fbpx
Таг: цариници

таг: цариници

Запленети 5 килограми сребрен накит и бижутерија на скопскиот аеродром

Околу пет килограми сребрен накит и бижутерија се запленети од страна на царински службеници на Меѓународниот аеродром Скопје. Странски државјани не го пријавиле накитот, но биле фатени од цариниците, известува Царинска управа. Во едниот случај станува збор за четири килограми сребрен накит и бижутерија што британски државјанин, инаку сопственик на продавница за накит, се обидел да ги изнесе од државата...

Украинец фатен во обид да внесе во земјава воени шлемови, револвери – кубури и други антиквитети

Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, како и препарирана глава од алигатор се запленети на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински службеници при спроведена контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин. Како што соопшти Царинската управа, во возилото во неколку торби и...

Цариниците в петок на протест, размислуваат и за затворање на границите

Предупредувачки протест на вработените во Царинската управа, денеска најави Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ). Причина за протестот, како што велат, е тоа што цариниците со години наназад не добивале исплата на додаток од 30 отсто на платата, за што тврдат дека им следува согласно закон и Колективниот договор. „Видовме дека...

На „Табановце“ уловени 1.000 непријавени антигенски тестови за ковид-19

При контрола на автобус пријавен за влез на Граничниот премин „Табановце“, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1.000 парчиња антиген тестови за ковид-19, соопшти Царинска управа. Вчера во 13 часот на ГП „Табановце“ за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна...

Од утринава повторно отворен граничниот премин Евзони

Министерството за внатрешни работи информира дека според информациите добиени од Република Грција од 05:30 часот утринава (18 февруари), граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај (влез и излез). Граничниот премин Евзони беше затворен од 05 часот на 17 февруари, поради штрајк на грчките цариници.

Граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај поради штрајк на грчките цариници

Министерството за внатрешни работи информира дека поради штрајк на грчките цариници граничниот премин Евзони од 05 часот на 17 февруари до 08 часот на 18 февруари ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај. „Исто така, ве известуваме дека товарниот сообраќај на Граничните премини Деве Баир и Ќафасан, кој беше во прекин, е нормализиран од денеска,“ информираат од МВР.

Обид за шверц на два килограми кокаин на скопскиот аеродром

Два килограми кокаин, кои биле скриени во багажот на Венецуелец, се откриени на Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопшти Царинската управа на Република Македонија. Дрогата при продавање во количества „на мало“ би достигнала цена од околу 570.000 евра, се објаснува во соопштението. Шверцерот слетал на скопскиот аеродром завчера во 20.30 часот со лет од Цирих и бил издвоен за детален преглед, по...

На „Богородица“ фатени 130 килограми марихуана скриени во шупливи штици

Царинската управа соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ вчера бил спречен шверц на вкупно 130 килограми марихуана, кои биле скриени во шупливи штици во полуприколка влечена од шлепер. Како што објаснија, околу 3 часот вчера на граничниот премин за излез од Македонија се пријавил С.Р. (37) од Албанија, кој управувал со шлеперот со албански таблички. Тој на цариниците им рекол...

Сообраќајот кон Грција денеска во прекин поради штрајк на грчките цариници

Денеска ќе биде во прекин сообраќајот за сите видови возила на границата помеѓу Македонија и Грција, освен за пешаци, поради штрајк на грчките царински служби, информираат од Министерство за внатрешни работи. „Прекинот на сообраќајот на граничниот премин Богородица ќе биде од 6 часот утре до 6 часот, на Меџитлија од 6.30 часот до истиот термин на 20 октомври, а на...

Компаниите бараат етички кодекс за работа на цариниците

Стопанските комори во соработка со УСАИД спроведуваат проект „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, со кој на компаниите им се помага полесно да ги имплементираат законите што се однесуваат на нивното работење. Честите законски измени изминатите години им создваа проблеми при работењето, а покрај тоа компаниите детектирале 60 проблеми при примената на одредени закони, изјави денеска Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанска комора на Македонија. Покрај проблемите детектирани при...

Заврши штрајкот на грчките цариници – сообраќајот на граничните премини се нормализира

Сообраќајот на граничните премини со Грција се одвива нормално, без поголеми задржувања, соопшти денеска Автомото-сојузот на Македонија, наведувајќи дека просечното чекање на македонската граница изнесува околу 15 минути. Во еден часот изутринава, заврши 24-часовниот штрајк на грчките цариници поради новите мерки на штедење на грчката влада. За време на штрајкот, целосно затворени за сообраќај беа граничните премини Дојрани и Ники,...

Долги колони на грчките гранични премини поради штрајкот на цариниците

Долги колони автомобили и автобуси има на граничниот премин Евзони поради штрајкот на грчките цариници, кој почна на полноќ, потврдија за „Мета“ од грчкиот граничен премин. Како што соопштија, на преминот Евзони, на секои 60 минути границата се отвора за минување на возила во траење од 15 минути. Сообраќајот на граничниот премин е целосно затворен за товарни возила. Од АМСМ соопштија...

Затворен бугарскиот граничен премин Лесово кон Турција, 30 цариници приведени

Бугарската полиција спроведе акција на граничниот премин со Турција, Лесово, при што се приведени повеќе од 30 царински службеници, јави дописничката на „Мета“ од Софија. Првиот човек на специјализираното јавно обвинителство Иван Гешев истакнал дека на граничниот премин била спроведена истрага поради основано сомневање за постоење на организирана криминална група која ја сочинувале царински инспектори. Акцијата била спроведена од 300 специјалци...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...