2 милиони евра

Со денешната објава за продажба на недвижен имот од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена владина одлука, продолжува враќањето на парите во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Станува збор за градежно неизградено земјиште со површина од 3.880 м2 и шума со површина од 634 м2, кои...

Дојава за бомба во две основни училишта во Скопје, учениците евакуирани

Покрај дојавите за бомба во осум средни скопки училишта, денеска за прв пат откако се испраќаат серија лажни закани, порака за поставен експлозив стигна и во основните училишта „Петар Поп Арсов“ и „Кочо Рацин“. Денеска по 15 часот, на електронската адреса на основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, стасал мејл со заканувачка содржина во која е наведено дека...

Вистиномер: Во Бугарија веќе 17 години има македонски културно-информативен центар

Во Софија веќе постои културно-информативен центар на Република Северна Македонија, кој официјално е отворен на 27 април 2005 година. Истовремено, отворен е и културно-информативен центар на Бугарија во земјава, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објавена е вест на веб-портал од информативен карактер, која содржи неточен и сензационалистички наслов, кој во време на затегнати односи на С.Македонија и Бугарија...

Почна изградбата на улица Есенинова која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар

Денеска Град Скопје започна со изградба и пробивање на улицата Есенинова, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада. Новоизградената улица ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот...

Благ пораст на цените на становите во екот на кризата од корона вирусот

Зголемување на цените на становите има во второто тримесечје од годинава кога се разгоре кризата од корона вирусот, а забележително е дека цените растат иако понудата на станови ја надминува побарувачката. Според податоците на Народната банка, во вториот квартал на 2020 година, цените на становите во Скопје бележат годишен раст од 1,4 отсто, што претставува мало забавување во споредба со...

Отворен Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Северна Македонија денеска во Скопје го отворија новиот Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации. Центарот ќе обезбедува централизирани информации во реално време, следење на состојбите, известување и совети за тоа како да се постапува во случаи на настани и вонредни состојби поврзани со јавното...

Изградбата на новиот мост над Вардар во Аеродром почнува утре

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, придружуван од градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, на Гази Баба, Борче Георгиевски, и на Центар, Саша Богдановиќ, изврши увид на градежните работи за проширување на булеварот АСНОМ и најави дека утре ќе почне изградбата на нов мост, во продолжение на булеварот. - Општините Аеродром, Гази Баба и Центар за помалку од две години ќе бидат...

Од среда паркирањето во Центар поскапо за 20 денари

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ)” денеска соопшти дека од 8 јануари, среда, паркирањето за еден час ќе чини 20 денари повеќе отколку досега. Цените, пак, на месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ЈП ПОЦ остануваат исти. „Во Општина Центар живеат повеќе од 45.000 жители кои секојдневно се соочуваат со сериозен проблем со...

Од 2022 година на сите автопати ќе има „интелегентен видео надзор“

И покрај тоа што контролниот центар на Јавното претпријатие за државни патишта во Петровец веќе е пуштен во употреба, контролата со камери засега е воспоставена единствено на патарините. На автопатот Демир Капија - Смоквица се врши видео мониторинг на сообраќајот, но со посебен контролен центар лоциран во Неготино. Од ЈП за државни патишта за „Мета“ велат дека имплементацијата на...

Отворен новиот Центар за спасување на планина

Во рамки на проектот „Регион Охридско Езеро безбедна дестинација за авантуристички туризам“, инаку еден од деветте проекти финансирани од ЕУ преку ИПА-програмата за прекугранична соработка со Албанија, денеска во Охрид ставен е во функција новиот Центар за спасување на планина. „Не е целта само да привлекуваме туристи, треба да се грижиме за нивната безбедност. За поздравување е што една од...

„Вграденото“ дрво во кафулето се исуши – не се знае кој е надлежен, Градот или Центар

Се исуши уште едно од забетонираните дрвја во градот, на улица Македонија, буквално вградено во затворената тераса на кафуле и едно од 800 евидентирани од експертите од Шумарскиот Факултет во Скопје, покажа проверката што ја направи прави тимот од оваа институција. Ова е второ дрво за кое е потврдено дека се исушило  поради тоа што му биле забетонирани корењата и стеблото...

