fbpx
Таг: Центар за управување со кризи

таг: Центар за управување со кризи

Осуммина нуркачи трагаат по човекот кој исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња

Потрагата по 29-годишното лице кое во попладневните часови на 29 јули оваа година исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во липковскиот регион, денес ја продолжуваат осуммина нуркачи од армиските специјалци Волци, соопштуваат од Центарот за управување со кризи. „Условите за потрага се многу тешки, брегот е исклучително стрмен а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само...

ЦУК: Граѓанин пали отпад во Скопје покрај напуштени и срушени објекти [видео]

До Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава пристигнала видеонимка и пријава од граѓанин, направена во 08.40 часот утринава за неодговорно палење отпадоци во Скопје. Од ЦУК велат дека станува збор за локација во близина на ТВ Канал 5, до реката Вардар, каде што има голем број напуштени и срушени објекти. Од ЦУК информираат дека утринава нема посериозни пожари, но дека...

Пронајдени тројца американски туристи што се изгубиле на Галичица

Тројца американски туристи вчера попладне пријавиле дека се изгубиле во Националниот парк Галичица, а спасувачки екипи ги пронашле речиси два часа подоцна, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што соопштија од МВР, 33-годишната Н.А. од САД во СВР Битола пријавила дека таа, нејзиниот сопруг и нејзиниот брат се изгубиле во националниот парк. Тие тргнале да планинарат кон врвот...

Деведесет луѓе за две и пол години биле повредени во сообраќајни незгоди со тротинети

Единаесет луѓе, возачи на електрични тротинети или пешаци, само до мај годинава биле повредени, од кои двајца имале тешки телесни повреди. Претходната 2022 година, според евиденцијата на МВР имало 49 повредени во незгоди со електрични тротинети, од кои осум со тешки телесни повреди. Во 2021 година пак, повредени биле 30 лица, од кои осум имале тешки телесни повреди. Ова на...

Ангелов: Додека не се утврдат точните штети, мостот „Беласица“ ќе остане затворен

Мостот „Беласица“, кој го поврзува Ист гејт со железничката и автобуската станица ќе биде потполно затворен за пешаци и моторни возила додека се утврдат и санираат штетите од пожарот кој ноќеска го зафати долниот дел на мостот. Како што кажа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, ваква одлука донесе Град Скопје, затоа што овој мост претставува...

Пожар под мостот „Беласица“, во тек е увид на настанатата штета [Галерија]

Синоќа околу полноќ е пријавено дека настанал пожар под мостот на улица Беласица кај Ист Гејт Мол. Пожарникарите неколку часа ги гаселе огромните пламени јазици, а утрово мостот „Беласица“ е затворен за сообраќај на потегот од булеварот Гоце Делчев до улицата Никола Карев. „Полициски службеници излегле на местото на настанот, а сообраќајот бил пренасочен. Пожарот е изгаснат од екипи на...

Во време на војна на европско тло, системот за тревожење во земјава не е функционален

Системот за известување и тревожење во државата не е функционален. Нема сознанија кога сирените за тревога последен пат биле вклучени, а според одговорните лица, тоа се случило пред повеќе од 20 години, се вели во Извештајот на Државниот завод за ревизија објавен во декември. Необезбедените услови за рано предупредување и идентификување на опасностите по безбедноста на граѓаните влијаат врз...

Скопје денес: Откорнати покриви, поплавени објекти, оштетени автомобили – УХМР предупреди за ново невреме

Две лица се повредени, повеќе покриви на згради и куќи се откорнати и оштетени, голем број објекти, улици подвозници беа поплавени, стотици дрвја се откорнати и скршени. Ова е билансот од вчерашното невреме кое го зафати главниот град Скопје во попладневните часови со силен ветер, обилен дожд, град и грмотевици. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објавија метеоаларм со...

Невреме попладнево во Скопје, откорнати дрвја и поплавени улици [фото]

Невреме со силен ветар, град, дожд и грмотевици попладнево го зафати Скопје околу 17 часот. Паднати дрвја и билборди, оштетени покриви, поплавени улици и објекти веќе се пријавуваат од граѓани на социјалните мрежи во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел. Од Центарот за управување со кризи информираат дека граѓаните на телефонскиот број 112 пријавуваат паднати дрва, откорнати...

