fbpx
Таг: цена на струја

таг: цена на струја

Од 1 јануари, струјата за прв блок поевтинува, за трет и четврт поскапува

Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, изјави денес претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Со примена на овој модел, рече Бислимоски, мрежарината се намалува за скоро 23 отсто. Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за...

Од 1 јануари цената на струјата да поскапи за 27%, бараат енергетските компании

Ако се прифатат барањата на енергетските компании, тогаш цената на струјата од 1 јануари ќе треба да се зголеми за 27 отсто. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги доби барањата за определување на нови тарифи на АД МЕПСО Скопје, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и МЕМО ДООЕЛ Скопје. Станува збор за три од пет елементи што ја сочинуваат крајната цена и...

Бектеши гарантира дека цената на струјата ќе остане иста и по 1 јануари

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува на новиот распишан тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи да се избере конкурент со помала профитна маржа, со што би можела да се намали цената на струјата на регулираниот пазар. Актуелен универзален снабдувач е ЕВН Хоум, а наскоро ќе има нов повик за следните пет години. „Никако...

Наместо РКЕ, новата цена на струјата ќе ја одредува ЕВН Хоум

Наместо Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе ја одредува ЕВН ХОУМ. Регулаторната комисија ќе има обврска само да направи проверка, но сè уште не е извесно дали ќе може да интервенира врз цената. Ова денеска го потврди Марко Бислимовски, претседател на РКЕ, а согласно новите измени во Законот за енергетика. „Нема повеќе...

Ќе се врати евтината тарифа на струјата, но од кога, ќе зависи од анализа на Регулаторна

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) планира да ја врати евтината тарифа  бидејќи падна цената на струјата на светската берза. Како што за Мета.мк изјави претседателот на РКЕ, Maрко Бислимовски, евтината дневна тарифа ќе се врати, но во кој часовен интервал и опсег ќе зависи од податоците што ќе ги даде анализата која ја прави РКЕ во моментов. „Свесни сме дека...

Ковачевски: Електрична енергија ќе има без рестрикции, цената не се зголемува

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се ангажирани сите расположливи капацитети во земјава за зголемување на домашното производство на струја. При посетата на РЕК Битола, Ковачевски рече дека 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени сметки за струја и дека електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот. „Успеавме да ги ангажираме сите расположливи...

Контраспин: Споредбата на цената на струјата во регионот без наведување на факторите е спин

Наведување само на цените на електричната енергија за компаниите и граѓаните во С. Македонија и споредба со некои земји од регионот е методолошки спин. Спин е, затоа што во секоја земја различно, повеќе фактори ја определуваат цената, а тоа е количеството домашно производство и цената на истото, регулираниот и нерегулираниот пазар, т.е. кои компании се на кој пазар, потрошувачката...

Цените на струјата во земјава слични како во Србија и Косово, а далеку пониски од Хрватска

Македонија има најниска цена на евтината струја и речиси изедначени цени во скапата тарифа со Србија и Косово, додека Хрватска има забележително повисоки цени и во ниската и во високата тарифа. Сите држави од регионот во текот на минатата година најмалку еднаш ги коригираа цените кои граѓаните ги плаќаат за потрошена електрична енергија. Во земјава на почетокот на јули стартуваше...

ЕСМ: Произведената струја ја понудивме за 48 евра по мегаватчас, а на берзите чини 360 евра

АД ЕСМ понуди цена на произведената електрична енергија од 48 евра за мегаватчас за периодот јули-декември 2022г. Цената за претходното шестмесечје, јануари-јуни 2022г изнесуваше 41е/МWh, соопшти ЕСМ. Како што велат оттаму, корекцијата на цената треба да се гледа во контекст на енормното зголемување на цените на енергенсите на глобално ниво, како и нивната недостапност, особено во период на грејна сезона....

Бројот на фотоволтаични електрани за една година се зголемил за 28, годинава има засилени инвестиции [инфографик]

фотоволтаична централа Теново фото: Влада
Во период од една година, бројот на регистрирани фотоволтаични електрани што произведуваат струја од сонцето како обновлив извор на енергија е зголемен за 28 нови објекти. Во 2021 година имало 168 соларни електрани со моќност од 23,83 мегавати, додека годинава заклучно со 16 мај, нивниот број е зголемен на 196 фотоволтаични електрани коишто имаат моќност од 30,83 мегавати. !function(){"use strict";window.addEventListener("message",(function(e){if(void...

