fbpx
Таг: трговија

таг: трговија

Пад на извозот и пораст на увозот во првите два месеца од годинава

Вкупната вредност на извозот на стоки во првите два мееци од годинава изнесува 1.075.052.000 долари и бележи пад од еден отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.416.730.000 долари, што е за 1,3 проценти повеќе во споредба со првите два месеца лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари...

Народна банка очекува поволни движења во економијата при пораст на индустријата

Проценетите официјални податоци за домашниот бруто-производ (БДП) за четвртото тримесечје од минатата година покажуваат солиден економски раст од 3,7 проценти, на годишна основа, кој што е повисок од очекуваниот со октомвриските проекции, инфромираат од Народна банка. „Од аспект на структурата на растот, подобрите остварувања главно се објаснуваат со повисокиот раст на личната и јавната потрошувачка во однос на очекувањата од...

Кина ја претрка Србија во петте наши најголеми трговски партнери (инфографик)

Во јануари 2019 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, нашата земја најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Бугарија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Со влегувањето во групата топ пет трговски партнери на нашата држава Кина и го зеде местото на Србија, која традиционално се јавуваше во оваа група. Вкупната вредност на извозот на...

За олеснување на трговијата и транспортот, 26,2 милиони евра заем од Светска банка

За да се намалат трошоците за трговија и да се зголеми ефикасноста на транспортот, Министерството за финансии во име на Владата ќе склучи договор за заем со Светска банка во износ од 26,2 милиони евра, информираат од таму. Договорот ќе биде потпишан по донесувањето на Закон за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој по Договорот за заем за...

Грција трета на листата најголеми странски инвеститори во Македонија (инфографик)

Ќе донесе ли имплементацијата на Преспанскиот договор заживување на економските односи меѓу Македонија и Грција е прашање што се заслужува внимание, имајќи предвид што стопанствениците од двете земји досега повеќепати укажувале дека спорот за името создава пречки за нормално функционирање на економските врски и потпишување договори за олеснување на соработката. И покрај политичките недоразбирања, податоците на Народната банка за периодот 1997-2017...

Трговска војна помеѓу Србија и Косово во пресрет на новата рунда дијалог во Брисел

Одлуката на владата на Косово да го зголеми данокот на увоз на роба од Србија и Босна и Херцеговина за 10 отсто, предизвика критики од Белград кој побара итна реакција на меѓународната заедница, во очи на новата рунда дијалог со Приштина која е закажана утре во Брисел. Оданочувањето на увозот од Србија и БиХ, Владата на Косово го образложи како...

Размената со Русија падна за 13 проценти, причините не се политички туку економски

Трговската размена помеѓу Македонија и Руската Федерација бележи опаѓање од 12,7 отсто, што е помалку за 9,3 милиони долари во однос на истиот период од минатата година, беше истакнато на трибината на Македонско-руската стопанска комора и еднодновната обука на тема „Особености на рускиот пазар и стратегија на успех (потенцијал, можности, реализација)“. Исто така, загрижувачки е што македонскиот извоз е намален за...

Извозот во првите шест месеци со пораст од 26,5 проценти

Во првите шест месеци, извозот бележи пораст од 26,5 проценти и изнесува 3.323.298.000 долари, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока во истиот период изнесува 4.441.172.000 долари и бележи пораст од 24 проценти. Трговскиот дефицит, во првите шест месеци е 1.117.874.000 долари, a pокриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 74, 9 проценти. Во увозот...

Во првиот квартал, БДП со пораст од 0,1 отсто

Домашниот бруто-производ во првиот квартал годинава забележал стапка на пораст од 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика.  Во првото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите уметност, забава и рекреација од 12,1 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со...

Анѓушев и Љајиќ ќе ја олеснуваат трговијата помеѓу Македонија и Србија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев кој денеска е во официјална посета на Србија, одржа состанок со потпретседателот и министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ. Вицепремиерите, како што соопштуваат од кабинетот на Анѓушев, се договориле Владите до 30 јуни да ги потпишат и ратификуваат Меморандумот за соработка во областа на безбедност на храна и ветеринарнство и Меморандум за фитосанитарна соработка,...

Бектеши ги презентираше условите за инвестирање пред словенечките бизнисмени

Министерот за економија, Крешник Бектеши заедно со министерот за економија и технологија на Словенија, Здравко Почивалшек учествуваа на македонско-словенечкиот бизнис форум на кој присуствуваа над 100 компании од двете земји, организиран во рамки на официјалната посета на нашата земја од страна на владината делегација од Словенија, предводена од премиерот Миро Церар. Бектеши пред бизнисмените од Словенија ги презентираше условите и поволностите...