Деветнаесет пожарникари работеле на санирање на штетите од невремето во Неготино

Деветнаесет пожарникари работеле синоќа до 23 часот на санирање на штетите од невремето во Неготино, кое беше проследено со силен ветер и поројни дождови. „Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци и слично. За...

Гори борова и дабова шума кај охридските села Вапила и Сирула, 26 пожари се изгаснати

Активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула – гори борова и дабова шума и ниска вегетација, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Интервенирано е со едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“. Освен овој активен пожар во Охридско, како што информираше ЦУК, во изминатите 24...

Уште е активен пожарот кај Фурка, во последните 24 часа се изгаснати 12 пожари во земјава

Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци и понатаму е активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Пожарот е активен на кракот на западната страна кон Богданци и мал крак кон рибник „Елита“. Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово околу 5 часот на терен се...

Армиски и полициски хеликоптер го гасат пожарот на Криволак, воените магацини се дополнително осигурани

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов соопшти дека утрово изврши извидување на три активни пожари, од кои најголемиот е во Криволак. „Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што во моментов со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер. Воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни“, истакна Ангелов. Вториот пожар...

Избувна пожар на армискиот полигон Криволак, се бара интервенција со хеликоптери

На армискиот полигон Криволак денеска избувна пожар, а за тоа се известени надлежните во АРМ, од каде што е побарана интервенција со хелихоптер бидејќи теренот е непристапен, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи. Од регионалниот центар за управување со кризи во Велес, ја информирале централата на ЦУК во Скопје дека на подрачјето на општината Неготино бил појавен...

Високите температури ги разгореа пожарите, апел до граѓаните да бидат внимателни во шума

Граѓаните да внимаваат при посета на шуми и паркови и да се воздржуваат од активности кои можат да предивикаат пожари, апелираат од Националниот парк „Шар Планина“. Поради настапувањето на топлотниот бран и високите температури има голема опасност лесно да се запали шума, заради што од паркот информираат дека забрането е палење оган, подготовка на скара на неозначени места за...

Одрон и поплава го затворија регионалниот пат Росоман- Прилеп

Регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај месноста викана „Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот, информираат од АМСМ, а од Центарот за управување со кризи велат дека од утрово изведувачот на новиот пат работи со механизација за расчистување на патот. Причина за одроните се интензивните врнежи од дожд во последните неколку денови, заради кои дел од патот е...

За неполни три дена, над илјада повици на бројот за итни случаи 112

За неполни три дена, откако е пуштен во употреба единствениот број за итни случаи 112, на него помош побарале над илјада граѓани. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), во петокот, кога бројот беше пуштен во употреба, имало околу 600 повици. Во текот на вчерашниот ден, пак, на овој број се јавиле 430 граѓани. Во текот на ноќта...

Од денеска функционира бројот 112 за вртење во полиција, брза помош, пожарна и ЦУК

Граѓаните од денеска ќе може да го користат бројот 112 за пријава на итни случаи во полиција, брза помош, пожарна и Центарот за управување со кризи. За почеток, овој број ќе функционира само во Скопје, а за 10 дена системот ќе почне да функционира низ целата земја. Најмалку уште една година ќе продолжат да функционираат и досегашните одделни броеви...

Вистиномер: Додека пола држава гори, Ангелов твита спинови за политичките противници

Неспорно е дека државните институции треба навремено да реагираат на лажните вести. Но, демантите треба да бидат во насока на целосно, точно и транспарентно информирање на јавноста. А, не како во конкретниот случај со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, да се долева „масло на огнот“ преку спинови кои се во функција на партиска пропаганда и...

ЦУК: Пожарот кај Делчево доби нови жаришта, гори и кај Велес, Берово и во село Буковиќ

Пожарот во делчевскиот регион од синоќа доби нов интензитет и се прошири на две нови жаришта, селата Разловци и Тработивиште. Денеска таму ќе дејствуваат силите на Армијата, МВР, вработени во јавното комунално претпријатие од Делчево, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму додаваат дека пожарот во село Будинарци е активен и се проширува кон општина Берово. - Таму...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...