fbpx
Таг: Центар за култура

таг: Центар за култура

Доцни проектот за доградба на тетовскиот театар, актерката Љоки: Ова одложување наликува на канцер

Втората фаза од изградбата на новата театарска зграда во Тетово никако да започне и зошто се случува ова, одговор нема од директорот на Центарот за култура во Тетово. Актерката Албана Љоки вели дека не се надева дека тоа ќе се случи, а одолговлекувањето на културните проекти го нарекува „канцер“ што ќе експлодира еден ден, пишува „Порталб.мк“. Според директорот на Центарот...

Аслани: Завршена е првата фаза од изградбата на Центарот за култура во Тетово, ја чекаме втората фаза

Заврши првата фаза од изградбата на новиот Центар за култура во Тетово. Директорот Артан Аслани, истакна дека преостанува само записникот и се очекува да се формира Владата за да започне втората фаза. Првата фаза требаше да заврши во декември 2019 година, но според директорот, таа е одложена поради бирократски процедури, известува Порталб.мк. Иако првата фаза од изградбата на Центарот за...

Продолжува одолговлекувањето на постапката за изградба на новиот Центар за култура во Тетово

„Доколку првата фаза на работа не биде завршена до крајот на декември, ќе следуваат казни“, беа зборовите на директорот на Центарот за култура во Тетово во ноември минатата година. Сепак, декември помина и првата фаза не заврши, а немаше ни казни. Министерството за култура веќе три месеци ја одложува постапката за започнување на работите за втората фаза на новиот...

Владата вети пари за еколошко греење во неколку објекти во Куманово

На 171. седница што вчера се одржа во Куманово, владата вети средства за замена на постоечките системи за затоплување во една градинка, едно училиште и во Центарот за култура во Куманово, а истовремено и за пристапен пат за претоварната станица за ѓубре во Ранковце. Како што сопштија од владиниот сектор за информирање, на третата од вкупно 10 планирани седници што...

Новиот Дом на култура во Тетово, започнат во 2014 година, ќе се гради уште три години!

Новиот Дом на културата во Тетово веќе пет години се гради и никако да заврши - според одговорните, се предвидува дека ќе бидат потребни уште три години за да биде готов, пишува „Порталб.мк“. Првата фаза на изградба, според директорот, Артан Арслани се очекува да заврши во декември. Во изјава за Порталб.мк, тој вели дека ќе има пенали ако работата не биде завршена...

Фестивал на новиот германски филм во Прилеп

Од 12 до 14 октомври во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се одржи Фестивал на новиот германски филм, во соорганизација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ и на Амбасадата на Германија. Свеченото отворање е в четврток, во 20 часот, а на него ќе присуствуваат и претставници на Амбасадата на Германија. Ќе се прикажува филмот „Чик“, кој е од жанрот...

Изложба на Ферди Булут и на Дарко Талески во Прилеп

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“, утре, во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Дел од мене“ од уметниците Ферди Булут и Дарко Талески од Прилеп. Изложбата е дел од  манифестацијата „Нов културен бран“ што ја реализира Министерството за култура. Уметниците ќе се претстават со изложба на фотографии и со кратки видеозаписи, како дел од видеоперформанс. Под насловот „Како...

Изложба на графичарката Андријана Мациев во Прилеп

Во галеријата „Борко Лазески“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утре во 20 часот ќе биде отворена изложбата на дела „Живот во бои 2“ од уметницата Андријана Мациев, која пред прилепчани ќе се претстави со 15 дела. Андријана Мациев дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, во одделот графика, во класата...

ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозовски спречи Охрид да добие современ центар за култура

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, тајно и зад грбот на јавноста, без никаква транспарентност ниту дебата, ги прекина и ги поништи постапките за реализација на проектот за реконструкција, надградба и за осовременување на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во кој се сместени и работат националните установи Театар Охрид, „Охридско лето“ и Библиотеката „Григор Прличев“, обвини пратеникот на...

Почнува „Прилепско културно лето“

Со почетокот на ликовната колонија „Дрен“ и со концертот на Камерниот оркестар - Битола во Центарот за култура „Марко Цепенков“, вечерва во Прилеп почнува традиционалната манифестација „Прилепско културно лето“. - Публиката и годинава ќе има можност да ужива во бројни настани од областа на сценско-музичката и ликовната дејност - вели директорот Тони Чатлески. Колонијата „Дрен“ годинава се одржува по десетти пат. Во...

Вечерва во Струга, концерт на вокалниот ансамбл „Симбиоза“

Вечерва, од 20 часот, во холот при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи хорски концерт на вокалниот ансамбл „Симбиоза“. „Симбиоза“ е мултиетнички, мултикултурен и образовен проект кој произлегува од секојдневната соработка на двајца млади просветни работници, Дамјан Темков (композитор) и Бехар Весели (диригент). Проектот „Симбиоза“ досега има реализирано шест концерти на реномирани фестивали. Овој проект, иако најавен само како...

Почна „Тетовско културно лето“

Со повеќе музички изведби на вокалниот ансамбл „Симбиоза“, составен од ученици од различни етникуми од Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ од Скопје, синоќа пред Центарот за култура во Тетово почна „Тетовското културно лето 2016“. Од ансамблот беа изведени сплетови од песни со различни национални обележја, кои оваа традицонална манифестација ја најавија како мултикултурна и мултиетничка. - Преку обединување на различни...

В петок се отвора изложбата „Париски рефлексии III“ во Чифте амам

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, го најавуваат третото продолжение од циклусот изложби, под наслов „Париски рефлексии“. Отворањето ќе се одржи...