fbpx
Таг: трговија

таг: трговија

Во Словенија министрите за земјоделство потпишаа декларација за соработка

На денешниот состанок во Словенија, министрите за земјоделство од Централна и Источна Европа и од Кина кои се дел од платформата за соработка во областа на земјоделството „16+1“, усвоија заедничка декларација за зголемување на трговската соработка. Со оваа декларација тие се обврзаа за преземање на мерки кои ќе ја олеснат трговската соработка, а мерките се однесуваат и на преработка на земјоделски производи,...

Николовски на Форум во Словенија, за да се зголеми трговијата со земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од денеска до 26 август, ќе учествува на 12. „Форум за агро-трговија и економска соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и Кина“, што годинава се одржува во Словенија. На утрешниот состанок, министрите за земјоделство од Централна и Источна Европа и од Кина, ќе ја промовираат иницијативата „16+1“ чиј што дел...

Просечната месечна нето-плата во јуни изнесувала 22.808 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни изнесувала 22.808 денари, а бруто-платата 33.509 денари, објави Државниот завод за статистика. Платата во јуни во однос на лани истиот месец е зголемена за 2,7 проценти. Ваквото зголемување на нето-платата се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (20 проценти), стручни, научни и...

Состојбата во економијата се подобрува, оцени Народна банка

По стагнацијата на економската активност во првото тримесечје, показателите за вториот квартал од годинава упатуваат на подобрување на состојбата на економијата, било заклучено на редовната седница на комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка. „Оваа констатација е поддржана од порастот на индустриското приозводство, по неговото намалување во првото тримесечје, забавувањето на падот на градежната активност, како и по забрзувањето на...

Медведев: САД ни објавија трговска војна, нема веќе надеж

Рускиот премиер Димитри Медведев рече дека САД со воведувањето нови санкции ѝ објавиле трговска војна на Русија и додаде дека нема надеж дека односите на двете земји ќе се подобрат. Медведев е уверен дека тие мерки нема да имаат смисла и дека Русија и без разлика на санкциите, ќе има можност да се развива. - Прво, надежта дека ќе се подобрат...

Катар поднесе жалба до Светската трговска организација против три арапски земји

Катар поднесе жалба до Светската трговска организација против три од четирите арапски земји што ги прекинаа дипломатските односи со Доха. Во жалбата се наведува дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги кршат законите и договорите за трговија. Тие три земји заедно со Египет на почетокот на јуни ги прекинаа дипломатските односи и сообраќајни врски со Катар, обвинувајќи дека оваа држава...

Зголемување на прометот на храна, пијалаци и на тутун во трговијата на мало

Во трговијата на мало, во јуни годинава во однос на истиот месец лани, зголемување на прометот е забележано кај храната, пијалаците и кај тутунот за 6 проценти, како и кај горивата за автомобили за 8,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Намалување на прометот во трговијата на мало е забележано во групата непрехранбени продукти, освен гориво, за 9,3 проценти.

Бектеши – Дукс: Унгарски компании заинтересирани за проекти во Македонија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс. Дукс го информирал Бектеши дека многу унгарски компании биле заинтересирани да учествуваат во спроведувањето на различни проекти од областа на инфраструктурата, енергетиката и на туризмот во Македонија. Економската соработка меѓу двете земји е во постојан пораст и трговската размена е зголемена двојно. „Двајцата соговорници изразија задоволство...

Извозот и увозот во првите два месеци се зголемени во однос на лани

Извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-февруари 2017 година, изнесува 747.106.000 долари и бележи пораст од 7,2 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.014.149.000 долари што е за 10,8 проценти повеќе во споредба првите два месеци лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари- февруари 2017 година, изнесува 267.043.000 долари. Трговската...

Азески: Блокадите на Евзони негативно влијаат врз економијата и на двете земји

Блокадите на граничниот премин Евзони негативно се одразуваат врз економско-финансиското работење на стопанството во Македонија, а негативни ефекти чувствува и стопанството во Грција, пишува во писмото на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, до претседателот на Унијата на грчките трговско-индустриски комори, Константин Михалос, како и до амбасадорот и шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, Димитриос...

