fbpx
Таг: тротоари

таг: тротоари

Булеварот „В.С Бато“ во Тетово уште не е завршен, но граѓаните го користат

Проектот за булеварот „Видео Смилевски - Бато“ во Тетово, за кој парите беа обезбедени во август 2019 година, иако започна да се користи, сè уште не е завршен и не може официјално да се пушти во употреба. Покрај осветлувањето, на овој булевар се очекува да бидат изградени тротоари и зелена површина, а тој, пак, да биде продолжен до населбата...

Нова акција на Штип Арт активисти: „Сонот на Штипјани“ за ѓубрето, небезбедните булевари, осветлувањето… [галерија]

Во текот на вчерашниот ден беше спроведена нова акција од страна на Штип Арт Активистите насловена како “Сонот на штипјани”.  „Оваа акција ја спроведовме како резултат на претходно направеното он лајн истражување со граѓаните на Штип каде тие потенцираа и издвојуваа најголеми проблеми со кои се соочуваат во секојдневното живеење“, велат тие.  Во најголем број граѓаните укажале на проблемот со нечистотијата и...

Тротоарите во Скопје окупирани од возила, „На Точак“ бара од општините да се позанимаваат со проблемот

Пешаците и велосипедистите се движат на улици, додека возилата ги имаат окупирано тротоарите и велосипедските патеки низ Скопје. Од граѓанската иницијатива „На Точак“ изминатиов месец водат активна кампања #ТротоаритеНаСкопје по социјалните мрежи, во која тие го прикажуваат секојдневното окупирање на тротоарите од непрописно паркирани возила. Кампањата на оваа граѓанска иницијатива следува откако на крајот на минатата година, „На Точак“ преку...

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово, одат по улица, заобиколувајќи ги возилата на тротоарите

Учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово секој ден одат на училиште загрозувајќи го животот, бидејќи се принудени да одат по улица, поради тоа што на тротоарите околу училиштето постојано се паркирани возила. Општина Тетово претходно вети дека ќе се постават блокади околу ова и други училишта, во текот на првите денови од 2021 година, пишува Порталб.мк. „Во моментов...

Порталб: Поради паркирани автомобили пред ОУ „Наим Фрашери“ во Тетово, учениците се принудени да одат по улица

На тротоарите околу основното училиште „Наим Фрашери“ има автомобили, дрва што се користат за греење, велосипеди, па затоа учениците се принудени да одат по улица, што претставува опасност по нивната безбедност. Од Општина Тетово за Порталб.мк ветија дека овој проблем ќе се реши во рок од 1 недела, додека Секторот за внатрешни работи Тетово, информира дека за четири години...

Нелегален сточен пазар никна на тротоарите на влезот во Тетово

Продолжува узурпацијата на јавните површини во Тетово од уличните продавачи. На тротоарот на влезот во Тетово никнува нелегален пазар на кој се продаваат животни. Она што започна минатиот четврток со само двајца или тројца продавачи, оваа недела се претвори во вистински сточен пазар. Сепак, по сè изгледа, ова не ги вознемирува воопшто претставниците на комуналниот инспекторат, кои се недостапни...

Град Скопје: Коловозите се целосно чисти, се дорасчистуваат тротоарите

Коловозите на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје се целосно расчистени, а на терен интензивно се работи на чистење на тротоарите и велосипедските патеки од наталожениот снег за да им се овозможи полесно движење на граѓаните, информираат од Град Скопје. „Во текот на изминатава вечер повторно се поминати сите булевари и улици што се во...

Град Скопје фрлил 355 тони сол на улиците

Од Град Скопје известија дека денеска и вчера поради снегот на сите улици во надлежност на градската управа биле фрлени 355 тони сол. „Утрово сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни“, тврдат од градот, појаснувајќи дека освен механизацијата за зимско чистење, се вршело и рачно чистење на тротоарите и улиците....

