fbpx
Таг: центар за граѓански комуникации

таг: центар за граѓански комуникации

Истражување: застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби

Доминантен дел од општините во Македонија немаат генерални урбанистички планови (ГУП)- чија формална важност е истечена. Од друга страна, во општините, за пет години се донесени многу детални урбанистички планови (ДУП) за кои се направени и многу измени, открива истражувањето што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации. Наспроти законски предвидениот плански период од 10 години, во дел од општините...

ЦГК: Владата и општините жртвувале проекти од 220 милиони евра за да ги намалат расходите од енергетската криза

За покривање на дополнителните расходи што ги наметна енергетската криза во 2022 година, Владата и општините вкупно жртвувале проекти кои се од важност на граѓаните во вредност од најмалку 220 милиони евра, гласи еден од заклучоците од најновите истражувања за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните, на...

ЦГК: Нетранспарентно се издаваат спортските објекти во општините и во училиштата

Од вкупно 42 објекти за спорт во Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип, дури 7 се вон употреба поради оштетувања и застареност, а со 12 спортски објекти (лоцирани во Битола, во Струмица, Тетово и Чаир) не ни располагаат локалните власти, туку се добиени на трајно користење, откако ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост...

Лани била намалена вредноста на општинските тендери за една третина

Центарот за граѓански комуникации денеска ја објави Базата на податоци на тендерите на општините во 2022 година, според која 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година вкупно склучиле 3.508 договори за јавни набавки во вредност од 7,3 милијарди денари, односно 118 милиони евра. „Вредноста на јавните набавки на 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година е намалена за...

ЦГK: Транспарентноста на министерствата стагнира, а на општините се подобрила

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 отсто и во однос на лани е подобрена за три процентни поени (од 73% на 76%). Ова го покажало годишното рангирање на институциите кое го прави Центарот за граѓански комуникации. Во рангирањето биле вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. „Својата активна...

ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, а пожари се гаснат со возила стари по 27 години

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат во просек се стари по 27 години. Според најновите истражувања на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), слично е и кај амбулантните возила. Во земјава има 263 амбулантни возила кои се просечно стари по 12 години, а најчесто се и купени „на старо“. Само 30 од новонабавените вакви возила...

ЦГК: Активната транспарентност на институциите годинава е подобрена

Просечната активна транспарентност на институциите е подобрена за 10 процентни поени во 2022 година во однос на лани, покажува редовното годишно рангирање на Владата, министерствата и општините според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер. Во рангирањето се вклучени 98 институции од земјава, односно Владата, сите министерства и сите општини, информираат од Центарот за...

Ризиците од корупција и судир на интереси во набавките за ковид-19 остануваат високи

Високи ризици од корупција и судир на интереси изобилувале во јавните набавки поврзани со ковид-19 и во второто полугодие од 2021 година, покажува длабинскиот мониторинг на Центарот за граѓански комуникации, којшто денеска го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од КОВИД-19. Мониторингот на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие...

ЦГК: Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за 3,6 милиони евра

Истражување за набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму, покажа дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Возила набавиле 42 државни институции. Според резултатите од анализата на Центарот за граѓански комуникации, најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, која...

ЦГК: Расте отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите-секој трет се поништува

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Според податоците добиени од мониторингот на јавните набавки, поништувањата на тендерите достигнаа до 33 отсто, што е највисоко ниво во последните неколку години, а причината за тоа...

Индекс на активна транспарентност: Министерствата и Владата објавуваат 79 отсто од потребните информации

Активната транспарентност или објавувањето на информации на сопствена иницијатива на институциите, без некој да има доставено барање за пристап до тие информации, на министерствата, Владата и на општините за 2021 година изнесува 63 отсто (од максималните 100 отсто). Во однос на 2020 година, активната транспарентност е подобрена за 5 процентни поени (од 58 на 63 отсто). Министерствата и Владата...

ЦГК: Во постапки без објавување оглас, во првите шест месеци лани доделени јавни набавки вредни 11 милиони евра

Расте бројот на нетранспарентни тендерски постапки со преговарање, без објавување оглас, при јавните набавки во земјава, покажува Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2020 година на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Во првите шест месеци од 2020 година, склучени се договори во вредност од 11 милиони евра во вакви нетранспарентни постапки, што е за 15 отсто...

Предлозите за намалување на корупцијата во јавните набавки се доставени, останува да се види примената

Јавните набавки се извор на корупција и го поткопуваат владеењето на правото, истакна амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп на денешниот настан „Претставување на предлозите за намалување на корупцијата во јавните набавки и унапредување на начинот на нивно спроведување“ во организација на Центарот за граѓански комунунации (ЦГК). Тој истакна дека отстранување на корупцијата во јавните набавки е...

Истражување на ЦГК: Пола од вкупниот данок на имот во земјава се прибира во Скопје

За данок на имот од граѓаните и од фирмите, сите општини во државава заедно, годишно во просек наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент. Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од граѓаните, 70 отсто, додека од правните лица, односно од фирмите се прибираат...

Порталб: Тетово најголем должник меѓу општините, за три месеци долгот зголемен за 1,4 милиони евра [инфографик]

Едно од предизборните ветувања на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, беше токму намалувањето на општинскиот долг. Сепак, долгот, не само што не се намали, туку оваа општина веќе важи за најголем „должник“ од вкупно 80 општини во земјава, а за само три месеци, Општина Тетово го зголеми долгот за 1,4 милиони евра, пишува Порталб.мк. Иако Општина Тетово не кажува кому...

ЦГК: Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно

Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1.319-те општински советници и претседатели на совети на општините изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат...

За корупциски скандали институциите молчат, кријат документи или одговараат парцијално

Неможноста новинарите да имаат брз пристап до информациите од јавен карактер беше клучна забелешка на европскиот експерт Рајнхард Прибе, кој уште во 2015 година во рамките на итните приоритетни реформи во сферата на медиумите побара властите да ги адресираат главните пречки со кои се соочуваат новинарите при добивањето јавни информации. Во таа смисла тој побара релевантните институции да одговорат на...

Истражување на ЦГК: Детектирани ризици од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“. Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле...

Истражување на ЦГK: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Од 2017 до 2020 година, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за три проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за два проценти (односно за 154 луѓе), покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени...

Државните институции набавиле 392 нови автомобили, за што потрошиле 8,1 милиони евра

Државните институции набавиле 392 нови патнички возила, за што потрошиле 8,1 милиони евра во последните две и пол години, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. „Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39 илјади евра секој. Сепак, најскапото возило...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...