fbpx
Таг: Трст

таг: Трст

Балканот ќе преговара за признавање на дипломите на лекарите, инженерите, архитектите…

Земјите од Западен Балкан наскоро треба да започнат преговори за заедничко признавање на стручните квалификации на докторите по медицина, стоматолозите, архитектите и инженерите, соопшти денеска Регионалниот совет за соработка (РСС). Претставници на шест земји од регионот на денешниот состанок во Сараево во седиштето на РСС ја потврдија препораката, која всушност беше барање во Агендата за мобилност во рамките на повеќегодишниот...

Kриминални групи ја загрозуваат регионалната безбедност, истакна Спасовски

Дејствувањето на криминалните групи не предизвикува само економски последици, туку тие сериозно ги загрозуваат и националната и регионалната безбедност, изјави денеска во италијанскиот град Трст, министерот за надворешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека неопходно е соработката да биде приоритет на земјите од Западен Балкан. Спасовски во своето обраќање на завршната министерска конференција за проектот „Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во...

Спасовски со италијанскиот колега Минити договарал проширување на соработката

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Трст, Италија, се сретнал со министерот за внатрешни работи на Италија, Марко Минити, при што се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двете министерства. Како што соопшти македонското Министерство за внатрешни работи (МВР), двајцата министри констатирале дека соработката меѓу двете министерства е одлична, а особено значајна во областа на борбата против трговијата...

Анѓушев – Гарет: Македонија може повеќе да извезува во Велика Британија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се сретна со британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет, со кој разговарал за економската соработка помеѓу Македонија и Обединетото Кралство. Тие заклучиле дека соработката е на солидно ниво, но и дека постои можност економските односи уште повеќе да се развијат, особено во поглед на извозот од Македонија. „Обединетото Кралство е значаен економски партнер на Македонија, втора земја по...

Анѓушев: Добивме 70 милиони евра грант од ЕУ за пругата кон Бугарија

Од вкупно 194 милиони евра грант наменет за развој на инфраструктурата во Западен Балкан, Македонија на самитот во Трст добила 70 милиони евра за доизградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, информираше денеска вицепремирот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој додаде дека оваа неповратна помош, доволна за да се покрие 46 отсто од вкупната сума што е потребна...

Лидерите од Западен Балкан во Трст го усвоија Акцискиот план за економска интеграција

Шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, денеска на Самитот во Трст го усвоија повеќегодишниот Акциски план за регионален економски простор на Западен Балкан наречен МАП (Multi-annual Action Plan - Повеќегодишен акциски план), соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), кој е овластен да го следи целиот процес. МАП има цел да овозможи „непречен протек на стока, услуги, капитал...

Заев: Во Македонија владее оптимизам од подадената рака од меѓународната заедница

Има голема потреба од формирање рамка за унапредување на односите меѓу земјите од Западен Балкан, кон што е силно определена новата влада на Република Македонија, а постои и голема потреба не само од реформи, туку и од фокусиран забрзан реформски напредок, рече премиерот Зоран Заев за време на неговото обраќање на самитот за Западен Балкан во Трст. - Знам дека граѓаните...

Меркел: Политичката стабилност на Балканот значи и наша стабилност

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на самитот за Западен Балкан во Трст изјави дека должност на Европска Унија е да го приближи регионот „бавно, но сигурно“ во правец на членство на ЕУ. – Политичката стабилност во регионот значи политичка стабилност и за нас. Ние го знаеме тоа од искуство - рече Меркел. Претходно, австрискиот канцелар Кристијан Керн изјави дека на регионот...

Заев – Брнабиќ: Ќе ја развиваме регионалната соработка, имаме заедничка иднина во ЕУ

Премиерот Зоран Заев и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на билатерaлната средба во Трст на самитот за Западен Балкан констатирале дека постојат услови за продлабочување на односите меѓу двете држави, како и дека тоа ќе биде силна порака кон Европската Унија, за европска интеграција на земјите од Западен Балкан кои припаѓаат на Унијата. „Има заедничка согласност дека на граѓаните...

Хан: Барањата на граѓанскот сектор од Балканот се прифатливи

Најголем дел, околу 90 отсто од барањата и од препораките на граѓанскиот сектор од Балканот се прифатливи, само треба да се најде начин за нивна имплементација, оцени еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска во Трст, откако присуствуваше на средбата меѓу претставниците на граѓанскиот сектор и шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан. На средбата шефот на македонската дипломатија...

Заев: Од Трст се испраќаат охрабрувачки пораки дека ќе се приближиме кон Европа

Европската Унија мора подиректно да му помогне на регионот за да се забрза неговата евроинтеграција, а самитот во Трст испраќа пораки на охрабрување дека ќе се приближиме кон Европа, рече македонскиот премиер Зоран Заев во емисијата „Окружење“, која се снимаше денеска на самитот ЕУ – Западен Балкан, што се одржува во Трст во рамки на Берлинскиот процес. Според Заев, блокирањето...

Рама во Трст облече костум, ама и бели патики

Албанскиот премиер Еди Рама на самитот Западен Балкан – ЕУ во италијанскиот град Трст се појави во „полежерно“ издание. На самитот на високо ниво, кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес, Рама се појави во костум и во спортски бели патики од познатиот бренд „адидас“. Ова не е првпат Рама да се појави во „лежерна“ варијанта на поголеми дипломатски средби....

Хан: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ не може да биде успешна без економска поддршка

Протекционизмот не е вистински одговор за развој на економијата, изјави шефот на италијанската дипломатија Анџелино Алфано, при отворањето на бизнис-форумот во Трст, кој се одржува во рамките на самитот Западен Балкан – ЕУ. Алфано истакна дека отвореноста и транспарентноста на државните органи кон бизнис-секторот се клучни за повисока динамика на економијата, а дека вистински предизвик е креирањето нови работни места...

Во Трст почнува самитот Западен Балкан – ЕУ

Во Трст денеска почнува бизнис-форумот во рамки на самитот на лидерите на државите од Западен Балкан, на кој, покрај еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, учествуваат и министрите за трговија и за економија на земјите од Западен Балкан. Самитот се одржува во рамки на Берлинскиот процес, иницијатива покрената во 2014 година, а која има цел да ги...

Трет Форум на цивилното општество од Балканот – претходница на самитот во Трст

Третиот Форум на цивилното општество, кој е претходница на самитот на Западен Балкан, почна денеска во Трст со присуство на околу 200 претставници на граѓанскиот сектор од Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и од другите делови од регионот, како и од Европа. Хедвиг Моравија, извршна директорка на Европскиот фонд за Балкан, истакна дека препораките од Форумот...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...