Шилегов: Хаосот на Бит пазар мора да се реши, бесплатни тезги за нелегалните продавачи

Град Скопје нема да отстапи во намерата да ги расчисти тротоарите на Бит пазар од сите пречки што го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот за пешаците, велосипедистите и возачите, рече денеска на прес-конференција градоначалникот, Петре Шилегов. Тој нагласи дека со отстранување на нелегалните продавачи на тротоарот на булеварот Крсте Мисирков, кај Бит пазар, ќе се реши хаосот и ги повика продавачите, кои...

Дебармаалци порачаа дека тротоарите се за пешаци, а не паркинг-простор за заработка

Жителите на Дебар Маало попладнево излегоа на протест, на кој ги повикаа Општината Центар, Градот Скопје, МВР и полицијата да преземат мерки за да ги заштитат пешаците, а особено децата од опасносностите кои демнат од тротоарите окупирани со возила, од неорганизираниот сообраќај и од неконтролираното градење. Протестот, организиран од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“, се одржа пред зградата...

Дебармаалци попладнево ќе протестираат за безбедни улици

Граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ денеска во 18 часот на протест пред Министерството за култура ќе ги повикаат Општина Центар и Град Скопје да ги применат постоечките закони за да ги заштитат пешаците од, како што велат „опасноста предизвикана од тротоари окупирани од возила и кафеани, опасно неорганизиран сообраќај и неконтролирано градење“. Протестот кој се одржува под слоганите...

Жителите на Дебар Маало утре ќе протестираат за безбедни улици и тротоари

Жителите на Дебар Маало во Скопје, утре ќе протестираат за безбедни улици и тротоари за пешаци пред Министерство за култура, во 18 часот. „Окупираните тротоари, неконтролираното градење, нерешениот паркинг-простор и лошиот режим за дотур на роба, го направија маалото небезбедно за живеење“, се вели на фејсбук-страницата „Вратете ни ги тротоарите“. Настанот е во организација на иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ која...

Град Скопје: Утрово фрлени 50 тони сол на улиците и на булеварите

Од почетокот на снежните врнежи утрово, екипите на зимската служба на Град Скопје фрлиле 50 тони сол на градските улици и булевари, соопштија од Град Скопје. Оттаму велат дека паралално со коловозите, екипи од јавните претпријатија на Градот Скопје работат на расчистување на снегот и на мразот од тротоарите и од јавните површини. „Во расчистувањето на тротоарите и јавните површини ангажирани...

Општина Тетово: Снегот се расчистува според приоритет, прво улиците, па тротоарите

Од кризниот штаб на Општина Тетово велат дека постојано се работи на расчистување на улиците од снегот. Според нив, сите коловози се проодни и механизација постојано работи на терен и ја контролира состојбата. - Наши екипи постојано се на терен и реагираат веднаш на расчистување на патиштата од снегот, кој периодично, поради силниот ветер, понекогаш може да се спушти на некој...

Кампања на „Мобилност“: „И мојот глас се брои“

За време на денешната кампања „И мојот глас се брои“, членовите на здружението „Мобилност“ сликовито посочија со кои проблеми се соочуваат додека се движат низ Тетово. За да пристигнат до седиштето на нивното здружение, тие мораа да се движат по улица ризикувајќи ги своите животи. Тротоарите беа узурпирани од автомобили и од трактори на кои се продава зеленчук. - Тротоарите се...

По стотици повреди, мразот е исчистен од битолските улици

По фрапантаната бројка од речиси 150 повредени битолчани поради лизгање на мраз и десетици скршеници и операции на раце и на колкови, јавните претпријатија во Битола со вонреден ангажман викендов ги исчистија тротоарите и пешачките премини од мразот. ЈП „Комуналец“ од петокот до вчера во доцните попладневните часови ги расчистуваше тротоарите и споредните улици од мразот. - Се работеше вонредно и брзо...

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се активни осум пожари, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот над село Селце, кој...