Во Дебар тројно убиство на сопружници и нивната малолетна ќерка


Дебар, 27 август, 2018 - 9:11 (META) 

Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека врши увид во приватна куќа во Дебар каде што се пронајдени безживотни тела на три лица.

Според првичните сознанија на обвинителството, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија. Сторителот засега е непознат.

Надлежен јавен обвинител е на терен и работи на откривање на сторителот и на утврдување на мотивите. Издадени се серија наредби за прибирање траги од лице место, вештачења и претреси.

Според СВР Охрид, случајот во полиција бил пријавен вчера во 20.45 часот како убиство, а убиените се А.П.(54), неговата сопруга Н.П.(53) и нивната 14-годишна ќерка.