fbpx
Таг: трезор

таг: трезор

Мијалков доби ослободителна пресуда за „Трезор“

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, денеска доби ослободителна пресуда за случајот „Трезор“. Како што кажа судијката која го водеше предметот, јавниот обвинител не докажал дека обвинетите го сторите делото за кое се обвинуваат. Нема пресуда и за Горан Грујевски и Тони Јакимовски, а поради застареност запре постапката и против обвинетиот Небојша Стајковиќ. Предметот „Трезор“ се однесуваше на злоупотреба на пари...

„Трезорот не е хакиран“ – Министерството за финансии ја демантира Арсовска

„Не е вистина дека е хакиран, трезорот работи“, велат од Министерството за финансии, откако градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска завчера на седница на Совет на Град Скопје рече дека ниту една институција не може да си наплати побарувања, бидејќи имало хакерски напад врз Министерството за финансии.  „Зошто никој не зборува за хакерскиот напад на Министерство за финансии, три недели...

Одбраната на Мијалков во случајот „Трезор“ тврди дека обвинението е неосновано

Во завршните зборови за случајот „Трезор“, одбраната на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков истакна дека обвинението е неосновано и од него не може да произлезе кривична одговорност. Адвокатот Петар Василев ги побиваше наводите дека Мијалков лично бил во Лондон, каде што наводно преговарал со претставници на ГАМА и договарал набавка на опрема од оваа компанија. На...

Обвинителот Ајро побара затворски казни, конфискација на имот и да се плати штетата во случајот „Трезор“

Oбвинителот Артан Ајро во завршните зборови за случајот „Трезор“ денеска побара судијката Џенета Бектовиќ на обвинетите лица да им изрече казни затвор но и конфискација на имот, бидејќи како што истакна тој, обвинетите кривичните дела ги сториле од лукративен карактер. Покрај затворски казни во пресудата, Обвинителството од Основниот кривичен суд-Скопје побара обвинетиот Сашо Мијалков да го задолжи да надомести износ...

Во Судот се слушнаа четири „бомби“ за „Трезор“, следно рочиште на 10 септември

На денешното рочиште за случајот „Трезор“ се слушаа четири снимки од прислушувани разговори предложени од СЈО, а кои се однесуваат на фирмата „Финси“ и набавката на опрема наменета за МВР. На снимките се слушаат разговори од 2010 и 2011 година меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски, Сашо Мијалков и Влатко Мијалков и на Влатко Мијалков и Саша Глишиќ. Одбраната на обвинетите...

Мијалков на судењето за „Трезор“ се изјасни како невин

Поранешниот директор УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет во случајот „Трезор“ на СЈО на денешното рочиште во Кривичниот суд рече дека го разбрал обвинението, но дека не се чувствува виновен. -Не сум виновен - рече Мијалков во судницата, а истото го изјавија и Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски. Сите тројца рекоа дека разбрале за што се обвинети, но дека не...

На Грујевски ќе му се суди во отсуство за „Трезор“

По четири месеци одлагање, почна судењето за предметот „Трезор“ на СЈО. На обвинетиот ексначалник во УБК Горан Грујевски ќе му се суди во отсуство. На обвинителната клупа се и Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК, заедно со Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на неговиот кабинет. Судискиот совет со кој раководи судијката, Џенета Бектовиќ одлучи да не го чека известувањето на...

Нови рочишта за предметите „Титаник 3“ и „Трезор“,

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на СЈО „Титаник 3“ и „Трезор“. Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“. Обвинетите на претходните рочишта кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвинителката Фатиме...

Завршни зборови во судењето за луксузниот „мерцедес“, рочишта и за „Трезор“ и за „Шпион“

Во Основен суд Скопје 1, денеска повторно судиите и обвинителите се со пополнет распоред, бидејќи ќе се одржат три рочишта од најзначајните судски процеси. Во случајот „Тенк“, во кој, за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, треба да бидат изнесени завршните зборови...

Во Кривичен рочишта за „Труст“, „Трезор“ и „Тарифа“, се очекуваат Мијалков и Кочан

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат три судења за случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 10 часот ќе почне судењето за случајот „Трезор“, во кој е обвинет поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, половина час подоцна ќе почне судењето за „Труст“, во кое обвинет е бизнисменот Сеад Кочан, а во 11 часот почнува...

