fbpx
Таг: ЦДУ

таг: ЦДУ

Меркел заминува, Армин Лашет избран за нејзин наследник на чело на ЦДУ

Наследник на Ангела Меркел на чело на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) е Армин Лашет, актуелен премиер на германската покраина Северна Рајна Вестфалија, јавуваат светските медиуми. Изборот на Лашет ќе значи продолжување на прагматичната политика што ја воспостави Ангела Меркел во изминатиот период од 16 години. Лашет победи во вториот круг од гласање на одржаниот он-лајн конгрес, на кој учествуваа 1.001 делегат....

Наследничката на Меркел во ЦДУ нема да се кандидира за канцеларка на Германија

Анегрет Крамп-Каренабуер, лидерката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), која што германската канцеларка Ангела Меркел ја избра за нејзина наследничка нема да се кандидира за канцелар на следните избори, изјави денеска извор од ЦДУ. Парламентарните избори во Германија ќе се одржат во 2021 година. Изворот кажал дека Меркел инсистирала Крамп-Каренбауер да остане на функцијата министер за одбрана. Крамп-Каренбауер беше во центарот на политичкиот скандал...

Рот: ЕУ треба да ги исполни ветувањата кон Македонија

Европската унија треба да ги исполни ветувањата дадени кон земјите од Западен Балкан, вели државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот , по вчерашната препорака од на Европската комисија дека Македонија и Албанија ги исполниле условите и веднаш да почнат преговорите за членство во Унијата. „Во Македонија и Албанија беше направен видлив напредок. Сега е...

Меркел се повлекува од партиското претседателство

Германската канцеларка, Ангела Меркел им пренела на првите луѓе во нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека нема повторно да се кандидира за претседател на партијата на изборната конференција што ќе се одржи в декември, јавија светските агенции, повикувајќи се на некои германски емдиуми. „Блумберг“ јави дека веднаш по објавувањето на веста во Берлин, бил забележан пад на еврото на берзата. „Билд“ пишува...

По маратонските преговори, Меркел и Шулц постигнаа договор за формирање на влада

Конзервативците на Ангела Меркел и социјалдемократите на Мартин Шулц, постигнаа договор за формирање на владејачка коалиција, јавуваат светските медиуми. Според пишувањата на медиумите, социјалдемократите ќе го добијат министерството за надворешни работи и за финансии, што се оценува како добар преговор од страна на Шулц откако претходните осум години, ова министерство беше во рацете на Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Новиот министер за...

Меркел се надева дека ќе има нова влада до април

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази надеж дека новата влада ќе биде формирана до Велигден, јави ДПА. Во својот изборен округ во Тринвилерсхаген, во североисточната провинција Мекленбург-Западна Померанија, синоќа маратонските разговори меѓу нејзиниот блок ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите за тоа дали да влезат во официјални преговори за коалицирање, Меркел ги нарече „првиот чекор во еден долг процес”.

Меркел и Шулц начелно се договорија за нова влада

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократите на Мартин Шулц утрово постигнале начелен договор за формирање на новата влада на Германија, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на свои извори. Компромисот бил постигнат по преговорите кои траеле повеќе од 24 часа. Начелниот договор, според агенциите, во текот на денот треба да го потврдат управните одбори на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на...

Се зголемува рејтингот на конзервативниот блок на Меркел и на социјалдемократите

Рејтингот на конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел и на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) се зголемил за време на дискусијата за формирање нова голема коалиција, покажува анкетата што ја изврши агенцијата „Емнид“, по нарачка на „Билд ам зонтаг“. Според резултатите, рејтингот на христијанско-демократскиот сојзу (ЦДУ) на Меркел и на христијанско-социјалниот сојуз (ЦСУ) на Хорст Зехофер се зголемил за...

Меркел категорично против нови избори

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е категорично против предвремени парламентарни избори, по неуспехот да формира влада со либералната партија ФДП и со партијата на зелените. - Апсолутно не сум убедена дека треба да ги повикаме граѓаните да гласаат повторно - изјави Меркел на конференција на нејзината Демохристијанска партија (ЦДУ), пренесуваат агенциите. Таа истакна дека на Европа ѝ е потребна...

„Конрад Аденауер“ жестоко ja искритикува ВМРО-ДПМНЕ

Во анализа под наслов „Народот одлучи“, Фондацијата „Конрад Аденауер“ на германската владејачка конзервативна партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, упатува остри критики за недемократско однесување на „сестринската“ партија во Македонија - ВМРО-ДПМНЕ, поради нејзиното одбивање да се реформира, дезавуирањето на државните институции, како и поради критиките кон странските амбасадори, пренесува „Дојче веле на македонски јазик“. Анализата, потпишана од Јоханес Реј, наведува...

Груевски – Фрај: Изборите се излез за надминување на кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се сретна со пратеникот во германскиот Бундестаг од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и член на комисијата за надворешни работи на германскиот парламент, Торстен Фрај, информираат од владејачката партија. На средбата, како што се појаснува во партиското соопштение, тие разговарале за претстојните парламентарни избори, како и за надминувањето на политичката криза. Груевски истакнал дека се исполнети сите...

Меркел размислува за построги закони за мигрантите по новогодишните напади врз жени

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека се разгледуваат можности за измени во законската регулатива на земјата што ќе овозможат полесна депортација на мигрантите што сториле некакво кривично дело. Ваквите најави доаѓаат по сексуалните напади и разбојништва врз жени што се случија на 31 декември во градот Келн и кои ја шокираа германската јавност. Според актуелните германски закони, барателите на азил можат да бидат вратени...

Партијата на Меркел бара забрана на носење бурка

Под притисок да го заостри ставот кон имигрантите, конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел повикаа да се забрани носење бурка во јавност. Во резолуцијата, која в понеделник ќе се усвојува на партискиот конгрес во Карлсруе, раководството на ЦДУ се спротивстави на барањето на некои членови за одредување горна граница за бројот на бегалци што можат да влезат во Германија. Во резолуцијата, која...

Најсериозната кандидатка за градоначалник на Келн ранета со нож

Најсериозниот кандидат за градоначалник на германскиот град Келн, Хенриета Рекер, денеска била ранета со нож, во напад што го извршил 44-годишен маж, за време на избораната кампања, еден ден пред закажаните избори, соопшти полицијата, пренесуваат медиумите. Рекер, според полицијата, била ранета во вратот, но е надвор од животна опасност. Во нападот, повредени се уште четири лица, од кои едно тешко. Нападот...

Меркел повторно избрана за лидер на ХДУ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, по осми пат, е избрана за претседателка на конзервативната Христијанско-демократка унија, која ја предводи од 2000 година. Меркел го доби новиот двегодишен мандат со 96,72 отсто од гласовите. Се очекуваше 60-годишната Меркел, која по потекло е од поранешната комунистичка Источна Германија, да забележи нов триумф на партискиот конгрес во Келн, бидејќи ужива огромна популарност во рамки...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...