Стопанската размена меѓу Македонија и Унгарија надминува 150 милиони евра

Македонија и Унгарија соработуваат во повеќе сфери, пред сè, во економијата, образованието и во науката, вели заменик-министертот за надворешни работи, Илија Исајловски. – Интересот за соработка во економијата од двете страни е значително поголем, особено преку зголемената трговска размена, која, колку за илустрација, минатата година надмина 150 милиони евра. Во изминатите повеќе од 20 години, благодарение на посветеноста од двете страни...

Меркел ќе бара од Трамп договори за прашања поврзани со трговијата и со воените трошоци

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека од новиот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе бара да бидат постигнати договори поврзани со прашања за трговијата и за воените трошоци, додавајќи дека ќе работи на зачувување на врските меѓу Европската Унија и САД, кои се многу важни, јавуваат светските агенции. Меркел рекла дека Доналд Трамп јасно ги истакнал своите уверувања во својот...

ЕЛЕМ: Трошењето струја е зголемено за 30 проценти во однос на последните пет години

Поради екстремно ниската температура, регистрирана е 30 проценти поголема потрошувачка на електрична енергија во однос на истиот период за последните пет години, се вели во соопштение на АД ЕЛЕМ. -  Сите расположливи капацитети за производство на електрична енергија на АД ЕЛЕМ се ставени во погон. Дел од количествата се обезбедуваат на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од...

ССК: Приватниот сектор во фокусот на „Недела на ЦЕФТА“

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) е панелист на конференцијата „Недела на ЦЕФТА“, која годинава се одржува во Подгорица, по повод 10-годишнината од формирањето и од потпишувањето на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Главни негови цели се усогласување на економските односи меѓу државите преку развој на трговијата, комерцијалните активности, зголемувањето на животниот стандард и обезбедување на подобри можности...

ЕУ на чекор од потпишување на договорот за слободна трговија со Канада

Сојузната влада на Белгија доби согласнот од сите регионални влади за потпишување на договорот за слободна трговија (ЦЕТА) меѓу Европската Унија и Канада, потврди белгискиот премиер Шарл Мишел. Белгиската сојузна влада мора да добие согласнот од сите регионални влади за потпишување на овој договор за кој Канада и ЕУ преговараат седум години. Премиерот Мишел изјави дека лидерите на белгискиот регион и јазични заедници...

Азески: Сè додека има мито и корупција, нема олеснување на трговијата

„Олеснување на трговијата нема да има сè додека не се елиминираат митото и корупцијата. Институциите мора да се заложат за откривање на причините на ваквата појава и за нејзино целосно искоренување“, истакна претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески, на регионалната конференција „Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“, која денеска се одржа во Скопје. Во таа насока се и четирите барања...

Одбележани 10 години од потпишувањето на договорот за слободна трговија ЦЕФТА

Во рамките на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) досега е постигната целосна либерализација во трговијата со земјоделски производи, се финализира процесот на преговори за олеснувања во трговијата, а во завршна фаза се преговорите за поширока либерализација на трговијата со услуги. Ова денеска го истакна министерот за економија, Дритон Кучи, на одбележување на десетгодишнината од ЦЕФТА. Основата на договорот е олеснување...

Домашниот економски пораст забавува

Во првото тримесечје домашниот бруто-производ оствари реален годишен пораст од 2 проценти, додека на квартална основа е забележан пад од 0,8 отсто, објави Народна банка во кварталниот извештај. Од аспект на структурата на порастот, носечки сектори во првиот квартал се градежништвото, чиј пораст главно се поврзува со активностите во доменот на патната инфраструктура, и секторите трговија, угостителство и транспорт и сообраќај. - Трет...

Во Црна Гора една третина од странските компании се со руска сопственост

Во Црна Гора минатата година имало 4.190 активни странски компании, соопшти црногорскиот завод за статистика Монстат. Најголем дел од странските сопственици биле со потекло од Русија 32 проценти, Србија 18,7 проценти и Босна и Херцеговина 4,9 проценти. Најголем дел од странските компании се наоѓаат во Подгорица, Будва и Бар и се занимаваат со трговија на големо и мало, градежништво, научни и технички дејности и...

Министерот Дритон Кучи се сретна со директорот на УСАИД, Џејмс Стајн

Mинистерот за економија, Дритон Кучи, денеска се сретна со директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн. На средбата, која се одржала на барање на Стајн, се разговарало за досегашната успешна соработка што УСАИД ја има со Министерството за економија. Министерот Кучи ја потврдил својата безрезервна поддршка за продолжување на соработката во иднина и му се заблагодарил на директорот Стајн за поддршката што...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...