fbpx
Таг: труење

таг: труење

Државата не ги труе луѓето со вакцини, туку ги спасува од зараза

Објавата што ја анализираме неосновано, произволно и без никакви медицински докази и факти тврди дека вакцините биле отров и дека државата сакала да ги труе нејзините граѓани. Докази за ова не се понудени, за разлика од доказите и фактите кои говорат дека вакцините се безбедни и дека тие спасуваат илјадници животи. Државата никого не труе, туку презема мерки согласно...

ИЈЗ: 12 деца се затруле во градинка во Берово

Вработени во подрачната единица на Центарот за јавно здравје Берово минатиот месец пријавиле епидемија кај заболени деца кои престојуваат во детска градинка. Регистрирани биле 12 деца, лабораториски потврдени на салмонелоза, пишува во новиот билтен на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во државата во месец февруари. Откако надлежните направиле епидемиолошко истражување, дале препорака за безбедно...

И доктор Нико Беќаровски злоупотребен за ширење „кемтрејлс“ теории на заговор

Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека познатиот доктор Нико Беќаровски ја потврдил теоријата на заговор за „кемтрејлс“, според која од авиони нè прскаат со хемиски супстанци, односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични за вирусни заболувања. Ова не е точно, изјавата на доктор Беќаровски е злоупотребена и се користи за да се шират невистини, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Условна казна доби трујач на животни кој расфрлил отров на јавна површина

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за предизвикување општа опасност и за мачење животни, според одредбите на Кривичниот законик. Како што соопшти Обвинителството, тој на 9 ноември, исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат за прскање винова лоза, ги ставил во ќеси како мамец и ги оставил...

Затруена сопругата на шефот на украинското воено разузнавање Буданов

Марија Буданова, сопруга на директорот на военото разузнавање на Украина, Кирило Буданов, е во болница со симптоми на труење со тешки метали, пишува Гардијан. Оваа информација ја објавија водечките украински медиуми. Повеќе детали не се соопштуваат, но се наведува дека „овие супстанции на никаков начин не се користат во секојдневниот живот и воените работи“. Според нив, може да се работи...

Анализата во Хрватска покажа дека труењето со пијалок е од средство за чистење

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош денеска посочи дека во газираниот пијалок од кој се отру едно лице од Риека можно е да било ставено средство за чистење, пренесува Индекс.хр. Извештајот од наодот од вештачењето покажува дека засега има само еден докажан случај на лице кои има повреди односно оштетување на хранопроводот предизвикан од хемикалии. Ваквото труење е предизвикано од...

Од труењето со метомил, в болница почина и 79-годишната жена

Основно јавно обвинителство-Скопје соопшти дека 15-тина дена откако поради труењето со метомил во домашната храна била примена в болница, починала 79-годишната жена од Скопје. Претходно, неколку дена по приемот в болница почина и 47-годишна жена од истото семејство, а мажот што бил примен заедно со нив, е на домашно лекување. „Од домот на семејството се подигнати 20-тина различни траги за кои...

Се чекаат одговори: Како се затру семејство од Скопје со забранетиот најотровен инсектицид „метомил“

Метомил, познат под брендови како Акинат (Acinate), Агринат (Agrinate), ДуПонт, Ланате (Lannate), Ланокс (Lanox)... е инсектицид од прва категорија, забранет за продажба во земјава, согласно регулативите на ЕУ, поради неговата висока токсичност и поради штетите што може да ги нанесе по животната средина и живиот свет. Доколку се употреби и само еден грам од отровот, кој нема ниту мирис...

Труењето диви животни е секојдневие на Балканот, но само 20 отсто од случаите се откриени

Труењето на диви животни е честа практика во земјава и на Балканот, но и покрај тоа, помалку од 20 отсто од инцидентите со труење се откриени и документирани. Според Студијата за труење на балканските мршојадци од 2022 година, вистинското влијание на употребата на отрови во природата е веројатно многу поголемо, со оглед на тоа дека само седум диви видови...

Македонски војници се затруле со гас во Словенија, двајца се пренесени в болница

При исцрпување на водата од подрумските простории во Домот на културата во Чрна, Словенија 32 лица биле изложени на јаглероден моноксид, при што осуммина од нив биле затруени од гасот и се пренесени в болница, јави Радиотелевизија Словенија. Двајца од нив се македонски војници, дел од контингентот од 100 војници и опрема како помош на Словенија за расчистување на штетите...

