fbpx
Таг: транспарентност

таг: транспарентност

Владата се пофали дека објавила документи што со закон е должна да ги објави

Владата на својата официјална интернет-страница денеска објави десетици документи и информации кои се однесуваат на работата на Генераниот секретаријат, кабинетот на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и на работата на уште неколку министри без ресор. Од Владата дека велат дека ова е „во насока на зголемување на транспаретноста и на отчетноста“. „На интернет-страницата на Владата првпат се...

Поповски: Создаваме услови за целосна независност и професионализација на МРТВ

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска се сретна со Харлем Дезир, претставник за слобода на медиумите на ОБСЕ, придружуван од делегација на ОБСЕ. Дезир ја поздравил отвореноста на Владата за носење на новиот закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги низ широка отворена експертска дебата со почитување на мислењата и препораките на ОБСЕ и на ЕК...

Доделени грантови на 18 организации од шест земји во рамки на проектот „Актион СЕЕ“

Вкупно 18 граѓански организации од шест држави добија грантови за имплементација на проекти во времетраење до шест месеци. Организациите од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, во наредниот период ќе адресираат горливи прашања од локален и од национален карактер за да се унапредат доброто владеење и владеењето на правото. Грантовите се наменети за локални граѓански...

„Социетас цивилис“ и „Конрад Аденауер“ ќе го следат спроведувањето на планот „3-6-9“

Во реформскиот процес треба да бидат вклучени сите што носат политички одлуки, без разлика на извештаите кои доаѓаат од ЕУ, изјави претставникот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Јоханес Раи, на денешната прес-конференција посветена на почетокот на проектот за следење на спроведувањето на планот „3-6-9“. - Перформансите на земјата не се доволни за да се премине во следната фаза во ЕУ-интеграциите. Потребно е...

Џафери до Заев: Пратенички прашања може, но по локалните избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери во одговорот на писмото на премиерот Зоран Заев, вели дека пратеничките прашања се предвидени со Деловникот на законодавниот дом и уверува дека тие ќе почнат да се реализираат по локалните избори. „Собранието во Деловникот го има регулирано прашањето на пратеничките прашања, а идејата, односно подготвеноста на Владата за целосна транспарентност и надзор да се овозможи...

Истражување: Судовите во Македонија се најмалку транспарентни во регионот

Отвореноста на судовите и на јавните обвинителства во регионот не е на задоволително ниво, покажа истражувањето за степенот на отвореност на судските органи во регионот, спроведено во шест земји од регионот, во рамки на проектот „Актион СЕЕ – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Во просек, судовите...

Локалната власт има низок степен на транспарентност

Општините во Република Македонија исполнуваат 34 отсто од индексот на отвореност, покажа истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот, во рамки на проектот „Актион СЕЕ“ што го спроведува Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“. „Овој податок е загрижувачки со оглед дека мерењето е направено на обезбедувањето на пристап до информации кои треба да се објавени на...

Димитров ја укина тајноста на податоците за службените патувања на дипломатите

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, донел решение со кое се укинува тајноста на сите документи што се однесуваат на службените патувања на шефот на дипломатијата и на сите вработени во МНР, соопшти денеска МНР. Ова значи дека документите поврзани со службени патувања на вработените во Министерството за надворешни работи повторно стануваат информации од јавен карактер, односно медиумите и јавноста ќе имаат...

СДСМ: Миноски сака да ги задолжи граѓаните со нови 4,1 милиони евра

Порачуваме дека Кирил Миноски е должен да излезе и да им објасни на граѓаните зошто сака да ги задолжи со нови 4,1 милиони евра, велат од СДСМ. Оттаму додаваат дека „најавеното задолжување од овие 4,1 милиони евра доаѓа само еден ден откако Министерството за финансии реализираше аукција за плаќање на доспеаните обврски“. „Денеска од Министерството за финансии е најавена нова аукција за...

Тевдовски: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме најниска плата од 12.000 денари

Најниската плата во првата година од мандатот ќе ја зголемиме на 12.000 денари, ќе обезбедиме по 20 милиони евра годишно за поттикнување на малите и на средните бизниси, а сите институции и јавни претпријатија ќе мора да даваат отчет еднаш месечно за тоа како ги трошат парите од државниот буџет, порача денеска на прес-конференција Драган Тевдовски, претседател на комисијата...

