fbpx
Таг: царина

таг: царина

Потпишан протокол за побрз проток на жива стока на Табановце и Богородица

Директорите на Царинската управа и на Бирото за јавна безбедност, Ѓоко Танасоски и Лазо Велковски, денеска потпишаа нов Протокол за уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во жива состојба, опасни материи и стока. Овој протокол, како што истакна министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, е од исклучително значење за извозот на македонските земјоделско –...

Тевдовски: Подготвени се законски измени за намалување на царинските глоби

Релаксирање на казнената политика и намалување на казните кај Царината, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на одбележувањето на Денот на Царинската управа. - Во координација со Царинската управа се изврши сеопфатна анализа на казнената политика и се изготвија предлози за намалување на глобите, односно за нивно изрекување соодветно на тежината на сторениот прекршок - истакна министерот Тевдовски. Тевдовски, на одбележувањето...

Кина воведе царина од 25 отстo на 128 американски производи

Кина воведе царина од 25 отсто на 128 американски производи вклучувајќи ги и свинското месо и виното, како реципрочна мерка на САД за царината за увоз на челик и алуминиум од Кина. Зголемувањето на царината стапува на сила денеска и ќе влијае на увозот кој изнесува околу три милијарди долари. Пекинг информира дека овој потег ќе ги заштити кинеските интереси и...

Царинската управа ќе го поедностави системот на извозни, увозни и транзитни дозволи

Поедноставување на системот за извозни, увозни и транзитни дозволи е една од темите на која се разговара на работниот состанок во просториите на Царинската управа, од 19 до 23 март реализиран со поддршка на Проектот за регионален економски развој финансиран од УСАИД. „Од работниот состанок се очекува да произлезат корисни совети и препораки за идните активности на поедноставување на постапките и...

Вчера на Блаце фатен еден тон марихуана – најголема заплена досега

Екипите на Царинската управа вчера заплениле околу еден тон марихуана, чија вредност се проценува на околу четири милиони евра, соопшти денеска директорот на Царината, Ѓоко Танаскоски, кој заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го посетија граничниот премин Блаце, каде беше запленета дрогата. Станува збор за најголемо количество на запленета дрога во еден случај. Марихуаната била пронајдена во товарно возило,...

Тринаесет мигранти од Ирак откриени во камион на граничниот премин Богородица

Полициска екипа и службеници на Царинската управа синоќа, околу 20.45 часот, на граничниот премин Богородица, при контрола на камион со бугарски регистарски ознаки, управуван од 45-годишен грчки државјанин, откриле група од 13 мигранти од Ирак, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Мигрантите, како што информира МВР, биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел на приколката, веднаш зад кабината...

ДДВ да се плаќа по наплатена фактура и помали казни, бараат компаниите

Компаниите детектирале 60 проблеми при примената на одредени закони, а честите измени на регулативата изминатите неколку години им создавале проблеми во работењето, изјави денеска Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанска комора на Македонија. Стопанска комора, во соработка со другите комори и со помош на УСАИД, го спроведуваат проект „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, за компаниите полесно да ги применат законите што се однесуваат на нивното...

Штрајкот на грчките цариници на полноќ ќе ги затвори граничните премини Евзони и Дојрани

Патувањето кон Грција утре ќе биде отежнато поради 24-часовниот штрајк на грчките цариници кои реагираат поради владините мерки за штедење. Од граничните премини Евзони и Дојрани велат дека границите ќе бидат затворени од полноќ вечерва до полноќ в четврток, а работата ќе се нормализира в петок. Од Евзони во телефонски разговор за „Мета“ потврдија дека границата ќе биде главно затворена...

Камионите што ни носат нафта се најпогодени од блокадата на грчката граница

Камионите што превезуваат нафта и нафтени деривати се најзагрозени помеѓу превозниците кои се заглавени на грчка граница поради блокадата и штрајкот на грчките земјоделци, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“. Таа додава дека камионите што превезуваат друг вид стока се пренасочуваат кон граничниот премин Дојрани и поради тоа тензиите се намалени. - Порадби безбедност, потребно е грчката полиција во...

На Блаце откриени 68,5 килограми марихуана

Царинските инспектори завчера на граничниот премин Блаце пронашле околу 68,5 килограми марихуана при контрола на комбе во специјално направен бункер, соопшти денеска Царинската управа. „Инспекторите завчера околу 22:30 часот на Блаце запреле комбинирано комбе (патничко-товарно) со хрватски регистарски ознаки, управувано од Б.К., хрватски државјанин. При преглед на возилото со царинско куче и рачен скенер, помеѓу задните седишта и делот наменет...