Николовски – Пелеши: Додека чекаме да влеземе во ЕУ, да ја зголемиме трговијата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и неговиот колега од Албанија, Нико Пелеши денеска во Охрид разговарале за можноста за зголемување на трговијата, за системот на следење на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското Езеро. „Отворивме повеќе прашања кои и претходно се отворале, но немало резултат. Разговаравме...

Во Москва прославена 13-годишнината од Македонско-руската стопанска комора

Македонско-руската стопанска комора и нејзината активност во сите овие изминати години придонесе за пораст на економската соработка меѓу двете земји и за успешен влез на низа македонски производи на рускиот пазар, рече Димитри Бистров регионален директор на одделот за Меѓународна соработка на Стопанската комора на Руската федерација, со која Македонско-руската стопанска комора има партнерски однос. На одбележување на 13-годишнината од основањето...

Кина со повик до светот да се здружи против САД

Кинеските државни медиуми денеска ги повикуваат државите во светот „цврсто да се постават“ против „протекционистичките“ мерки на Вашингтон. „Бидејќи се чини дека САД и понатаму ќе се однесуваат на таков начин, другите држави би требало да престанат да се надеваат дека ќе бидат поштедени од нивните протекционистички потези и да бидат цврсто поставени против САД“, пишува „Чајна дејли“. Можеби американските царини...

НБРМ: Економијата закрепнува по падот во првата половина од 2017 година

Економијата во четвртиот квартал од 2017 година закрепнала со подобро темпо во однос третиот, било заклучено на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка. „Во однос на активноста во економијата, по падот во првата половина на 2017 година и умереното закрепнување во третиот квартал, во четвртиот има закрепнување со нешто подобро темпо. На ваква констатација посочуваат податоците...

Ќе зајакне соработката помеѓу Македонија и Албанија во борбата против тероризмот

Министрите за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски и на Албанија, Фатмир Џафај денеска во Охрид потпишаа протокол за соработка во областа на тероризмот, информираа од МВР. „Целта на протоколот е зајакнување на полициската соработка во борбата против тероризмот и финансирањето тероризам, првенствено преку размена на информации за поединци и групи вклучени во вакви активности, како и спроведување на заеднички...

Грчкото електростопанство ја купува ЕДС на вицепремиерот Анѓушев

Грчката национална компанија за производство на струја, „Паблик пауер корпорејшн“ ППЦ (Public Power Corporation) ја почнала постапката за купување на компанијата „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС) на вицепремиерот Кочо Анѓушев, информираат од компанијата. Од таму се додава дека, постапката за целосно купување на групацијата ЕДС со сите нејзини подружници на Балканот, ќе се реализира откако одобрение за тоа ќе издаде македонската Комисија...

Македонија и Бугарија договорија и потпишаа меморандуми за соработка во битни сектори

Владите на Македонија и на Бугарија денеска во Струмица, по заедничата меѓувладина седница, потпишаа серија спогодби за соработка од областа на одбраната, телекомуникациите, туризмот, енергетика и на економијата. Министрите за одбрана, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов, потпишаа Протокол за соработка во спроведувањето обуки за припадници на АРМ во воентите школи во Бугарија и за интензивирање на соработката. Со потпишување меморандум, министерот...

Македонија, дел од алијансата против трговијата со опрема за мачење и за смртни казни

Македонија од вчеравечер е членка на меѓународната алијанса за запирање на трговијата со производи кои се користат за извршување смртни казни и за мачење. Меѓународната група е формирана за време на 72. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, кое се одржува оваа недела во Њујорк, а на иницијатива на Европската Унија, Аргентина и на Монголија. Во алијансата членуваат 58 држави...

Невработеноста во второто тримесечје изнесува 22,6 проценти

Стапката на невработеност во второто тримесечје од годинава изнесува 22,6 проценти и бележи намалување од 0,3 отсто во однос на претходниот квартал, објави Државниот завод за статистика. Објавените податоци покажуваат дека бројот на активното население во второто тримесечје изнесува 955.699 лица, од кои вработени се 739. 892, а 215.807 лица се невработени. Меѓу невработените, 62 проценти или 133.766 лица се мажи, а 38...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...