fbpx
Таг: Центар за истражување и креирање политики

таг: Центар за истражување и креирање политики

Домувањето е еден од предизвиците за младите, особено по завршување на студирањето

Домувањето претставува еден од клучните предизвици со кои се соочуваат најголемиот број на млади лица во земјава. Правото за соодветно домување, идентификување на предизвиците и важноста за младинскиот ангажман во решавањето на станбените прашања, вештини и стратегии за ефективно застапување и мобилизација, беа темите на вчерашната, втора по ред работилница на темата „Активни млади за соодветно домување“ во организација...

Управувањето со кризи и спречувањето на насилство во фокус на конференцијата на СМАРТ Балкан

Недоволно сили на терен, недостиг од финансии и поддршка на доброволните противпожарни друштва, како и немање психолошка поддршка за професионалците кои секојдневно се соочуваат со стресни кризни ситуации – ова се дел од главните слабости на системот за управување со кризи во Северна Македонија. Подготвеноста на системот за управување со кризи во земјава беше во фокус на денешната дискусија...

Одлуките на општинско ниво и понатаму ги носат мажи, на раководните позиции многу мал број жени

Од 751 лидерска позиција во 17 општини што се анализирани низ земјава, на 553 од нив биле поставени мажи, додека на само 198 лидерски позиции се наоѓале жени. Спроведеното истражување во рамките на проектот „Родовата анализа на лидерските позиции и општинските програми 2020/2021“, покажува дека одлуките што се носат на општинско ниво се носат од мажите. Ова беше заклучокот...

Кај Царовска стигнале само две забелешки за стратегијата за бегалците

Само две забелешки стигнале во Министерството за труд и социјална политика денеска, на последниот ден кога организациите или граѓаните може да даваат предлози или забелешки за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. До вчера немаше стигнато ниту една реакција, иако уште пред 18 дена, кога...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...