Цената на струјата се вивна до небо, компаниите вложуваат во фотоволтаици како излезно решение

Фабрики за производство на храна, погони за флаширање на вода, транспортни компании, металопреработувачки капацитети, дистрибутивни компании, па дури и јавни комунални претпријатија низ земјава изминатиов период инвестираат во обезбедување на сигурност во снабдувањето со електрична енергија. Интересот е голем, насочен е првенствено кон изведба на фотонапонски електроцентрали, кои воглавно се градат во кругот на постојните индустриски капацитети. Регулаторната комисија за...

Владата со оглас за поддршка на над 7.500 домаќинства во плаќањето на сметките за струја

Министерството за економија денеска го објави јавниот оглас за финансиска поддршка на домаќинствата со ниски примања во плаќањето на сметките за електрична енергија. За оваа мерка од државниот буџет за годинава се обезбедени 60 милиони денари, а целта е да се заштитат ранливите потрошувачи на енергија. Над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе добијат месечна поддршка од државата во...

Цената на струјата ќе расте, само 14 отсто од домаќинствата имаат соларни колектори [инфографик]

Додека се редат мноштво анализи за процентот на поскапување на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во земјава, статистичките податоци покажуваат дека мнозинството домаќинства немаат алтернативни извори за снабдување со струја, коишто би можеле да им ги намалат месечните сметки кон ЕВН Хоум. Државниот завод за статитистика деновиве излезе со податоци за тоа каква е ситуацијата со инсталираните сончеви...

Наместо печки на дрва, сончевите колектори се спас од аерозагадувањето и за поевтина струја

Меѓународната енергетска криза, која што влијаеше на енормно зголемување на цените на електричната и топлинската енергија, го вклучи „црвениот аларм“ кај граѓаните во земјава. Прашањата за висината на сметките за струја од 1 јануари 2022 година, пропратени со шпекулациите дека ќе има рестрикции на електрична енергија, ги стимулираа граѓаните есенва да се пренасочат кон набавка на печки на дрва,...

За 13,6 отсто поскапа струја за домаќинствата понуди ЕСМ за догодина

За снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи со електрична енергија за 2022 година, АД ЕСМ на денешните тендери за набавка на струја за периодот јануари-јуни доставила понуда до ЕВН Хоме, како универзален снабдувач на електрична енергија, со купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас. АД ЕСМ доставила понуди и на двата тендери, за 60 отсто и 40...

Порталб: Во состојба на енергетска криза, се краде струја за копање криптовалути [инфографик]

Додека Северна Македонија, како и остатокот од светот, се соочува со енергетска криза, односно е во кризна состојба со снабдување на електрична енергија, во земјата незаконски со кражба на струја се копаат криптовалути. Несовесни граѓани, незаконски приклучуваат машини за копање криптовалути кои трошат многу струја и со тоа ја влошуваат кризната ситуација со снабдувањето електрична енергија. Според статистичките податоци што...

Вистиномер: Не е точно дека цената на струјата „нема мрднато“ 4 години

Изјавата на премиерот, дека во Македонија четири години не мрднала цената на струјата, е неточна. Имено, цената на струјата во последните две години двапати се зголеми со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), при што едно од овие поскапувања беше нивелирано со намалување на даноците, но второто покачување е реално, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Зборувајќи за...

Не се очекуваат ценовни шокови во земјава, владата и компаниите ги следат движењата на берзите

Стопанствениците и владата будно ќе ги следат движењата на берзите во светот и ќе се преземат мерки доколку е потребно, за да не дојде до ценовни шокови во земјава во наредниот период, се согласуваат стопанствениците и централната власт. Вчеравечер во Владата, на барање на Стопанската Комора на Северна Македонија се оствари средба со заменикот на претседателот на Владата задолжен за...

Струјата нема да поскапи во земјава, но РЕК „Битола“ ќе го зголеми производството и ќе се увезува јаглен

Нема причина за паника меѓу македонските граѓани во однос на цената на електричната енергија за претстојните месеци, смируваат од Регулаторната комисија за енергетика и Електрани на Северна Македонија. На европско ниво, цената на струјата на холандската берза се искачила од 16 евра за мегават час во јануари до 98 евра за мегават час на крајот од септември, јавува Политико. Претседателот...

Намалувањето на данокот за струја на 5 отсто заглави во Собранието, сметките за јули ќе се плаќаат по старо

Сѐ додека Собранието не ги донесе законските измени за намалување на ДДВ-то за електричната енергија, од 18 на 5 отсто, домаќинствата ќе ги плаќаат сметките со постојната ставка на ДДВ од 18 отсто, која е сега на сила, потврди денеска на прес конференција во Владата, министерот за финансии Фатмир Бесими, како одговор на новинарско прашање. Тој рече дека се надева...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...