Инвестициите служеа за пропаганда, треба да се знае колку се субвенционирани

Ако реализираните странски инвестиции во земјава ги гледаме квантитивно, од тоа што сме очекувале и во однос на тоа што е остварено, тогаш не е големо разочарувањето. Но, квантитавните индикатори, како што се бројот на вработувања или реализирани инвестиции, не зборуваат многу. Важен е квалитетот на инвестициите, новата вредност што ја создаваат, какво е нивното секундарно и терцијално влијание во синџирот на...

Спасовски: Граѓаните ќе бидат контролори на буџетот

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи во преодната влада, Оливер Спасовски, денеска во Охрид рече дека секој граѓанин во секое време ќе има можност да изврши увид во буџетот и дека секој ќе биде контролор на власта. - Секој буџетски денар мора да биде на ваш увид и тоа многу бргу ќе се случи. Времето на неодговорни...

Институциите затворени, а граѓаните отсечени од носењето одлуки

Има многу инструменти и механизми со кои граѓаните и граѓанските организации можат да учествуваат и преку кои можат да придонесат во доброто владеење, но не ги користат затоа што не знаат дека постојат, а и не им се дава доволно време да ги искористат. Ова е заклучокот од дискусијата и од работилницата за состојбата со доброто владеење и препораките...

Со нова веб-платформа граѓаните ќе се информираат како се трошат нивните пари

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари и на среден рок владите ќе бидат принудени да даваат повеќе информации, бидејќи на тој начин може да се зборува за здраво и демократско општество. Ова денеска го истакна Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации на конференцијата „Отворени податоци за трошење на јавните средства, искуства од регионот и состојба...

Собранието нема да одлучува за задолжувањата поголеми од 100 милиони евра

Мнозинството пратеници во Собранието на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет го отфрлија предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократски сојуз за измени во Законот за јавен долг. Според измените што ги предлага Трајанов, за задолжувања поголеми од 100 милиони евра ќе треба да одлучува Собранието. - Не може без транспарентна постапка да се зголемува јавниот долг, да нема стратегија...

Саити: Парите ќе се делат на сметка на секој корисник по проценка на штетите

Парите што до сега се собрани во Црвен Крст, (650 илјади евра на двете сметки) стојат на страна и никој не смее да ги чепне без одлука на извршен одбор и без критериуми за поделба, информираше генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити. - За да почнеме да трошиме пари мораме да имаме инструмент со кој ќе ја утврдиме потребата...

„Транспарентност Македонија“: Партизација и непотизам се главни обележја на оваа власт

„Партизацијата на сите институции, непотизмот и кронизмот се главно обележје на владеење на власта во последните десет години, кога голем број блиски роднини, пријатели и партиски послушници се поставени на високи позиции во централната и во локалните власти, спротивно на антикорупциската регулатива. Голема одговорност за ваквото грубо кршење на законите има Државната комисија за спречување на корупцијата, која во...

Нетранспарентоста – најголем проблем во спроведувањето на јавните набавки

Сите балкански држави се соочуваат со слични проблеми кога станува збор за јавни набавки, рекоа претставници од Коалицијата на граѓанските организации „Балкан тендер воч“ (Balkan Tender Watch), на конференцијата „Надзор врз јавните набавки: Ризици од корупција идентификувани од граѓанските организации“. Набавките најчесто се спроведуваат од големи компании и најчесто најниската цена е единствениот критериум. Исто така, институциите многу ретко ги планираат...

ЛДП: Груевски да каже колку тежи неговиот личен и семеен имот

„Минатата недела Либерално-демократската партија излезе во јавноста со соопштение, односно со прашање за поранешниот премиер јавно да каже колку тежи неговиот имот. По 10 поминати дена од тоа соопштение, јавноста сè уште не доби одговор на прашањето колку е богат Никола Груевски“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ. - На веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата не може...

Тевдовски: Треба да градиме цврста основа на домашни претпријатија

Првиот чекор што треба да се направи во ова разголување на власта е сериозно обезбедување на транспаретност во трошењето на парите на граѓаните. Втората работа, во Македонија треба да градиме цврста основа на домашни претпријатија. Странските не се доволни. Наш приоритет се малите и средните претпријатија. Тие мора да добијат многукратно зголемена поддршка од државниот буџет за инвестиции и...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...