МВР известува за посебен сообраќаен режим поради протестот на ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 19 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев, право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на Влада. „Од  тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен...

Куманово со најзагаден воздух вчера

Енормна загаденост на воздухот беше регистрирана вчера и ноќеска на голем број мерни места во Македонија. Според присуството на ПМ10 честички најзагаден воздух вчеравечер имаше Куманово, со 264 микрограми на кубен метар воздух, по што следуваше мерното место Битола 1 со 205, и Миладиновци со 183 микрограми. Максималната дозволена вредност е 50 микрограми ПМ10 честички на кубен метар воздух. Во Битола...

ЈСП: Поради најавени три протести, голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени

Денеска поради најавени три протести, голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени, а дел од автобусите ќе возат по скратена траса од вообичаената, информираат од ЈСП. Од таму додаваат дека „автобусите од јавниот превоз, како возилата на ЈСП Скопје, така и на приватните превозници, ќе сообраќаат согласно условите на терен и наложениот режим од страна на сообраќајната полиција.“ „Поради протестот на...

Центар, Гази Баба и Карпош би можеле да добијат градоначалник во првиот круг

Три скопски општини би можеле да добијат градоначалник уште во првиот круг на гласање, покажа анкетата што ја спроведе „М-проспект“ на барање на „Телма“ и на МЦМС, на примерок од 1.560 испитаници. Општините Центар, Гази Баба и Карпош по гласањето на 15 октомври би можеле да добијат градоначалник. Според анкетата, кандидатот на СДСМ за Центар, Саша Богдановиќ, ќе го победи Дејан...

Надмудрувања меѓу Фетаи и Михајлова, рочиштето за „Шамари“ одложено

Рочиштето од судскиот процес за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, во кој првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повторно се одложи бидејќи во судницата не беа присутни обвинетите Димче Крстев и Милан Андоновски. Како сведоци присуствуваа актуелниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, и кандидатот за градоначалник Саша Богдановиќ, а присутни беа и обвинетите Миле Јанакиески...

Во Охрид летово ќе биде забрането движење за туристички автобуси во центарот

Во текот на летната сезона, во централното подрачје на Охрид ќе биде забранет влезот на туристичките автобуси, било договорено на денешната средба на претставници на СВР Охрид, општинскиот сектор за локален економски развој, сообраќајни инспектори и на туристичките агенции. Како што соопшти СВР Охрид, туристичките автобуси не ќе смеат да влегуваат во централното градско подрачје, а на дел од улицата...

Депонија во центарот на Охрид, помеѓу училиште и детска градинка

Освен што не направи ништо за образованието во Охрид, локалната самоуправа го става на ризик и здравјето на учениците, обвинија од СДСМ. Од охридскиот разгранок на партијата побараа градоначалникот Никола Бакрачески и раководството на основното училиште „Григор Прличев“ итно да ја исчистат депонијата што се создава среде најголемото основно училиште и веднаш до централната детска градинка, во центарот на Охрид. - Покрај депонијата,...

„Да ја спасиме Попова Шапка“: Наместо да го градат, институциите го уништуваат центарот

Попова Шапка е оставена без никаква инфраструктура, одржување и без конкретен проект за модернизирање на туристичките капацитети. Ова денеска на прес-конференција го истакнаа граѓаните што ја поведоа иницијативата под мотото „Да ја спасиме Попова Шапка“. Тие се загрижени што центарот наместо да се гради, се уништува за овие 15 години. - Попова Шапка е претворена во трпеза на која не се знае кој јаде...

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од Центар, Чаир и од Шуто Оризари

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Шуто Оризари, Петровец и Чаир. Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Партениј Зографски, Салвадор Аљенде и Периша Савељиќ во општина Центар. Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од Макошпед – Шуто Оризари и бетонара „ЈОСИНГ“ во општина Шуто Оризари. Без струја...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...