Не јадете сладоледи, брза храна и чистете ги фрижидерите – препорачува ИЈЗ за заштита од цревни инфекции

Летниот период и високите температури го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции, односно инфекции кои се пренесуваат преку храна. Затоа од Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), препорачуваат посебно внимание населението да обрати на тоа, каде и каква храна консумира. За заболувањата кои се пренесуваат преку храна (food borne diseases), е карактеристичен нивниот сезонски карактер...

На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија

Агенцијата за храна и ветеринарство, овластен државен орган задолжен за контрола на храната која се увезува на граничните премини, вклучително и овошјето и зеленчукот, тврди дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ваков таканаречен увоз не е можен и не бил извршен. Освен ова, Вистиномер провери и во здравствена установа од каде добивме потврда дека нема пријавено случај на...

Се преврте вагон со амонијак близу Пирот, 51 лице пренесени в болница, над градот уште има опасен „облак“

Во источниот српски град Пирот и околината претпладнево сѐ уште е на сила вонредна состојба, а над дел од градот сѐ уште има опасен „облак“. Вчера попладне еден вагон со амонијак, во железничка композиција што тргнала од Бугарија, се излизгал од шините и отровниот гас истекол во атмосферата. Вкупно 51 лице, биле пренесени во болница - поголемиот дел од...

Се зголемил бројот на мршојадци во земјава, но отровите и понатаму ги демнат

Бројот на парови од белоглавиот и египетскиот мршојадец, кои се гнездат во С. Македонија се зголемил. Годинава, Македонското еколошко друштво пребројало десет парови белоглави мршојадци, за разлика од 2018 година, кога биле само шест. Бројките на гнездечки парови на египетскиот мршојадец, пак, веќе три години се стабилни и не е регистрирана загуба на ниту една двојка. Во земјава има...

Вистиномер: Видео покажува траги од кондензација од авиони, а не прскање со отрови и коронавирус

Оваа објава на Фејсбук е уште една во низата теории на заговор за кемтрејлс, според кои вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Но, не постои никакво труење  и распрскување отрови од авиони, ниту пак, тие нè заразуваат со коронавирусот. Сосема е неверојатно намерно...

Порталб: Висок е бројот на труења со храна во Тетово, лекарите препорачуваат што да не се јаде

Бројот на труења со храна во текот на летово во Тетово е висок. Во ургентното одделение на тетовската болница, во тек на една смена од 12 часа, има над 100 амбулантски прегледи. За фактичката состојба, Порталб.мк разговараше со д-р Африм Алиу, а подготви и список на тоа што да се избегнува во исхраната. Во последните неколку недели е забележан значителен...

Не излегувајте во периодот од 10 до 14 часот, апелира Министерството за здравство

Поради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на земјава, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, а особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Ако УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, како и да се...

Иако се забранети, деца купуваат енергетски пијалоци и завршуваат на Токсикологија

Иако продажбата на енергетски пијалоци на лица под 18 години е забранета со закон, малолетници можат слободно да ги купат во продавници што се наоѓаат околу основните училишта. Цените се различни, се продаваат за 40 денари за лименка, па нагоре. Сепак, лекарите предупредуваат за штетното влијание врз детскиот организам заради состојките таурин и кофеин. На Клиниката за токсикологија постојано...

Концесионерот не го оградил арсенот и не поставил табли за предупредување во Лојане, ќе биде казнет

Јаловиштето со околу 15.000 тони арсен сулфид, опасен отпад којшто е лоциран во рудникот „Лојане“ на околу 100-тина метри од основно училиште, не е ограден. Ова за Мета.мк го потврдуваат од Државниот инспекторат за техничка инспекција, кои посочуваат дека турската компанија „Калтун Мадденџилик“ до моментот на поседување на концесијата, односно Договорот за концесија за екплоатација на техногени минерални суровини...

Отровите ги уништуваат дивите животни, трујачите никој не ги гони

Илегалното труење го уништува биодиверзитетот на Балканот, а само еден отсто од случаите завршуваат на суд, покажува најновата Студија за труење на мршојадците, која ја објави Македонското еколошко друштво (МЕД). Според податоците од документот, илегалната употреба на отровни супстанци во животната средина заради отстранување на „несакани“ животни го осиромашува биодиверзитетот и претставува закана за јавното здравје. Сепак, овие случаи...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...