Судењето за „Трезор“ одложено, ќе се чека екстрадиција на Грујевски од Грција

Судијката Џенета Бегтовиќ го одложи судењето за случајот на СЈО „Трезор“ за 29 март, оставајќи простор за завршување на екстрадицоната постапка за второобвиниетиот Горан Грујевски заради, како што рече, економично и целисходно водење на постапката. Останатите обвинети во случајот, поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот помошник министер Небојша Стајковиќ и екс шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, беа...

Судењето на Јанкулоска и Груевски за „Тенк“ на 30 јануари, на Мијалков за „Трезор“ на 5 февруари

Судечките совети кои постапуваат по случаите „Тенк“ и „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство ги одредија термините за главна расправа, соопшти денеска Кривичниот суд во Скопје. Како што информираат оттаму, судењето за „Тенк“ е закажано за 30 јануари, а главната расправа за „Трезор“ за 5 февруари, следната година. Инаку, првообвинета во случајот „Тенк“, кој се однесува на набавката на „мерцедесот“ од близу...

Одобрено обвинението за Мијалков и за Грујевски за „Трезор“

Советот за оценка на обвинителниот акт при Кривичниот суд го одобрил обвинението за случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство. Во случајот обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујевски, поранешниот шеф на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски, и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Сајковиќ. Според СЈО, осомничените преку фирмата „Финзи“, со која во еден период...

„Шпаркасе“ спроведува истрага заедно со МВР за кражбата од сефовите на банката

„Шпаркасе банка“ - Македонија попладнево испрати соопштение до јавноста дека продолжува со редовно работење со сефовите, откако МВР соопшти дека пет граѓани пријавиле исчезнување на предмети и на пари од сефовите во објект на банката. Како што извести „Нова ТВ“, откако беше објавена информацијата за исчезнувањето вредни предмети и пари од сефовите, пред банката се создал метеж од клиенти кои сакале...

Им ги испразниле сефовите на пет граѓани во „Шпаркасе банка“

Пет граѓани пријавиле во СВР Скопје дека од сефови што ги изнајмиле во „Шпаркасе банка“ им биле одземени пари и предмети. Како што извести полицијата, за настанот бил известен и јавен обвинител и се спроведува истрага.

За милионскиот грабеж во НЛБ, поднесени обвиненија против осум лица

Основното јавно обвинителство - Скопје до Основен суд Скопје 1 поднело обвиненија против осум лица, вработени во НЛБ, за кражбата на околу три милиони евра од трезорот на банката. Со обвиненијата се побарани и мерки за обезбедување присуство, односно за првите тројца обвинети е побарано продолжување на притворот, а за едно лице е определена мерка за претпазливост. Обвинителството утврдило дека во...

Парите од НЛБ отишле во Србија, тројца му помагале на Бобан С. во грабежот

Единицата за економски и за компјутерски криминал на МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против уште три лица осомничени дека биле вмешани и му помагале на Бобан С. во грабежот на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за братот на Бобан С., 44-годишниот Г.С., потоа 24-годишната Е.П.,...

Љупчо Шврговски ќе го брани Бобан С. за кражбата на 3 милиони евра од НЛБ

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски му е адвокат на 40-годишниот Бобан С., осомничен за кражбата на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје. Информацијата за „Мета“ ја потврди самиот Шврговски. - Да, јас сум му адвокат - ни рече Шврговски, но не сакаше да коментира ништо во врска со случајот. Бобан С., осомничениот за најголемата кражба во историјата на независна Македонија, трезорот...

Кражбата на околу 3 милиони евра од НЛБ, најголем грабеж во историјата на Македонија

Случајот од вчера, кога вработен во НЛБ украл речиси 3 милиони евра во франци и во евра од трезорот на банката, е најверојатно најголемиот грабеж во историјата на суверена Македонија. Вечерта едно лице било приведено за овој грабеж, со што случајот влегува во друга интересна статистика - еден од најбргу расчистените грабежи во поновата македонска историја. Во МВР не сакаат...

Приведено едно лице за кражбата на речиси 3 милиони евра од НЛБ

Едно лице е приведено во врска со грабежот во НЛБ вчера, на крај на работното време, при што беа украдени речиси три милиони евра од трезорот на банката, соопшти СВР Скопје. Случајот го пријавил директорот на трезорот на банката, вчера во 16.58 часот. Тој кажал дека нивниот вработен Б.С.(40) од Скопје извршил тешка кражба од трезорот на банката. Тој, според пријавата,...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...