Притворен албански државјанин осомничен за шверц на 24,5 килограми марихуана

Кумановското јавно обвинителство донело наредба за спроведување истражна постапка против албански државјанин, во чиј автомобил на граничниот премин Табановце, завчера биле пронајдени 24,5 килограми марихуана. Албанскиот државајнин, како што информираат од јавното обвинителство, се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, од член 215, став 1 од Кривичниот законик. „На 12 октомври, на...

Македонската и албанската царина заедно ќе се борат против царински измами

Во Поградец, Република Албанија, се одржа билатерална средба помеѓу царинските управи на Република Македонија и на Република Албанија. Состанокот на делегациите, предводени од директорите на двете служби, се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија за заемна помош и соработка помеѓу царинските органи. Двете...

Србија се премислила за екстрадицијата на Даравелски

Српското министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Вчера бевме известени дека барањето е прифатено, дека има решение и дека Даравелски ќе биде екстрадиран. Подоцна дојде информацијата дека српското министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција - рече Спасовски. Одговарајќи на новинарско прашање за...

Патник за Албанија „заборавил“ дека во џебот има 7.400 евра

Македонската царина запленила 7.400 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи автомобил со македонски регистраски таблички, се пријавил за излез од земјава на граничниот премин Ќафасан, кај Струга. Патникот пријавил дека носи 2.000 евра, но при извршениот личен претрес, во неговиот паричник се пронајдени уште 7.400 евра за кои не поседувал потврда за потекло. Во согласност со законските прописи,...

СДСМ повторно побара одговори од надлежните за случајот со Мијалков

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку писмено соопштение до медиумите, денеска повторно побара објаснување и одговори од компанијата ТАВ, полицијата, царината и од другите надлежни служби, за тоа како поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, успеал да ги помине аеродромските контроли со пиштол во патната торба. „Компанијата ТАВ, која управува со аердромот во Скопје, е должна на...

Спречен шверц на цигари и на мобилни телефони

Девет штеки цигари со албански акцизни маркички се откриени при контрола на автомобил, управуван од албански државјанин, на граничниот премин Ќафасан. Цигарите се пронајдени во страничните празнини на багажниот простор и под резервната гума на возилото. Тие се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка. Истовремено, три нови мобилни телефони „ајфон 6С“ се откриени од мобилните царински тимови при контрола...

Царинска управа на Србија: Во Хрватска патувајте преку околните земји

Царинската управа на Србија упати апел до патниците од Србија, поради затворањето на хрватските гранични премини, да патуваат преку некоја од околните земји. Според нивните информации, возилата со српски регистарски таблички не се пропуштаат на хрватските гранични премини. Апелираат, патниците кои имаат српски пасош, или да одат пеш или да се превезат во возила со странски регистарски таблички. На тој начин,...

Молдавски цариници заплениле 130 килограми хероин

Молдавски цариници заплениле повеќе од 130 килограми хероин во камион кој превезувал плочки од Украина во Бугарија. Шефот на царинската служба, Иури Цербан, рекол дека на граничниот премин со Романија во понеделникот вечерта пронашле 250 пакети хероин кои на пазарот вредат помеѓу 10 и 20 милиони евра. Обвинителот Лилиан Бацалам рекол дека на возачот на камион му бил одреден притвор од...

Дали вработен од МВР контактирал со контроверзниот „Хакинг тим“?

Во дел од електронската коресподенцијата на контроверзната италијанска компанија „Хакинг тим“, што минатата недела ја објави „Викиликс“, има и службени мејл-адреси што гласат на на Министерството за внатрешни работи, moi.gov.mk. На прашање на „Мета“ дали во МВР има вработен чиј е-мејл е на листата на контакти на претставници на државни институици од повеќе земји, што си ги разменуваат двајца вработени во „Хакинг...

Српските цариници заплениле 602.680 непријавени евра

Српските цариници и полицијата на граничниот премиер Батровци при претрес откриле повеќе од 602.680 евра, непријавени финансиски средства. Како што јавуваат српските медиуми, парите биле скриени во специјално изработен бункер под задното седиште на автомобил „ауди А4“, со холандски регистарски ознаки, со кој патувале двајца турски државјани од Холандија за Турција.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...