fbpx
Таг: трансплантација

таг: трансплантација

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на луѓето да донираат органи за трансплантација, пренесе германската новинска агенција ДПА. Претходните донаторски картички кои претходно беа воведени, ќе ја задржат својата важност, но во иднина секој граѓанин на возраст над...

Еден донор спаси четири животи – извршена трансплантација на срце, бубрези и црн дроб

Во текот на вчерашниот ден направена е уште една трансплантација на органи во која еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, соопшти Министерството за здравство. Министерот за здравство Илир Демири се заблагодари на семејството на донорот...

Обуки за медицинскиот персонал што работи на трансплантации

Во моментот, во тек е едукација и обука на здравствениот персонал вклучен во Програмата за трансплантација, како и активности за зголемување на јавната свест за донирање органи, изјави денеска министерот за здравство д-р Илир Демири. Тој присуствуваше на стручен состанок посветен на подобрување на Националниот систем за трансплантација. Во своето излагање, упати благодарност до сите експерти кои во континуитет даваат стручен...

Oдбележана 500-та трансплантација на бубрег во земјава

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска беше во посета на Универзитетската клиника за урологија, по повод 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство. Трансплантацијата е извршена во декември, а 25-годишната пациентка на којашто ѝ е пресаден бубрегот ќе биде отпуштена од болница. „Упатувам огромни честитки до директорите на клиниката, до националниот координатор за трансплантација и целиот стручен тим за одличните...

Направена уште една трансплантација на срце и на бубрези

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека направена е уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава. Тој кажа дека благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеало да собере храброст и да се одлучи да спаси тројца пациенти кои добиле здрави органи и шанса за нов живот. „Упатувам...

Во Њујорк за првпат извршена трансплантација на цело око

Хирурзи во Њујорк за првпат во историјата успеаја да извршат пресадување на цело око на човек, иако не е сигурно дали пациентот со сигурност ќе го поврати видот на окото, пишува Би-би-си. 46-годишниот Арон Џејмс е пациентот врз кого е извршена трансплантацијата. Претходно тој преживеал силен електричен удар, а половина од неговото лице било подложено на оперативни зафати и трансплантација. Експертите...

Тимот што трансплантираше црн дроб еден од добитниците на Државната награда „23 Октомври“

Тимот што трансплантираше црн дроб на крајот на минатата година за првпат во земјава, ја доби Државната награда „23 Октомври“, соопшти Министерството за култура. Признанието на тимот составен од проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска ја доби наградата во категоријата „Наука и образование“. Вториот добитник...

Пресадено срце од утрово почна да чука во градите на 40 годишен пациент

Од рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Во Државната кардиохирургија синоќа беше изведена деветта по ред трансплантација на срце во македонското здравство. Како што информираат во Министерството за здравство, нова шанса за живот добил и пациент на кој му бил пресаден црн дроб, а кој претходно имал хронична црнодробна болест....

Втора трансплантација на црн дроб на Хируршките клиники

Откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, соопшти Министерството за здравство. „Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе...

Здравство во 2022 година: Годината мирна, болестите – хронични

Во здравството минатата 2022 година ја одбележаа низа случувања, од кои првиот беше промената на министрите уште во јануари. Така, наследник на Венко Филипче, кој го водеше ресорот четири години, стана Беким Сали од политичката партија Алтернатива. Во текот на целата година, како и неговиот претходник, Беким Сали мораше да се справува со пандемијата која сè уште е во тек....

Првиот пациент со трансплантиран црн дроб од починат донор заминува дома

По три недели поминати во болница, пациентот на кој му беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, денеска заминува од Клиниката за Дигестивна хирургија во добра состојба, со здрав орган и со шанса за нов живот, информираат од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. „Среќен сум што сум денес овде со вас и со моите колеги со кои...

Изведена првата трансплантација на црн дроб од починат донор во земјава

На Клиниката за дигестивна хирурија, денеска беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, која е прва во историјата на македонскотo здравство, соопштија попладнево во Министерството за здравство (МЗ) на нивната фан-страница на Фејсбук. Станува збор за шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб, кој доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт, чие семејство...

Во третата трансплантација годинава, двајца млади пациенти ќе добијат бубрези од починат донор

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од почината дарителка, чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, соопшти Министерството за здравство. Националниот координатор, д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори, заедно со екипите од Клиниката за неврохирургија,...

На Клиниката за Ортопедски болести направена е првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад 34 годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор. Операцијата која траеше неколку часа на Клиниката за Ортопедија  ја изведе ортопедскиот хирург д-р Алан Андоновски заедно со неговиот тим од клиниката. „Се работи за ревизија на...

Извршена е првата трансплантација на генетски модифицирано срце од свиња кај човек

Дејвид Бенет е името на американскиот државјанин кој стана првиот човек во светот кому му беше извршена трансплантација на генетски модифицирано срце од свиња, пренесува Би-би-си. Седумчасовната операција која се изврши во Балтимор од страна на тим доктори од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд беше единствената и последна шанса за да се спаси животот на Бенет кому претходно му...

Филипче: Со oвој чин на човекољубие, семејството подари живот на други пациенти

Во текот на утринските часови беше извршена петтата трансплантација на срце во нашата земја. Со овој чин е спасен човечки живот, а со трансплантација на бубрези, подобрен ќе биде квалитетот на живот на уште двајца други пациенти. Министерот Венко Филипче, се заблагодари на семејството на 42 годишната пациентка-донор на органи. - Таа имаше спонтано крварење во главата и имаше мозочна...

Клиниката за хематологија успешно одвоила матични клетки од дете за пресадување на близок роднина

Министерството за здравство (МЗ) извести дека на Универзитетската Клиника за хематологија, во соработка со Универзитетската Клиника за детски болести денеска се реализирала афереза (одвојување) на периферни матични клетки од деветгодишно дете, кои ќе се искористат за лекување за неговата сестра, која боледува од акутна леукемија и на која ѝ е потребен третман со трансплантација на матични клетки. „Со оваа соработка...

На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор

На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќни часови, информираат од Министерство за здравство. „Благодарение на хуманоста на семејството на донорот и нивната одлука да се донираат органите, двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Министерот за здравство Венко Филипче упатува неизмерна благодарност...

На Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат дарител

Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат дарител. „Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт. Рано утрово заврши трансплантацијата на срце кај пациент кој подолго...

Извршена четвртата трансплантација на срце, органот земен од 44-годишна дарителка

Рано утрово срцето на 44 годишна пациентка чие семејство несебично ги донирало органите, почна повторно да чука, по извршената четвртата трансплантација на срце во земјава, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на својата офицјална Фејсбук-страница. „Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...